Референдумот за ГТЦ не е неуспех!

27.04.2015 01:59
Референдумот за ГТЦ не е неуспех!

Референдумов беше сепак децентрализирана, оптимистичка, граѓанска желба... или се лажам? Некако ми се чини дека сето ова не се случи исклучиво по личната иницијатива на Жерновски.

Ако е така, понатамошната самоорганизираност на сите што се здружија по сопствена иницијатива, за да го дадат својот обол за да создадеме или сочуваме нешто убаво, беше успех.

96 % „За“, се успех. 750 „излези“ повеќе од кои било избори на исто ниво досега, се успех. Вонпартиски. Граѓански.

Геро нека ме одјебе. И нека оди, заслужено, да лови брзопоточни пастрмки, ако така сака. Партиите се легални, а одамна нелегитимни „репрезентативци“ на нашите желби и/или интереси; нам, граѓаните, не само во Македонија, одамна ни е здосадено од институции коишто сопствените интереси ги претставуваат како општи. Еуфемистички „здосадено“.

Преку глава од партискиот ортаклук.

Со овој референдумски неуспех, вонпартиски, учиме како понатаму... без вас... со интернет, ФБ, Твитер и СМС, со Јутјуб и од врата до врата, со мегафони и сите останати хардвер плакати и алатки.

Не се работи за моќта на социјалните мрежи. Туку за желбата да ве заобиколиме или прескокнеме... веќе каков ви е габаритот.

Пленарно, конститутивно или со директна акција. Децентрализирано, тоа сигурно. Бидејќи немаме потреба од вождови. И овој неуспех ни помага да се еманципираме од вас, локално. Други неуспеси ќе ни помогнат да се еманципираме од сите вас, интернационално. И не, ГТЦ нема да го изгубиме. Стиропорот нема трајни вредности.

Аматерски поздрав.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слични содржини

Активизам / Јавни простори
Жарко Трајаноски
Активизам / Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото