Бомба #29: „Да се бутнеше информација дека од СДСМ некој у МВР... хахах... утепал член на ВМРО“

05.05.2015 15:16

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Да.
ИК: Ало?
ГЈ: Кажи Иво.
ИК: Е, ништо бе, за оваа што праша, таа талентот. Тоа уште од синоќа некој им го имаше пуштено муабетот, ама нема врска.
ГЈ: Е па добро де, јас затоа ѝ реков да пријави.
ИК: Да де, да. Не, тоа ми е... сега знам дека е отпосле, ама јас затоа не го ни спомнав. Уште од синоќа ми се јавуваат некои новинари, го пуштиле муабетот дека Алфите убиле дете, а нема врска, тој си е починат...
ГЈ: А која беше таа?
ИК: Не ја знам, прв пат ја гледам. А тој си е починат уствари од... сега природна, сега не знам дали е смрт со дрога, ама нема траги на насилство. Телото е дадено на обдукција, го нашле на Баскер фест мртов.
ГЈ: А каде се случило тоа?
ИК: На плоштад.
ГЈ: Добро де, јас затоа ѝ реков нека дојде, нека даде изјава.
ИК: Така де, така. Не, не, океј си беше одговорот, мислам, дефинитивно, само што, идиот. Мислам кој знае кој ги пушта муабетите...
ГЈ: Да де, да.
ИК: Ама толку, не им проаѓа ништо. Мислам дека денеска...
ГЈ: Не, не, денес е. Денес е победнички.
ИК: Имаше и кога се симињав, заборавив да споманам, првична изјава од Европска комисија дека изборите покажале демократска зрелост, дрн-др-др-мн-др-др, ама нејќеле да коментират сè додека ОБСЕ не...
ГЈ: Морам да прекинам Иво.
ИК: Ајде.
ГЈ: Ајде, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да. Ало?
МП: Горде.
ГЈ: Кажи?
МП: Може ли да ми кажеш или некако да одговориме за ова што... некое дете вчера што било убиено...
ГЈ: Одговоривме ние.
МП: Што?
ГЈ: Дека прво нема такво нешто, второ нема од обдукцијата знаци за насилство и воопшто не е ни пријавен како настан тој. Значи одговоривме, Иво имаше изјава денес за тоа и плус и јас имав изјава.

МП: Мхм, мхм.
ГЈ: Така да некој ако прави, има од нас став.
МП: Прават ова на Твитер, на Фејсбук на... Океј, океј. Повикуваат на протести...
ГЈ: Ама имавме изјава. Некои на пример од нашиве, Сител или Канал 5 ќе ја пушти на Иво изјавата.
МП: Океј, ајде. Готово.

ГЈ: Тој наркоман бил изгледа.
МП: Ааа, наркоман. Добро. Чао, чао.

ГЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Ало.
ИК: Ало.
ГЈ: Кажи бе Иво.
ИК: А бе мене стварно не ми е да досаѓам. Не е ни за мрза, него го слушам сега Ивица, ептен не ми е за демант. Мислам сè... Единствена молба, аман немојте да шекулирате додека не расчистиме, а тоа е многу лигаво...
ГЈ: Е добро де, тоа е океј.
ИК: Многу лигава варијанта. Многу е лигава варијанта, јас тоа да сум не би го пренел, мислам... Не можеш ти, расчисти го, па нема да шекулирам. А не да ме молиш.
ГЈ: Не, ама не е така. Значи они не шпекулираат, они обвинуваат. Еве сега на Алсат слушам.
ИК: Ама... Не, не, ги гледав и јас. Не нè обвинуваат, копиљаци обвинуваат. Ама ние... де факто ги слушав како скандираат. Тоа е... Го пуштија А1 моето тонско парче, реално не знаеме и не можеш да демантираш... Ивица ми вика и многу е веројатно и можно е да излегле наши, да е. Скраја да е.
ГЈ: Ама...д обро бе. Ние ќе го расчистиме.
ИК: Знам, ама многу е...
ГЈ: Не можеш да не го расчистиш, така?
ИК: Не, не, мора да го расчистиме. Затоа викам, единствено треба лигаво да ги молиме: аман те, не шпекулирајте. Што ништо не мења во ситуација, не го демантираш. Ти не му викаш не се Алфи. Него: ај те молам, не објавувај дека се Алфи. А тоа е премногу лигаво...по мене.
ГЈ: Не. Не е. Сега испаѓа ние цело време си ќутиме...

ИК: Не, не, ама реално сме „уза ѕид“. Значи немаме ништо, ама баш ич ништо. Ене ги нашиве ги собираат, и овие копиљациве што протестираат не знаат зошто протестираат. Никој не го познава дечково. Ние имаме 4 имиња, ги проверуваме тие, кој знае дали ќе излезе некој од тие четворица. Чудно е, да немаш ни татко, мајка, брат, сестра, роднина.
ГЈ: А па ете, тој копиљот рече Даниел од Ѓорче дека е.
ИК: Ма рече. Еве нашиве извадиле четворица Даниел, со не знам ралични, четири презимиња од Ѓорче. До сега го немаме дека е тој и тој Даниел. Значи...
ГЈ: Е па добро де. Треба да го соберат тој очевидецот.

ИК: Ама ги имаат собрано. Сега двајца од групата ги собрале и викаат не знаат! Мислам многу е чуден настанот. Ти... ја... мене тоа не ми е јасно. Што... Ја не викам... Нашиве нели знаат да се ајдуци, знаат да направат беља, ќурутлија, да прикриваат и така натаму. Еве сега Ивица ми вика, и од ова што го читал од обдукција, вика сè повеќе сум убеден дека навистина се случило. Дека некој му има дадено „пуна“ и го зденал асално. Ама како може да немаш буквално никој 24 саата, макар да го пријави како исчезнат, дури и да не разбрал дека е убиен.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Ало.
МП: Еее.
ГЈ: Ало.
МП: Кажи Горде.
ГЈ: Е па ти пишав за тоа што те барав.
МП: Не сум добил порака. Што?
ГЈ: Ти пишав за ова што зборевме преѓе. Треба малку Нетпрес, ако ти врви муабетот да збориш со нив. Пошто фактички они се...
МП: Да бе, да, треба. Ние требаше...н аше да биде.
ГЈ: Е па затоа. Они и Геро највише ја буткаат темава. Не знам што е работава.
МП: Добро, добро. Одма ќе јавам.
ГЈ: Они можда мислат дека сега им е мајката, истражувачко новинарство да промовираат, ама не мора баш на овој случај.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Така да...
МП: Види, знаеш што е проблемот? И Урко му кажал различни работи на човекот, од ова ти што ми го имаш кажано.
ГЈ: А од кај знае он?
МП: Не знам. Дека 3 пути го фаќала полиција детево, дека им бегал, таман лисици да му стаеле он бегал...
ГЈ: Види, значи он не можел да знае...
МП: Му рекле од Тигрите дека бил.
ГЈ: Не може да знае. Он нема пристап до информациите до кои јас имам пристап. Мислам... он треба или да бил очевидец да го каже тоа...
МП: Па тоа ми е сумњиво... Сумњиво ми е... Све ми е сумњиво.

ГЈ: Ти кажав јас. Нашиве...
МП: Да не...
ГЈ: Нај...
МП: Да не е некој од таа екипа?
ГЈ: Па од таа е сигурно.
Значи ако не е полицаец, што е многу малку веројатно да е полицец, значи 1% е да е полицаец, ама и тоа не го исклучувам, е од нивните.
МП: Мхм.
ГЈ: Пошто и по описот, у тесна бела маичка со тетоважа на рака, крупен, набилдан.
МП: Аха, аха.
ГЈ: Ха, ха. А? На што ти личи тебе?
МП: Да бе, да....
ГЈ: Ќе видиме. Сега убедивме две девојчиња да дојдат у станица...
МП: Добро Гоцо.
ГЈ: Па ќе видиме што ќе кажат они. Ајде
МП: Важи. Чао.
ГЈ: Ајде, ајде чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало?
ИК: Ало, ај момент само со директорот да се чуете, па после...
ГЈ: Ајде.
СМ: Ало?
ГЈ: Ало. Еј, што направивте?
СМ: Горде. Тука се кај мене сите, Горанчо, Иво...
ГЈ: Аха.
СМ: Слободно можеш да кажеш дека е расчистено.
ГЈ: И што испадна?
СМ: Е испадна од ЕЗС припадник, му има удрено не сакајќи, незгодно и овој починал, што да правиш, тоа е.
ГЈ: Добро сега. Се случуваат и такви работи, тоа е тоа.
СМ: Се случува.
Битно го расчистуваме.
ГЈ: А не бил на должност, така... овој?
СМ: Бил на должност, како не.
ГЈ: Бил, а?
СМ: Па бил на должност по усмена наредба, знаеш кога има такви настани обично се испраќаат да го обезбедуваат просторот. Не го обезбедувал Премиерот, туку просторот.
ГЈ: Да де, да. Јавен ред и мир.
СМ: На митингот.
ГЈ: Ништо сега, тоа е. Кој и да е.
СМ: Тоа е. Овие што дигаат паника па ти. Кај се решава ваков случај у еден саат, што сака...
ГЈ: Не бе, ние да немаме притисок...
СМ: Починал ноќеска и утре сабајле до 10 да расчистат.
ГЈ: И никој не кажал. Пак е индикативно што...
СМ: Идентификуван и покојниот. Особено ни требаше еден ден, ќе се каже дека...
ГЈ: Да де, да, Иво ќе си објасни тоа.
СМ: Дека покојниот никој не го пријавил. Го идентификувавме со отпечатоци.
ГЈ: Кој испадна сега дека е?
СМ: Ало?

ГЈ: Ало? Кој испадна дека е убиениов?
СМ: Некој џанкер.
ГЈ: Добро, ама и тоа нека си се каже. Да се спомне дека уставри имал нарушено здравје...
СМ: Вината знаеш ја префрламе на него. Џанкер не џанкер, тоа е негова определба животна.
ГЈ: Да де да. Не добро, сега ние и да е џанкер не...
СМ: Го нема направено со умисла...
ГЈ: Не е решение...

СМ: Нити пак со сигурност сакал да го убие, тоа ти е. У таа гужва... Е сега за комуњарите, што да речам сега?
ГЈ: Нека пукнат!
СМ: Да не помислат на оваа работа. Една работа не ни помина без некој малер.
ГЈ: Супер ова што се расчисти, да си го тераме ние другово од вчера.
СМ: Да, да, да. Еве Иво искача, ќе ги вика овие и готово.
ГЈ: За да не земат централно место. Сега за што ќе протестираат? Добро, супер, штом се расчисти одлично. Одлично.
СМ: Е, така. Кажи ми ако е таму Премиерот, кажи му и готово.
ГЈ: Па ќе му кажам. Јас искочив за да зборам на телефон, да не ме слушаат сега цела Влада. Ќе му кажам сега да знае дека е завршено.
СМ: Океј.
ГЈ: Океј. Ајде.
СМ: Ајде. Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

МП: Ало.
ГЈ: Што праиш бе Мартин?
МП: А бе детево наш член било, од Карпош.
ГЈ: Па јас ти кажав.
Приказната шо ти ја кажав преѓе, таа е.
МП: Мм.
ГЈ: Значи, до збор.
МП: Од овие некој?
ГЈ: А бе со усна наредба... чекај сеа вака, меѓу нас кажано, на кого може Урковци усна наредба да му издадат у единица у која не се старешини? Така?
МП: Ммм.

ГЈ: Се нервирам, зошто еве, за ваков случај, не можеш бе да го скриеш. Не можеш да го скриеш. Убиство имаш, мртов човек имаш. На време, да не нè кочеа...
МП: А, што е причината за убиството?

ГЈ: А бе, не е...види сеа, причината за убиството. Овој, преѓе шо ти кажав, дошол малиот у Дом на АРМ, сакал да влезе, овие го избуткале, пошто овој што е од Тигриве, од нивнава банда, бил таму. И после го видел уште еднаш на искачање, кога искачавме од АРМ и детево се сопнало и овој го скршил од мавање. Значи, нити бегал, нити не давал да му стават лисици.
МП: Леее...
ГЈ: Се нервирам, значи, два дена фактички, еве добро сеа што се затвори случајов, два дена јадеме ќотек ко никој. И така за таква работа не можеш без пријава да поминеш. Место да кажат ваква и ваква беља направивме, ај сега како да се вадиме.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Се нервирам зошто толку изгубивме на овој случај.
МП: Тоа е Горде, ќе пегламе.
ГЈ: Да, сега уште некој јак ќе спукаме...А бе, Љубе ни пропадна ради овој.

МП: Да.
ГЈ: Мислам, не ни пропадна, ама му е... е знаеш како, триумфалистички.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Сеа ја се кријам, денес не давам изјави, никој не искача у јавност, место да се фалиме, да се чаталиме. Али, сè на сè, добро е што се затвори случајот. Само вака, си се нервирам што е така некој малоумен не му текнува дека не можеш убиство да скриеш.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Ало.
ИК: Ало.
ГЈ: Кажи.
ИК: Е, а бе, ништо, сакав да спомнам, од новинариве пошто ми спомнуваат ваму од протестот, добро е, тоа е и очекувано, пуно дека е комуњари.
ГЈ: Е па...
ИК: Муабетот ми е бе и за утре, ако продужат вака да се чаламат, ај добро, у реду, таа ќе биде политичката порака дека сме против насилство, ама кој беше бе, Бичикле ли беше близок со таа жена му на тој Поштар, моштар, такви работи, од тоа време?
ГЈ: Па Бичикле ваљда, он со сите такви типуси е близок.
ИК: Да иде и да им пали свеќи пред СДСМ?
ГЈ: Ај да видиме сеа...

ИК: Ако има комуњари многу на протестов, па нека објават малце со Поштар што напраиле. Нели, пошто се против насилство.
ГЈ: А бе, овој идиотов, мислам, како можел така.
ИК: Нашиов?
ГЈ: Да. Треба да си малоумен.
ИК: Скроз.
ГЈ: Значи, да ти е изваден мозокот и стаен у тегла и да искочиш надвор.
ИК: Нејсе, ја не сум фокусиран на него. Мене...шо напраил он, напраил, него ние испаднавме малоумни што не реагиравме првиот ден.
ГЈ: Е па, испаднавме.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

МП: Горде?
ГЈ: Е.
МП: Може ли уште денеска пред истражен да отиде овој?
ГЈ: Може, ама треба прво препознавање да се направи. Сеа со Урко се расправав на телефон.
МП: Тоа е, што да ти кажам.
ГЈ: Два дена чекале да видат шо да праат бе. Така ми вика.
МП: И ја му реков, викам, требаше одма да кажете, Брза помош, нешо ќе направме, ќе го изведевме некако.
ГЈ: Да де, да. Па за тоа му се јавив. Овој идиотов негов, изјава дава дека не го тепал. А, овој збумбарен, не се познава кој е. И ќе го извадат. Сега мислам дека ќе одат со препознавање прво, таква е процедурата...
МП: Мора уште вечерва да биде, Горде.
ГЈ: Да бе, да. Ќе се чујам сега со...
МП: Сеа зборев со претседателот, за да ја затвориме темава побрзо.
ГЈ: Сега ќе ги притиснам, многу се нервирам. Вика, чекавме два дена да видиме шо да праиме. Така ми вика.
МП: А, мене ми рече, многу лажат бе. Мене ми рече, а ја одма му кажав, немав детали, ама одма му кажав на претседателот.

ГЈ: Да бе, и шо му рекол, еве убивме и претседателот шо му рекол, браво бе, така треба, хахаха.
МП: Не, не, не, дека овој се опирал три пати...и така.
ГЈ: Ама, еве и да е така, во што, ја се сомневам, тој наркоман, сучка, овие...и тоа овој шо е...
МП: Сучка? Ја мислев дека крупен бил.
ГЈ: А бе, наркоман е Мартин.
МП: Урко вика, така бил покрупен, па се одметнал, се оттргнал.

ГЈ: Не знам каков бил, ја го неам видено, ама наркоман, шом е...
МП: Да.
ГЈ: А, иначе, овој што е полицаецов Игор, претходно бил кај вас таму.
МП: Знам бе, го знам.
ГЈ: Добро што сега не е таму.
МП: Го знам Спасе, не дај Боже да се... што да ти кажам.
ГЈ: Што да ти кажам.
МП: Тој Хитлер од кај вас, Урко ми кажа, нејќел да каже дека Специјална била ангажирана за обезбедување.
ГЈ: Па нејќел, па нејќел, зошо не била.
МП: Знам дека не била, знам.
ГЈ: Не може, се одговара кривично за тоа. Он е командант. Не може сеа он да го покрива него.
МП: Знам, знам.
ГЈ: Мислам, тоа знаеш која флека е за МВР?
МП: Знам.
ГЈ: Уште повеќе ќе се дозаглавиме. Подобро, ја оплескавме до овде, и да не заглавуваме други луѓе.

МП: Да. А, како ќе се изведе сеа. Шо барал овој од Специјална таму?
ГЈ: Не знам, сеа ќе мислиме шо барал. Не знам ни ја, хаха. А бе, шо барал. Знаеш шо барал. Му се јавил Урко, доаѓај, тоа барал.
МП: Да де, да, знам.
ГЈ: Пошто Хитлер ако го прати, не смее да го прати без униформа од Специјална. Треба у затвор Хитлер да иде за ова.

МП: Да.
ГЈ: Мислам, Хитлер ни е ептен вака, ОК човече.
МП: Знам, знам, знам.
ГЈ: Ама, од една глупост да не влегуваме во друга. Цела полиција ја компромитираме. Да помислиме пола саат, саат шо да кажеме и тука да застанеме. Затоа и му се јавив.
МП: Дека приватно бил таму.
ГЈ: Не, кажавме више дека со усна наредба, некако ќе видиме, СВР Скопје, јавен ред и мир, нешто ќе смислиме, ќе најдеме начин.
МП: Добро, добор.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Ало.
ИК: Ало.
ГЈ: Кажи бе Иво.
ИК: Ало.
ГЈ: А бе, те слушам, ти викам, кажи.
ИК: Ааа, добро. Сеа ми се јави Апостол, а бе тоа, од беља у беља. Многу боље ќе беше да идевме со првата варијанта ја шо ја мислев, дека сме го привеле. Сега се прави овој на будала, ја не сум, не сум се пријавил. И што ќе правиме ако остане вака?
ГЈ: Не знам шо ќе праиме. Идиот.
ИК: Ама, многу лошо е. Ако остане вака е ептен лошо. Испаѓа дека сме лажеле. Ајде, сам се пријавил, ама ако на Суд идеме со варијанта... освен негово признание, немаме друг доказ...
ГЈ: Ќе имаме, ќе направат вечер препознавање. Само, што знам, малку ми е чудно, нели овие очевидциве викаа крупен...
ИК: А, овој колкав е?
ГЈ: Овој Игор Спасов е, така?
ИК: Да.
ГЈ: Па, не е крупен. Го знам јас.
ИК: А, има ли тетоважа овој?
ГЈ: Е сеа, не го знам до толку, хахаха, не ме заебавај.
ИК: Не, затоа што кажуваа дека виделе дека имал тетоважа, бил у бела маица и имал тетоважа на раката. Ама, сеа...
ГЈ: Не ми текнува јас него дали го видов негде на Плоштад, искрена да бидам.
ИК: Ама и тоа...
ГЈ: Пошо ја добро го знам овој кој е, така да.
ИК: И тоа крупен е релативно. Сега за мене крупен може да биде еден...
ГЈ: Да де, да.
ИК: А, за мајка ми да биде друг крупен пошто е поситна.
ГЈ: Да де, да.
ИК: Мислам, не е тоа некоја онака карактеристика...
ГЈ: Може па се набилдал последниве година дена јас како го немам видено.

ИК: Ама, многу е лошо ако остане вака. Апостол рече ќе иде пак да се обиде да разговара, не дај Боже да немаме пријава, крш ќе нè направат и тоа многу ќе биде крш.
ГЈ: Ај и ја ќе се јавам.
ИК: Не, не, ама мора стварно да се договорите, да се притисне, да се расчисти работава, пошто многу ќе биде лошо, дека сме излажале. Ајде еве ги Сител бутаат, и другиве нешто праат, ваму, таму...
ГЈ: Да де, да.
ИК: Единствено позитивно у сè, е тоа дека ни е завршен случајот, затворен, идентификуван сторителот, обезбеден. А ако испадне дека не е тој, дека нè напраиле мајмуни, дека немаме основа за пријава, лом ќе биде од утре, лом. Овие што нè бранат медиуми, нема да имаат аргумент.
ГЈ: Да де, да.
ИК: Мислам, друго е вака политички, сме го обезбедиле, утре организирај протести ко шо денес беа СДСМ, организирај пред овакво, пенали ети ти политички, они политички, затворен случајот. Ама, без пријава, тапа сме. Тапа сме. Без пријава ќе мора да се наоѓа милион други глупости шо да се напраи, како да се...
ГЈ: Нема шо да се најде. Туку, ај, да си ја даде он изјавата што си ја дал првично.
ИК: Ништо, притискајте го.

ГЈ: Многу глупости тресе. Прво рекол дека му паднало детево од раце.
ИК: А бе, знам тоа, го слушав Урко кога објаснуваше. Па после, ај не му паднало, го удрив, ама го удрив еднаш.

ГЈ: Ах, со идиоти коа си имаш работа.
ИК: Не, не, ене ги, и Апостол си ја имаат бељата. Вика, нејќе да потпише ни изјава, ни ништо. Ама ја не се пријавив. Второ, да не збориме оние процедурални заебанции што нели он му се пријавил на старешината сам откако видел на телевизија. Тоа беше за него да му најдеме олеснителна околност у Суд, откако видел дека демек детево рикнало на телевизија...
ГЈ: И си отишол дома.
ИК: Па му проработела совеста, што, по мене беше исто ноторна глупост, дури и да е повреден, мора да останеш со него.
ГЈ: Да де, да.
ИК: Не ти е олеснителна околност...
ГЈ: Не само да останеш, него да му пружиш помош мораш.

ИК: Така, значи, не ти е никаква олеснителна околност, ама нејсе, ајде и тоа го проголтав да се бламираме, и сега уште да ти каже, не сум ја, катанга ќе биде. А муабетот ми беше, и башка немаме ние ни службена белешка, сериозно е тоа, мене да ми дојде Арбен да ми каже, а бе шефе ја убив човек. И шо да му кажам, добро Арбен, не се секирај, ај иди таму побарај го Апостол, ако не, шо треба, тука сум ја. Мораш да напраиш бре службена белешка, ти пријавува овој дека убил чоек.
ГЈ: Да де, да.
ИК: Мислам, не е...
ГЈ: Исто, чекај бе, ај денес никој не реагира. На кој старешина он му се пријавил?
ИК: Хаха, не можат тоа да го испитаат.
ГЈ: Не, ама, еве, тоа прво прашање. На кој старешина?
ИК: На неговиот претпоставен. Не можеме да го кажеме, од специјалците е, ај со здравје. Мислам, ако ја имаме пријавата...

ГЈ: Усна наредба... Кој му дал усна наредба? Каква е таа усна наредба од специјална единица, без униформа? Нема таква усна наредба. Мислам, некој малку од малку шо разбира.
ИК: Многу потценувачки влеговме у случајов.

ГЈ: Ајде, ја ќе зборам сега уште еднаш.
ИК: И несериозно и мора некако да се извадиме, лошо е. Мислам, пријавава колку-толку ќе балансира, тие работи да, точно е, пропусти се, комуњариве не се наивни, биле и они, знаат како иде и наредба и сè...
ГЈ: Да де, да.
ИК: Не можеш да ги мафтосуваш, ама у принцип и они, ако има кривична пријава што ќе се буни, ама кој му ја дал наредбата. А бе, пријатно, ете ти го, тој е крив. И да имал наредба да набљудува у цивилка е, да праи нешто, немал наредба да убие човек.
ГЈ: Да де, да. Види, до вечер ќе го изнесат пред Суд.
ИК: Апостол не ми беше оптимист, за тоа.
ГЈ: Ќе ги притиснам јас сите.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ИК: Да смислиме...
ГЈ: Абе и овој Спасов со тој ум, знаев дека ќе... кога-тогаш до овде ќе стаса.
ИК: Не, никако, само да се притисне асално и он да знае, да не си игра играчки, подобро да признае да му...
ГЈ: Да зеам да го задавам...
ИК: Да му средуваме после отколку нас да нè праи сеа мајмуни, да знае дека ќе го јаде многу подебело... стварно не е играчка да утепаш чоек.
ГЈ: Ма зошто го тепал, значи он немал одговор зошто го тепал...

ИК: Не знам мислам ајде... кој ми кажа од Сител Цаци, Латас им јавуел ексклузивно од МВР дознал дека малиов крадел пијачки
ГЈ: Па така ѝ кажаа овие, крадел пијачки на шанк и полицијата тргнала по него, нека не се... бламира.

ИК: А кој кажал така?
ГЈ: Па Ивона на вести .
ИК: Е па тоа некој му кажал на Латас така да каже...
ГЈ: Да ама е многу глупаво...
ИК: Идиотски е да го праиш малиов, дури и да крадел пријачки...
ГЈ: Па и да крадел не треба да го утепаш...
ИК: Не треба да го убиеш...
ГЈ: Ајде... ај чао.
ИК: Не бе, тоа ќе беше многу боље, да се бутнеше информација дека од СДСМ некој у МВР...хахах...утепал член на ВМРО.
ГЈ: Ајде, ајде чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Мартин, шо праиш бе?
МП: Добар бе, еве... јадам.
ГЈ: На здравје да ти е.
МП: Здравје да имаш.
ГЈ: Слушај... мислам дека ај, ова ќе се заврши, некако мора да им се стаи јасно на знаење на овие, дека не оди вака...
МП: Мхм....
ГЈ: Нерви искинав, три пати со Урко се слушам...
МП: Мхм...
ГЈ: Е сеа последно на овој му текнало - не сум јас...
МП: Како не сум јас?
ГЈ: Е па така, сеа нашиве мора да потпишат записник пошто сериозна работа е бе, за убиство збориме...
МП: мхм..
ГЈ: Е не сум јас со молчење сеа ќе се бранам... А ние освен исказ негов ништо неаме... му се јавив на Урко малку да се прибере, нека не зафркава, ние излеговме денес, тој е, вака, така, и сега не сум јас... а он е.
МП: Он е а?
ГЈ: Па он е бе Мартин.
МП: Дообро, да му кажам на човекот сакаш?
ГЈ: Мислам дека треба да ги стегне он вака, да ги опомене за однесувањето.
МП: Да му спомнав ја зборев... непрофесионално е да се лаже така, за таква работа
ГЈ: Прво е непрофесионално да се лаже, второ ајде да сме опозиција па праи пара структура, ние сме партија на власт, носиме одговорност, зошто има потреба он да се јавува по телефони, по луѓе негови, значи он ги бира, ти ќе дојдеш, ти ќе дојдеш, место да се јави на тој што е старешина кој е исто така наш колку шо е он наш и да ги организира како што треба да се организира... ако ништо друго, ако има проблем да сме со процедура покриени...
МП: Добро...
ГЈ: Пази сега, ние викаме имаме признание од полицаец, пошо де факто го имаме, а нема службена белешка бе, ќе му текне на некој од комуњариве... и они биле на власт знаат како се работи... мора... му се јавив сеа на Урко, ама така пошо се нервирам ти се јавив и на тебе...
МП: Хахаха...
ГЈ: Мора да го затвориме до вечер ова. Овој уште се заебава, пази, седи два саати у станица, све договорено као ќе се тера работава и вика не бе, не сум јас, не го потпишувам... шо идиот ќе беше не знам .
МП: Еее, шо идиот, зошто е тргнат од кај нас.
ГЈ: Ептен кнако е, ептен кнако е тој...
МП: Ти текна?
ГЈ: Ми текна...
МП: Зошо беше тргнат...

