1013 hPa
23 %
35 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 19:12

Си викам, да идам на Први Мај, да му се сневиди, па и ја сум ти радник и ја сакам да идам на излет у Сарај или на Водно. Ама се премислувам. Kај може да се иде у Сарај кога е џенем далеку од кај мене у Аеродром. A на Водно некако не е фер на луѓето што си живеат у планината у тоа зградите да им се смета, да им пушташ музика од кола, да им бараш струја за електрична скара, за да не им димиш, а и да не попиеш и 300 еура казна ради тоа димот. У Грчка се заебав, не отидов, не ми даваат кредит со 10 иљади плата, па решив дома да славам. Дома - дома, важно да е весело. Празник е да му ибам матер, не е шала.
Отидов у Стокомак, земав кило виршли од 80 денари, два леба, 10 јајца и сенф љут огин. Ги љупам тоа виршлите и гледам дали ме шпијунираат комшиите. Никој не ме гледа, си гледаат у фрижидерите луѓето.
Излагам на тераса, ги опнувам виршлите у тенџере со зовриена вода и ставам ракија купена од мојот дилер од пазарче, али у шише од Жута. Замирисуваат тоа виршлите, лепота, па и огромни стануваат, а не јагнешко ебате, ќе земеш две-три кила па ќе се стопи нигде го нема.
Ги варам тоа виршлите док не се распукаат, па у тањир, па сенф, па да ти е мерак да гледаш, а не да јадеш.
И си пијуцкам така на тераса со кило кувани виршли пред мене и си викам, абе живот е ова, а не као кога комуњарите беа, па мораш да идеш десетина и више километри со кола надвор од Скопје, па салати, месо, скари, ракии, пива, вина па со пријателите мораш све да изедеш и испиеш, а жените да се мучат и све околу вас да трчаат,а твојата секои пет минути да ти кажуе дека од сите 20 мажи, само ти си пијан. Вака сам сум, и кој ме гледа, сите у мишја рупа, гревои се, прпа од жените.
П.С. Јајцата ги оставам за утре, втори е, нека личи масата.
Слика: Шели Вилкерсон