Бомба#27: „...се прислушкува цела држава...“

28.04.2015 16:22

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Да. Ало?
ИК: Еј, ги гледам нашиве на Канал 5, алфите како ги снимале. Мислам, Канал 5 како ги снимале алфите. Ексклузивно видео од апсењето на Љубе.
ГЈ: Не сум гледала.
ИК: Јако е. Него, сакав да прашам нешто сеа. Мене ме замоли Васе, овој Доневски, нејќе да досаѓа, а не е ништо посебно. Него, не знам, нашиве проверуваат ли она да лоцираат телефони, имаат таква можност? Имаат ваљда.
ГЈ: Техничка мислиш, или што е работата?
ИК: Па ваљда преку Мобимак. А бе, не му се досаѓа на него, пошто за телефонот од ќерка му...
ГЈ: Што е работата Иво, кажи ми пократко.
ИК: Му украле на ќерка му ајфон, па затоа...
ГЈ: Нека пријави, ќе го лоцираме.
ИК: Не, он пријавил, него ми пушташе и број дали може да го лоцираме.
ГЈ: Може да го лоцираме, ќе го лоцираме.
ИК: На кого да му го препратам?
ГЈ: Ако е уклучен. На Горан јави му се од УБК.
ИК: Готово. Ајде, чао.
ГЈ: Ајде, ајде, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Љупчо Тодоровски Радникот

ГЈ: Да.
ЉТ: Ало.
ГЈ: Еј, Кажи.
ЉТ: Само да виe... вие ќутете си, ја ќе ви кажувам.
ГЈ: Хахаха, кажи.
ЉТ: Во врска со ова вчера шо зборевме за овие што се надвор, а одат по болници, се договоривме со Горанче и со Апостол да ги надгледуваат и оној момент кога ќе искочат, да направат службена белешка и да го информираме судот дека они го напуштаат домот и да дадат наредба да ги приберат.
ГЈ: Добро, супер.
ЉТ: Меѓутоа, тоа е едната. А, другото е, на овој новиот адвокат којшто сега ги брани по...
ГЈ: По службена должност.
ЉТ: По службена должност, му праат притисоци одредени структури, како адвокати, така и овие политичариве од каршија.
ГЈ: Мхм, мхм.
ЉТ: Па ние вчера направивме некои предлози за мерки, ќе ги видите, ќе ви ги донесат сеа.
ГЈ: Важи.
ЉТ: Па да можат да ги... шо се вика, да ги уапсиме и да ги затвориме и ние.
ГЈ: Да де, да. Важи. Сè шо треба за да немаме после...
ЉТ: Сега дечкиве ќе ви донесат ова, ќе го погледате, за мерките...
ГЈ: Ок.
ЉТ: Така да, да ги документираме.
ГЈ: Јас на влада сум, сега не знам од колку саат, би требало брзо да завршам, ама ако е поитно у влада нека ми ги донесат.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

СМ: Абе за ова што викаме за центаров, дали воопшто да го отвараме на 7 мај, ми е мене прашањето.
СМ: Е па, ај ќе видиме. Колку сте спремни...
ГЈ: Знаеш зашто?
СМ: Оти сакаат да дојдат и Израелциве.
ГЈ: Не бе, за спремни мислам дека немаме проблем, него у контекст на другава работа, знаеш. Нели ние викаме, неаме снимки, неаме ова, неаме она, а промовираме таков Центар.
СМ: Па добро, го отвараме после случкава, шо. До тогаш сме немале.
ГЈ: А бе, до тогаш сме немале, него, суштинската разлика е дали нешто до тогаш ќе завршиме со убиствово. Ако завршиме е полн погодок, знаеш.
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Ама, ако не завршиме...
СМ: Не, не, не. Тоа...
ГЈ: Ај да видиме уште ден-два, па ќе се договориме, важи?
СМ: Да, важи, важи, ај.
ГЈ: Да не прејудицираме сеа. Значи, мене ми беше таа грижа.
СМ: Важи.
ГЈ: Ок.
СМ: Ќе те барам на фиксен.
ГЈ: Важи, ајде, чао, чао.


Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Трајко Велјаноски

ТВ: Зборев со Оливер, затоа сакав да ти пренесам, викам е ова.... ја му понудив ова она... и сеа вака да ја кратам, а вика спремен сум сè друго да се повлечам, само за Комисијата им е амандманот...
ГЈ: Ама... ептен лоша е формулацијата бе Трајко, таму ние имаме ставено кога сака без најава Комисијата, нели заради тоа што викаме у полн состав, и сеа ако го избришиме полн состав, нити пишува колку луѓе да дојдат...
ТВ: Не, нивниот амандман, нивниот амандман...
ГЈ: Епа нивниот, нивниот е значи...
ТВ: Како пишува нивниот?
ГЈ: Нивниот вика зборовите полн состав се бришат.
ТВ: Да....
ГЈ: И уште нешто таму се додава... Комисијата носи одлука со мнозинство од гласовите што тоa секако е прашање на Деловник...
ТВ: Да.
ГЈ: Тоа не знам ни зошто го ставаат у закон, ама ајде, нема врска... и тоа значи дека ќе остане дека Комисијата во секое време без најава може да врши проверка...о дносно и еден и двајца членови и тројца...
ТВ: Мхм...
ГЈ: Ја тоа и му реков, викам тоа е партиска Комисија, таков простор оставаме... ама они очигледно го збореле, оти он преѓе, нели прошлиот пат сам беше, сеа дојде со Минчев и со Емилијан...
ТВ: А појачање, а?
ГЈ: Да, појачање, и овие додаваат ова-она, викам абе вие ми се собравте овдека ме нападнавте
ТВ: А тука... ааа така си праевте муабет тука...
ГЈ: Абе ние, знаеш, ја дојдов на Комисија и он седеше надвор, викам Оливер, ај да се видиме да не почнам да ти ги одбивам амандманиве, да знаеме на што сме, и добро, тоа истото ми го кажа, би прифатиле да повлечеме сè, само за Комисијата, викам дај да најдеме викам за Комисијата значи сакам да напраиме и ние чекор и вие чекор негде да се најдеме ама глеам дека ептен тука се цврсто решени, оти они и сега не знам он на кого му вртеше дали на БЦ или на некој друг или па на никој, не можам да кажам, не е ни битно... Не, вика нема, нема кај нас, и у партија сме го збореле тоа, ова-она, и јас видов дека фактички тој амандман е меѓу последните и јас ако стигнам до тој и им ги одбијам сите, може, знаеш, ако не сме договорени, да се добие впечаток дека ништо не прифаќаме и викам ај, викам да подразмислиме уше малку, па дополнително ќе ја закажеме комисијава, и ја мислам да не брзаме со закажување, уше, да напраиме уше некој обид....

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало.
СМ: Еее, Горде, шо има?
ГЈ: Абе кратко, уше една работа. Овие комуњариве, откако заминав јас со Трајко, седнале, пошо знаеш сеа гледаат дека битно ни е да пројде законов, ама и они незгодно ќе поминат со странциве, па Трајко им дал еден предлог, ако го прифатат по мене е океј, практично целиот тој член што се однесува на надзорот на Комисијата да се брише што значи ќе си остане ко до сега.
СМ: Па така е добро.
ГЈ: Така е добро, ние нели ради Европска комисија го стаивме иначе... и фактички трн у здрава нога си стаивме
, а ако ептен не се сложат, па тоа им дал уште една алтернатива, да се избрише тој дел дека ненајавено може да доаѓаат, шо значи пак ко ќе доаѓаат ќе мора да се најават...
СМ: Не, најавено да речеме три пати у годината на пример... нее 200, 3 пати...
ГЈ: Не, ние да пробаме да не доаѓаат воопшто ненајавено...знаеш ко шо сега шо е...
СМ: Не, не... најавено и да речеме два пати, три пати или квартално...ама квартално е многу, не може они да доаѓаат кога ќе им текне, како тоа, кај го има тоа, разбираш... значи да биде...
ГЈ: ...да биде ограничено
СМ: ...најавено и второ да биде ограничено со некоја бројка.
ГЈ: Е сеа тоа со ограничено мислам они тешко ќе го прифатат, оти ич го немавме спомнато до сеа... ама да пробаме.
СМ: Ее, ќе пробаме и готово, да... ќе пројде, ама не, стварно не може они 365 пати да доаѓаат
ГЈ: Не, види, ако треба...
СМ: ...зошто ако не стаиш у закон, ќе дое некој идиот кај мене... Станковиќ и секој ден ќе ни дое таму...
ГЈ: Абе даа, и ќе ти се иживљава....
СМ: И ќе се иживљава... тоа и најавено, ама ќе почне да доаѓа секој трети ден.

ГЈ: Абе, добро, друго е најавено, знаеш, најавено, па ќе му речеш дојди у вторник, не можам у среда, подруго е, ама не е добро да ти доаѓа на 3 дена...
СМ: Не, не, нека има некој број... еднаш... максимум да биде еднаш квартално.
ГЈ: Епа...
СМ: Тоа е максимална бројка.
ГЈ: Ај да видиме и тоа ќе му речам на...
СМ: Тоа е значи квартално, еднаш на 3 месеца, тоа е пречесто, како да ти кажам, ама тоа е вака ја и ти праиме муабет... два пати или три пати у годината на пример...
ГЈ: Абе, ние да им предложиме па ако пројде супер.
СМ: Еднаш-два пати годишно предложи им, да видиме шо ќе кажат.
ГЈ: А тоа ненајавено, мислам, по секоја цена да се трга?
СМ: Не, тоа нејавено не можеме да го прифатиме...
ГЈ: Тоа не може, посебно не може што они не прифаќаат у полн состав, знаеш сеа, не може ни све по наше, ни све по нивно.
СМ: Да...
ГЈ: За да пробаме, да се најдеме негде работава, чисто за тоа сакав за тоа да те апдејтирам, пошо јас само што заминав, нели зборев со тебе, они кај Трајко отишле, што е океј сеа.
СМ: Најбоље e да пројде ова што го вика Трајко.
ГЈ: Види, тоа е идеална ситуација, да се брише и ајт со здравје, па они нека ставаат у деловник дали ќе гласаат со мнозинство или немнозинство, тоа и така ние не може да ги ограничиме..
СМ: Ете така... добро...
ГЈ: Ај да видиме тоа, океј...
СМ: Па ќе се чуеме
ГЈ: Ајде, чао, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало.
СМ: Горде...
ГЈ: Е, кажи...
СМ: И уше една работа, колку време може да трае таа контрола... не да влезат и да трае 12 месеца ха, ха, ха...
ГЈ: Не, они мислам и не може да седат неограничено, може тоа некако со Деловник да го уредат...
СМ: Комисија е тоа не може неограничено да седат... имај го и ова во предвид, да знаеш...
ГЈ: Да, да, ама да не го ставаме во закон... пошо знаеш
СМ: Да, да мислам дека не...
ГЈ: Ако...знаеш ако...
СМ: Нема да трае тоа поише од еден ден.
ГЈ: Знаеш, ако отвориш врата за рок и тука ќе ти преговараат а вака нигде не е...
СМ: Ако отвориме и тоа ќе кажат... а ќе им даеме, ааа така...
ГЈ: Ќе им текне сеа...
СМ: Вака се знае дека контролата е два саата...
ГЈ: ...и политички, дошле, ете бе, бевте и шо видовте, видовте шо видовте, ајт со здравје...
СМ: Ајде чао ајде...
ГЈ: Колку...абе по мене колку помалце пишуе у закон за нас е толку подобро.
 
СМ: Да...
ГЈ: Еве и со ова шо го стаивме, трн си стаивме ама да бараме да излеземе од ситуацијава
СМ: Важи.
ГЈ: Окееј, ајде чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Трајко Велјаноски

ГЈ: Да?
ТВ: Сега зборев министерке...
ГЈ: И шо вика.
ТВ: Му... е вика добро, ај да прашам... вика за она првиот став да се брише и да остане со мнозинство гласови, така беше?
ГЈ: Да де, да.
ТВ: Да...
ГЈ: Ама чекај... ама да има претставник и од власта и од опозицијата, значи да не е она без најава...
ТВ: Не, не, не може така сеа... не зафркавај сеа, не ти прифаќа, не без најава... чекај вака сеа, тие имаат амандман нивни...
ГЈ: Да.
ТВ: Во делот кај шо пишува првиот став е без најава, така?
ГЈ: Не, они бараат, во првиот став пишува... може без најава во полн состав...
ТВ: Да...
ГЈ: ...они бараат полниот состав да се брише...
ТВ: И да остани, првиот став ќе биди без најава...
ГЈ: Да, е тоа нас не ни одговара...
ТВ: Чекај.. .а вториот пишува со мнозинство гласови така?
ГЈ: Да.
ТВ: Е сега од двата става, првиот став без најава е тоа да се тргни, значи ќе мора да се најават, а вториот став...
ГЈ: А втората ја носи со мнозинство, тоа е океј... тоа е и сега така уствари.
ТВ: Па и сега така функционира.
ГЈ: И сега е така, значи они ќе донесат одлука секако, значи ние не можеме да им речеме носете ја со две третини, со деловник го уредуваат тоа...
ТВ: Да.
ГЈ: И нормално е, ќе се најават...
ТВ: Е така...
ГЈ: Како Тито шо праеше, се најавуваше, па ја дур му одговорам, на тоа се сведува...
ТВ: Инаку не можеме да...нема шанси да прифатат да има претставник... со две третини и да има претставник еден од власта.
ГЈ: Не, ама добро вака кога треба со најава, плус нашите таму ќе рипаат, да бидам јас во тимот, да не бидам јас, знаеш....
ТВ: Да, да, да, да...
ГЈ: И друго е, кога е со најава купуваш еден ден, значи он ќе даде изјава, ти ќе дадеш изјава, после ќе видиме... а да е без најава, може буквално он да закаже Комисија тројца да се состанат...
ТВ: Ја им реков...
ГЈ:...и да ти дојдат
ТВ: Значи ја им реков првиот став да се брише, значи...
ГЈ: Целосно, значи да...
ТВ: Целосно да се брише и полн состав и без најава да се брише...
ГЈ: Фактички тогаш ќе остане дека надзор врши Комисијата и дека одлуката за надзор ја носи со мнозинство гласови...
ТВ: Е така..
ГЈ: И толку...
ТВ: Е добро, тоа ќе биде...
ГЈ: А тоа и сега го имаат они во нивниот... у во деловникот и во вашиве закони собраниски...
ТВ: Е така, е така.
ГЈ: Епа ај нека ни пушти абер ако тоа е океј...
ТВ: Е сеа вака, ја му кажав да... викам да оди на тоа, ај да прашам вика со Игор, па после ми се јави за 5 минути, сепак вика ќе треба да прашам у партија, ама мислам дека се расположени... се расположени, мислам дека ќе го прифатат... у секој случај вика до вечер ќе ти вратам.
ГЈ: Супер. Или тоа или па скроз тој член да го избришеме, пак на исто се сведува, носат со мнозинство...
ТВ: Не, не, не сака така... не сака.
ГЈ: Добро, ти кажувам од аспект на суштина исто е.
ТВ: Знам, исто е, тие после у деловникот го решаваат... а деловникот го носат пошто имаат самите мнозинство.
ГЈ: Да, де, да.
ТВ: Да...
ГЈ: Со тоа што нашиве ќе треба да бидат малку поагилни, да одат редовно, тие работи, знаеш...
ТВ: Е така, да.
ГЈ: И тоа е тоа...
ТВ: И понатаму... нема ништо посебно.... сакаше да го политизира со Љубе, тоа беше...
ГЈ: Добро бе види они ко... ко... ко... Анкетна комисија коа има, ќе дојдат еднаш, кај ќе ги однесеш, ќе ги однесеш... и тоа е...
ТВ: Тоа е да, да...

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Трајко Велјаноски

ТВ: А ова твојов закон мора да го онадиме, не смееме да идеме...
ГЈ: Абе мора некако да најдеме за тоа решение .
ТВ: Да...
ГЈ: Ја исто и со овие од кај мене шо се стручњациве, со Сашо коа збориме, не бе, вика нишо да не им прифаќаме, абе викам најубаво е ништо да не им прифаќаме ама не можеме да го донесеме, неаме две третини.
ТВ: Е како ќе го донесеме...
ГЈ: Епа тоа, тоа им објаснувам, вика, знаеш сеа, нормално, они сакаат да си се покомотни у УБК...
ТВ: Е сеа сакаат, и ја сакам...
ГЈ: И јас сакам да се покомотни, оти јас сум министер, по мене стапот ќе биде...
ТВ: И ја сакам овдека демократија да има со 120 пратеници од ВМРО.
ГЈ: Така? хахахаха

ТВ: И да... да... да... да не се...
ГЈ: Не... да се најдеме ако може.
ТВ: Ај ќе зборам со Оливер, па ќе видам.
ГЈ: Ај ти збори, па пушти ми абер, па со Тони да договараме.
ТВ: Важи, договорено...
ГЈ: Океј... ајде, поздрав, чао.
ТВ: Вечер се глеаме така?
ГЈ: Вечер, да, во 7.
ТВ: Добро.
ГЈ: Ајде, чао...

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Никола Попоски

ГЈ: Да.
НП: Еј Горде, здраво. Никола.
ГЈ: Здраво Никола.
НП: Горде, само што излагам од кај човекот сега. Можеш да збориш?
ГЈ: Да бе, да, на работа сум.
НП: Да, а вакво. Направивме муабет значи. Прво за ова што ми кажа ти, му кажав. Ми рече дека се нафаќа да разговара за опозиција да го поддржи ова, измените. Му објаснив дека проблемот е тоа со Комисијата, дека ти имаш во предлогот доставено да може да доаѓа ненајавено, ама комисија.
ГЈ: Да де, полн состав.
НП: ...а не индивидуално, екскурзии да се прават таму. И дека вака може да предизвика проблеми и дека сега тоа е ставено како некоја уцена дали ќе помине законот или не. Вика: разбирам, не би требало да е така. Се нафаќа да прави муабет, значи.
ГЈ: Е па добро, супер.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

СМ: Ало.
ГЈ: Ало, што правиш Сашо?
СМ: Ништо Горде. Еве излегов малце, па на една пијачка, имам некој роденден.
ГЈ: На здравје нека ти е.
СМ: Фала.
ГЈ: Слушај, многу да не те гњавам, една консултација, последна за законов. Јас си ја фатив работава...
СМ: Да, добро.
ГЈ: Значи, комуњариве има шанси да прифатат. Сега и со Трајко зборевме, пошто он од една, ја од друга ги притискаме. Една опција, што мислам дека е океј, ама да се преслушам и со тебе. Практично целиот тој став кај што пишува дека Комисијата ненајавено, во полн состав може да дојде во полн состав во МВР, да го избришеме.
СМ: Да.
ГЈ: Тоа значи дека не е ненајавено, мора да се најават.
Само да, таму има во Законот нели, надзор врши Комисијата формирана од Собрание, во самиот Закон има како е составена. Само да го додадеме тој членот од Деловникот, дека одлуката ја носи со мнозинство гласови, што и сега е така. И со тоа...
СМ: Која одлука ја носи? Одлуката за што?
ГЈ: Одлука да врши надзор над УБК.
СМ: Аха, со мнозинство гласови.
ГЈ: Ама они и сега така ја носат.
СМ: А мнозинство има кој? Ние.
ГЈ: Не, мнозинство они имаат.
СМ: А, они имаат. Добро, значи они можат да ја носат... добро.
ГЈ: Да де, да, ама знаеш, мора да се најават.
СМ: Па не знам, дај да ја видиме целата реченица како ќе биде и да ја споредиме со тоа како е сега.
ГЈ: Сега ќе ти ја кажам, да отворам само на компјутер. Практично они, демек сега што би бил договорот, нели ние во тој дел им се буневме, договорот би бил они да отстапат од тоа во полн состав и ненајавено, ама сега да не биде ептен бламирачки, целосно да го избришеме, знаеш. Пошто знаеш, нема како...
СМ: Да, ама ако не пишува дека треба да се најават, тоа исто така може да значи и дека не треба да се најават.
ГЈ: Да, ама тогаш не мораш да ги пуштиш. Како што е сега, сфаќаш? Они сега носат одлука, и те известуваат дека ќе вршат надзор. Ако ти дојдат ненајавени, ќе им кажеш не знам ја дека сте донеле таква одлука. И сега е така, како Тито што правеше. Нели му пуштил писмо...
СМ: Е...
ГЈ: Ја ако му одговорам, ќе му одговорам, зависи како ќе оцениме...

СМ: А во што е промената тогаш? Зошто го менуваме тој член?
ГЈ: Е па зашто? Затоа што сме се фатиле на орото со овие, со Европска комисија.

