Ако се плашите да живеете како луѓе, вреди ли животот што го живеете како глувци?

27.04.2015 10:43
Ако се плашите да живеете како луѓе, вреди ли животот што го живеете како глувци?

Драги сограѓани, скопјани, центарци и сите други, се обидовме и не успеавме. Некои од вас се дадоа максимално во оваа битка, и тоа никогаш нема да ви биде заборавено. Но, ќе ми простите што во моментов ќе споделам и мала огорченост околу сето тоа што се случуваше денес и нема да се осврнам на храбрите и одважните, туку ќе ги поздравам сите оние кои потклекнаа, свиткаа кичми, опашки, вратови, глави и сè што им беше на располагање, и не излегоа.

Скопјани мои, државни службеници, администрацијо факултетски образована, на што ги учиш своите деца? Со девизата „за децата го правам ова, да имаат леб да јадат“, на каква лекција ги учиш? Токму тогаш кога те уценуваат да молчиш зашто во спротивно ќе те отпуштат, тепаат, уценат или што и да е -ТОГАШ е знакот дека не треба да молчиш! И покрај сите малверзации што ги направија (со уништување пропаганден материјал, намерно неажурирање избирачки списоци, дезинформирање на јавноста, кинење повеќе ливчиња, билдање на бројката на жители во Центар за реалната излезност да биде процентуално помала) вашето бескичмењаштво исто така се важи. Кога денес проплакав за ГТЦ, морам да признаам дека малку проплакав и за вас, зашто сте такви ко што сте, кукавици. Жал ми падна и за вас, и за тоа што им го правите и на храбрите со вашиот страв. Ако се плашите да живеете како луѓе, вреди ли животот што го живеете како глувци? Еве, не знам, објаснете ми.

Извор: Фејсбук профилот на авторката

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Активизам / Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото