Никола Груевски лаже, најотворено и бесрамно

04.05.2015 01:22
Никола Груевски лаже, најотворено и бесрамно

Што да правиш со народ кој со сласт ја проголтува секоја лага?

Што да правиш со народ кој сака да го нарекуваш паметен и мудар, додека му ја цедиш и последната капка крв?

Што да правиш со народ кој живее по принципот „од лошо има и полошо“ наместо по принципот „од добро може и подобро“?

Според Груевски, „Македонија ја вративме на народот, а не на елитите и олигарсите“.

Според Светска банка, „Во Македонија нееднаквоста бележи континуиран пораст. Според податоците на Светската банка, Џини-индексот во 1998 година изнесувал 28,1, а во 2010 година се качил на 43,6 индексни поени. Според овие резултати, земјата има највисоки класни разлики во Европа и земјите од поранешниот СССР. Податоците на Светска банка за уделот во приходите по квантили и децили, покажуваат дека најбогатите 20% имаат речиси исти приходи како останатите 80%.“.

Нема потреба од прислушување на разговори. Нема потреба од бомби. Премиерот на државата Никола Груевски лаже, најотворено и бесрамно. Тој гордо ги извикува лагите и сите му аплаудираат кога лаже.

Треба да си исклучително глуп човек за да не го разбереш тоа. И треба да си човек без трунка достоинство за да не реагираш.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Ковачевски