Ши Јунг-Чун

27.04.15 11:51

Тајванскиот уметник Ши Јунг-Чун, уметник кој живее и работи во Тајпеј, во своите слики претставува еден свет кој само наликува на обичниот и нормален животен тек. На сликите на Јунг-Чун се претставени чудни, божемно секојдневни сцени, во кои возрасните се окупирани со чудни активности како деца кои се досадуваат и си измислуваат некакви свои игри за време на распуст.

Куклите, животните и малечките фигури се мотиви што често се среќаваат кај Ши Јунг-Чун, а тој исто така вметнува и автобиографски елементи: некои од сцените се сместени во неговата куќа, а самиот тој често се претставува на сликите, заедно со своето милениче, францускиот булдог.

Самиот уметник ги нарекува неговите слики „сапунски опери“, реферирајќи на нивната високо фикционализирана природа.

Извор: www.booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото