1016 hPa
76 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 07:59
Ѓорге Иванов победи на избори во втор круг со 30.06%, а ГТЦ изгуби на референдум со освоени 38.58% од вкупниот број гласови.
Ѓорге Иванов победи затоа што СДСМ одлучи да не го бојкотира вториот круг од изборите и со тоа му помогна да го оствари цензусот од 40%.
ГТЦ изгуби затоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го бојкотира референдумот за да не се постигне цензус од 50%.
Ако ги мериме според процентите, ГТЦ е подобар од Ѓорге Иванов за цели 8.5%! Ама, ГТЦ изгуби, а Хорхе победи. Не само поради правилата на играта, туку и поради политичката стратегија.
Сите што се бореа и гласаа ЗА референдумот заслужуваат најголеми честитки затоа што освоија 16.807 гласови, повеќе од Пендаровски (16.452) и Жерновски (15.061).
Сепак, тоа не беше доволно, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се послужи со недемократски методи. Како што укажуваше и Ѓорге Иванов во 2004, „Казниво е да се попречува гласањето. Тоа укажува на дефектите во општеството, дека власта ја попречува демократијата.“ Тие што го попречија референдумот, тие што ја попречија демократијата треба да бидат казнети.
Знам дека не е фер, и има многу причини за револт.
Ама револтот е погонска енергија за промени!
Извор: Фејсбук профилот на авторот