1013 hPa
26 %
33 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 19:59

*
Го сакам металниот глас на моторот,
помил и од пролетниот ветер тих
низ него пеат срцата на луѓето,
тој го создава новиот мој стих.
Тој ѕвони во сите наши души,
како последен акорд на бедата;
и низ фабричниот матен чад
се пробива со верба до победата.
Блеска тој како надеж силна,
блеска, блеска и со радост, лицето
го милува со ведрина милна
што повик е во нашите борби.
-Стани, работнику, и копнежи посеј
низ сите полиња и низ сите гори,
запеј ја својата неуморна песна
нов живот и младост да разгори.
И црниот самар што секогаш ти тежел
фрли го во неповрат на безденот;
една пролет се влева во душата
посреќен да ни биде Денот.
Го сакам металниот глас на моторот,
помил и од пролетнот ветер тих,
низ него пеат срцата на луѓето,
тој го создава новиот мој стих.