СМ: Па не мора да го менуваме членот уоопште.
ГЈ: Е па знаеш што е работата, сега они тоа као што им е на нив оправдување, демек они сега јако загризаа за тој член, и јас им предложив целосно да го избришеме тој член, да го нема. Ама викаат ептен, ние месец дена дискутираме во Собрание за тоа и сега ептен политички не можеме да се оправдаме, знаеш. Сега ќе ти го прочитам како е членот.
СМ: А па кој па нив ќе ги праша нешто за они да се правдаат, жити мајка, политички?
ГЈ: А бе види...
СМ: Кој па... цела држава само за тоа збори, па они треба да се правдаат?!
ГЈ: А бе тоа сè е така, ама проблемот е што нас ни требаат да го изгласаме, знаеш. Сега вика...
СМ: И добро, како ќе биде, ајде.
ГЈ: Значи сега вика: За вршење надзор од член 35, а член 35 е тој член кај што вика дека „Специјална комисија формирана од Собранието врши надзор, Собранието од редот на пратениците основа комисија составена од претседател, четири члена, заменик претседател и четири заменици членови.“ Тоа е постоечкиот член. „Претседателот на Комисијата од став 1 на овој член, е од редот на политичката партија од опозиција, што на последните избори толку и толку освоила“ - се дефинира најголемата опозициона партија.
СМ: Ало.
ГЈ: И сега одлуката ја носи комисијата со мнозинство гласови, така ќе биде.
СМ: Значи, тоа значи дека треба да се донесе одлука.
ГЈ: Да, одлука.
СМ: Со мнозинство гласови.
ГЈ: Одлука во самата комисија.
СМ: А кога веќе ќе се донесе одлука, треба да нè извести за таа одлука.
ГЈ: Да де, да. Е па тоа е поентата.
СМ: Добро. И сега што е промената?
ГЈ: Е па ништо, претходно...
СМ: Ова е постоечкиот Закон што ми го кажа сега.
ГЈ: Да. А ние имаме...

СМ: А во новиот Закон што ќе има?
ГЈ: Во новиот ние, во тој основниот текст пишувавме дека Комисијата може да врши надзор без најава, во било кое време...
СМ: Е добро, ќе го избришеме тоа.
Сега што ќе стои?
ГЈ: И тоа ќе го избришеме, и ќе остане дека Комисијата носи одлука со мнозинство, тоа е во новиот член.
СМ: Па и во стариот беше дека носи со мнозинство.
ГЈ: Не , у стариот тоа со мнозинството не го пишуваше во Законот, у Деловник го пишуваше.
СМ: Кога треба да им се одговори?
ГЈ: Е па сега, вечерва. Пошто утре сабајле има Комисија. Знаеш...
СМ: Вака сега Горде. Најрелевантен, најрелевантно сега овдека не можам да донесам, зошто не ја гледам целата реченица од стариот и целата од новиот. Но, ако ти цениш дека нема да има суштинска промена во таа смисла на зборот, односно во смисла на зборот дека они нема да можат да вршат контрола ненајавено...
ГЈ: Ненајавени нема да можат.
СМ: Тоа е. Да донесат одлука, која што ќе треба одлука нас да нè известат за таа одлука...
ГЈ: Да де, да.
СМ: А истовремено тоа значи дека нè известуваат дека прават контрола.
ГЈ: Така, така.
СМ: У тој случај, нека иде тоа така и готово.
ГЈ: Оти знаеш што е...

СМ: Само, комуњари се комуњари. Ако успеат да се сложат, малку ми е тоа сомнително. Така да, ништо...
ГЈ: Не бе, знаеш што е работата...
СМ: Отвори очи, да не се зафркнеме.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Митко Чавков

МЧ: Ало?
ГЈ: Ало Мите, добровечер, како си?
МЧ: Добровечер министерке. Добар сум, подобар.
ГЈ: Добро, не е многу доцна.
МЧ: Ако, ако не е проблем.
ГЈ: Не спиеш волку рано.
МЧ: Не е проблем.
ГЈ: А бе слушај, викам ај да се преслушам уште еднаш. Сега со директорот Сашо зборевме, ама друго е повеќе луѓе кога ќе чујам, покомотен е човек.
МЧ: Така.
ГЈ: Околу Законот за следење на комуникации. Нели сега се договараме со комуњариве, преговараме, разговараме, некако да направиме да пројде, да не ни се закочи целава работа...
МЧ: Добро.
ГЈ: Околу надзорот, комисијата...
МЧ: Така.
ГЈ: Сега они прифатија целиот отој став кај што викаат без најава и во полн состав се брише, да го избришеме.
МЧ: Добро.
ГЈ: И практично тоа значи дека Комисијата ќе донесе одлука со мнозинство гласови...
МЧ: Исто е...
ГЈ: И ќе нè извести и кога ќе речеме, ќе дојде.
МЧ: Така.
ГЈ: Како сега што е де факто.
МЧ: Значи они се за да се избрише тој став.
ГЈ: Е па не, сега тоа е компромисот.
МЧ: Аха. Добро.
ГЈ: Они се за да се избрише „полн состав“...
МЧ: Полн состав...
ГЈ: Ние сме да се избрише „без најава“...
МЧ: Добро.
ГЈ: И сега за да мрднеме, а тој став е со овие два сегменти...
МЧ: Аха.
ГЈ: За да мрднеме некако, викам ај нека се избрише целиот став од членот.
МЧ: Да. Па мислам дека е добро.
ГЈ: Па и ја мислам дека е добро. Му се јавив на директорот.
МЧ: Да.
ГЈ: Он вика: А бе ако мислиш ти дека е добро, океј. Пошто излезен беше човекот, сега го нема Законот пред него...
МЧ: Така, така. Јас го знам тоа.
ГЈ: И вика: ако мислиш ти дека е океј, океј. А ја, вака мислам дека е во ред. Ама викам чекај да чујам уште некој, знаеш.
МЧ: Мислам дека е океј, и јас.
ГЈ: И ја мислам. Оти тој член, 36-а фактички што го додадовме е тоа...
МЧ: Така...
ГЈ: Дека е во полн состав и без најава, а се носи... а они додаваат дека се носи одлуката со мнозинство гласови.
МЧ: Да.
ГЈ: Инаку они сега имаат право, во претходниот член стои дека имаат право да контролираат, имаат пристап до...
МЧ: Така, така, така...
ГЈ:...опремата и средствата за следење на комуникациите.
МЧ: Така, Комисијата ја водат они.

