Ексклузивно: на македонски политичар по петти пат му е пресаден мозок!

01.05.2015 12:01
Ексклузивно: на македонски политичар по петти пат му е пресаден мозок!

1 мај 2015, Скопје

Ексклузивно: Пара вести дознаваат дека македонски политичар од редовите на владејачката партија по петти пат се подложил на операција за пресадување мозок. Тоа значи, сметајќи го и неговиот сопствен мозок, дека сега го користи својот шести памет.

Имено, првото пресадување мозок му е извршено во 1991 година, веднаш по прогласувањето на независноста, а потоа, по секое менување на партијата на власт, анонимниот политичар се подложувал на операции за ново пресадување мозок.

Целиот процес на пресадување траел мошне кратко и го извршил тим врвни хирурзи, но не во болница, туку во неговиот дом, опкружен од семејството и неколку сопартијци.

Се чини дека операцијата не го изморила многу истакнатиот член на владејачката партија, познат по својата непостојаност и честото менување на ставовите. Средовечниот политичар им дозволи на новинарите да му постават неколку прашања само пет минути по последната операција.

„Секојпат кога ќе добијам нов мозок чувствувам како мудроста ми струи низ умот“, изјави политичарот за новинарите. На прашањето зошто токму сега се решил да си пресади нов мозок, тој одогови: „Се ближат промени во политичкиот живот во земјава, моиве ќе паднат каде и да е, па си реков, зошто да не бидам однапред спремен за новата власт?“

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото