Груевски: Битола ќе добие аеродром и космодром

27.04.2015 02:18
Груевски: Битола ќе добие аеродром и космодром

Битола, 27 април 2015

Во делот на реконструирање и модернизација на македонските аеродроми изминативе неколку години реализиравме значителни проекти, а во план е изградба на аеродром во Битола, со што скопјани веќе нема да можат да се заебаваат со вториот град по големина и значење во државава, изјави премиерот Груевски на собирот во Битола.

И ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на инфраструктурата. Веќе работиме на докомплетирање на проектна документација за изградба на космодром во близина на Битола, а веќе во првата половина на 2016 година ќе започнеме и градежни активности во вредност од околу 45 милијарди евра. Од овој космодром ќе се лансираат сите ракети произведени во Македонија, а кои ќе ги носат нашите космонаути на вселенски мисии на Марс, додаде Груевски.

Многу значајна инвестиција, како што рече Груевски, за овој регион ќе биде и изградбата на подземна железница, во должина од 14,5 км и инвестиција од околу 600 милиони евра.

Интензивно работиме и на овој проект, и со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди, со ЕБРД договоривме изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на тунелите. Сакам да најавам дека со таа еколошка студија, која ќе обезбеди еколошка одржливост согласно сите процедури, веќе наесен очекуваме и распишување на постапка за избор на изведувач на градежни работи, и доколку сè е во ред, согласно планот, до крајот на годината ќе започнеме и со изградба на овој значаен инфраструктурен зафат кој конечно ќе ја смести Битола меѓу светските метрополи. Кога ќе ги оствариме сите овие проекти, скопјани се тие што ќе им завидуваат на битолчани, рече Груевски во обраќањето пред насобраните сопартијци кои јадеа сендвичи додека премиерот им се обраќаше.

Груевски најави и отворање на илјада фабрики во битолскиот регион кои целосно ќе ја намалат невработеноста и ќе го кренат животниот стандард на граѓаните. Исто така, тој најави и зголемување на платите од 500%, како и парична помош за сите што нема да ја напуштат Македонија во износ од сто месечни плати, под услов да не си заминат во наредните пет години. Во говорот премиерот спомна и по една жена за секој ерген, како и претворање на реката Драгор во канал по кој ќе течат мед и млеко.

Сè уште не се јасни причините за оваа дарежливост на владата.

Слика: Свирачиња