ГЈ: Да де, ама тоа е тоа. Но ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот или директорот, сега, кого и да го известат. Па ние им кажуваме дојдете тој и тој ден, тогаш.
МЧ: Така.


ГЈ: И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат: Ааа, се прислушкува цела држава. Ние ќе речеме не се прислушкува. И толку.
МЧ: Така. Мислам дека може.
ГЈ: И толку ќе биде.
МЧ: Мислам дека, да, да, може.
ГЈ: Оти тоа би бил компромисот.
МЧ: Да, да, да.
ГЈ: И тоа со 28... 48 што ми рековте дека може да им го прифатам, ќе им го прифатам и друго...
МЧ: Тоа комоцијата си ја нарушуваме ние, но може тоа да го наравиме.
ГЈ: Абе сега, види, точно, ама мораш некако, ако не ни пројде, ќе ни колабира системов.

Разговор помеѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков

СМ: Кажи ми ти, се виде со брат ти?
ЕМ: Да, да, да, да.
СМ: И?
ЕМ: Да, сега проверуваме. Веќе имаме сумња на тој еден што би можело да го прави сето тоа.
СМ: Значи не е упознат со оваа работа?
ЕМ: Не, не, не. Нема појма, ништо не знае апсолутно. Паднат е у несвест.
СМ: Добро. Него види, како сега тоа да се канализира, уствари тој да не дознае сега, значи.
ЕМ: Нема, нема.
СМ: А кога ќе дојдат овие, да бидат упатени на правото место.
ЕМ: Е па тоа. Сега знаеш што, правото место за да го најдеме, ако кажеме само тоа е местото и ако кажеме одете само таму, да не посумњаат, ме разбираш. Пошто...
СМ: Како?
ЕМ: Викам, ако е местото таму какво што е. И во самото тоа место има некоја просторија, така. Ако кажеме дека само таа просторија е слободна, да не посумња некој. Треба да кажеме точно во која просторија и како би било тоа. И до вечер ќе ги дознаеме смените, ќе ги видиме и листите, ќе дознаеме све. И утре има, тој што го сумњаме дека ги прави тие работи, на втора смена утре, од 8 саат. И од 8 саат ќе има нешто празно, и сега да направиме тука намештаљка.
СМ: Аха.
ЕМ: Разбираш?
СМ: Добро.
ЕМ: Ама ќе ти се јавам јас, да дадеш некои со кој-како...
СМ: Што значи вие сега не му викате, да му ја скинете главата има време, да му ја скинете за некој ден.
ЕМ: Не бе не, тој не е битен. Тој ќе го утепаме на крај.
СМ: На крај, тоа е лесна работа.

ЕМ: Битно е ова што го зборевме. Да, тоа е лесна работа. Тој не ни е на нас битен.
СМ: Да.
ЕМ: Битно ни е ова, како да дознаеме...
СМ: Е па ти ако можеш, види вака. Ако се сомневаш на него, дај ми кој е тој, име и телефонски број негов.
ЕМ: Добро. Е одлично.
СМ: Сигурно имате вие тоа.
ЕМ: Да, да, да.
СМ: Е па дај ми.
ЕМ: Ќе го соберам и ќе ти пратам на СМС, добро?
СМ: Ајде, ај, прати ми.
ЕМ: Ајде. Ѕирни го ова на мејлот, молим те.
СМ: Ќе го ѕирнам. Ајде.
ЕМ: Ајде, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало?
СМ: Е Горде, што правиш?
ГЈ: Добро, еве подработувам. Па да ти кажам, мирно некако, па ќе си одам порано денес.
СМ: Мирно, мирно е, да. Да, да, да. А бе бев, на овој немав мрежа. Сега добив мрежа, викам да те побарам. Премиерот е на пат сега назад, знаеш.
ГЈ: Па знам ја, нели ти рече...
СМ: Па ќе мора да го почекаме да стигне, за да зборам.
ГЈ: Знам, јас затоа и поише те потсетувам.
СМ: Синоќа зборев ја, ама заборавив за тоа да зборам.
ГЈ: Знам, па претпоставувам, не ти е само тоа. Знаеш, да не ја утнеме, а и ја нејќам сега во Мексико да го барам за ваква работа. Претпоставувам дека ќе се чуете, да сме координирани.
СМ: Јас мислам дека ќе се чуеме штом стигне у Европа.
ГЈ: Да де, да.
СМ: И ќе му спомнам, па сега како биде-така.
ГЈ: Како ќе рече-така.
СМ: Али ја секако ќе пуштам сигнал.
ГЈ: Да де.
СМ: Ќе ти се јавам.
ГЈ: Мене ми е, знаеш, да не ја утнеме работава. Сега цело време сме координирани за све
СМ: Да.
ГЈ: Мислам нема потреба.
СМ: Океј, океј.
ГЈ: И уште една работа, да те искористам на телефон. Нели ти и Премиерот сте збореле за вработувања нови во МВР.
СМ: Да.
ГЈ: За која бројка зборевте? Пошто има еден заклучок од Влада сите да си ги кажат потребите...
СМ: Види, ја на Извршен, не знам дали слушна кога ја кажав бројката? Ха, ха. Беше ти.
ГЈ: Ха, ха, а бе...
СМ: Ја му кажам илјадарка.
ГЈ: Јас ја слушнав, ама не знам дали таа реално има шанси годинава да ја реалзиираме.
СМ: Па таа не, ама мора да имаме некоја нереална, за да дојдеме до некоја реална.
ГЈ: Јас знаеш како размислував...
СМ: Нели знаеш дека е таква е работата со нив. Ха, ха, ха.
ГЈ: Да, да. Види, ја ја знам работата, ама затоа да се преслушам со тебе. Ја гледам годинава ни одат вкупно 240 луѓе во пензија. Мислам дека, без проблем ние 300 може да примиме годинава, до крај на годинава.
СМ: Види, Горде, нас ни требаат само за партијава сега, многу луѓе. УБК идат многу луѓе во пензија. Оперативата ни е многу опадната, а работата, т.е обемот на работа многу зголемен...
ГЈ: Е зголемен, да...
СМ: Знаеш со овие суштествава...

ГЈ: Да де да, што си има.
СМ: Така да ги наречам. И ние мораме, мораме да направиме оператива. Значи, мене едно 100 души ќе ми требаат само за УБК, само за оператива, да знаеш.
ГЈ: Е па, знаеш како...
СМ: Плус, мораме да ги створиме, мораме одма да ги дадеме на обука, да створиме нов кадар затоа што готови сме, ќе нè изедат овие, така да знаеш.
ГЈ: Да де, да. Јас знаеш како рамислував? На пример...
СМ: Башка тоа, башка мислам дека мораме овие специјалците да ги појачаме, пошто оваа бројка што ја имаме е малце...
ГЈ: Па така де.
СМ: Ние ќе примиме, плус ќе отидат нови - стареат, и пак не сме направиле ништо...
ГЈ: Ја мислев...
СМ: Што значи цифрата околу 1.000 души ние да примиме у МВР е...
ГЈ: Ама мора некако да ја распоредиме...
СМ: ...не да ја кажам ја реална, туку е потребна. Тоа е потреба, не е тоа сега ние да се луксузираме...
ГЈ: Не бе, не е нешто ние да форсираме, него поентава е да направиме распоред. Да речеме до крај на годинава 300, првите 6 месеци од наредната уште 300, знаеш. Оти реално, сега кога ќе кажеш на Влада 1.000 души, очи ќе ти извадат, ме разбираш?

Извор: СДСМ/НоваТВ