ГЈ: Прашање на ден беше коа ќе напраи вакво нешто.
МП: Да...
ГЈ: И добро шо е таму а не е кај шо беше претходно...

МП: Мхм...
ГЈ: Е тоа е... ајде со здравје...
МП: Се слушаме ајде...
ГЈ: Ај чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ИК: Е тоа сакав да се јавам јас, да прашам... пошто и Јане ми досаѓа, што да праат они? Реално состојбата е ваква, значи можеме ние како сакаме да идеме, ако сакаме да му помагаме...
ГЈ: Не бе, зошо...
ИК: ...да му помогнеме ако нејќеме да си го тераме као реално со тоа што... без разлика, утре и да прашаат они министерката за да нè конфронтираат, тоа не боли, затоа што... ама Иво рече дека бил на должност...

ГЈ: Ќе кажам не знам Иво шо збори, тој врска нема шо збори, батали го... хахаа
ИК: хахаха....
ГЈ: хахаха, батали го, несериозен.
ИК: Реално има одговор на тоа, да тоа му беше првичниот исказ, дека он бил повикан, проверивме во евиденција нема никаква наредба дека е он повикан... крај.

ГЈ: Да де, да...
ИК: ...а инаку фактичката состојба е...
ГЈ: Му се јавил Урко на телефон.
ИК: Да, му се јавил Урко на телефон, ама идиотот бил на должност службено не тука туку во Куманово и во Куманово требало да седи до 10 саат, ко што почнале да стигаат резултати околу 9, 9 ипол - фаќање штрафта.
ГЈ: Овој се дом’кнал...
ИК: ...од Куманово тука да слави, значи он не е и повикан за да обезбедува реално ако збориме на плоштад.
ГЈ: Не бе му се јавил Урко ми призна он мене... му рекол да дојде у АРМ... хахаха
ИК: хаха...
ГЈ: Тоа е сеа...
ИК Е шо да ѝ кажам на Ане, како да...
ГЈ: Не знам, за нас шо е подобро, тоа кажи ѝ.
ИК: Ане ми тврди дека за нас е подобро дека он не бил на работа...
ГЈ: Епа ако така ти тврди тој...
ИК: А за него е полошо тоа, пошто ако бил на работа...
ГЈ: Абе што ти е...

ИК: ...вршел задачи службени, боже мој, лошо ја извршил задачата... а реално значи он... или па да кажеме вистината, бил у Куманово, само он па да не почне после против Урко...
ГЈ: Да не почне да збори... не знам што да кажам
ИК: Ако не да се чуете со Урко или со директорот...
ГЈ: Шо има ја да се слушам со него, не ме зезај, се слушнавме денес и се разбравме, како што може да забележиш... треба да си утврдат фактичка состојба и ајт со здравје.
ИК: Ја им ја кажувам фактичката состојба...
ГЈ: Е па ние знаеш како може да кажеме, писмена наредба нема, прво дал таква изјава, сега одбива да каже било што...
ИК: Да кажат дека он има наредба за во Куманово... да биде за 24 часот, а не тука... и нишо понатаму... со тоа што... а тука дали имал наредба да обезбедува, немаме таква писмена наредба, првично во изјавата има кажано дека бил тука, но писмено не постои.
ГЈ: Па така некако...
ИК: Така ќе идеме за јавност... ааа на Ане ќе им речам да ти ја пишат фактичката состојба бидејќи реално... дека он вршел службени задачи.
ГЈ: Башка што никој на неа не ѝ потврдува кој се јавил... за усна наредба кој ќе ѝ потврди кој, ќе ѝ напише службена белешка...
ИК: Во ваков случај мислам дека ни Урко не е до толку...
ГЈ: Не бе, кај...
ИК: хахахха...
ГЈ: Тоа погубно за него е...
ИК:... Да де, лошо е, ќе те врзуваат.
ГЈ: Да, него и вака ќе го врзуваат, ќе им најдат сеа по фејсбук слики... или по некоја друга, гарант ќе им најдат... они пошо не се, многу не се кријат вака со сликиве на фејсбук... ај, ќе видиме сабајле...
ИК: Еве Ивона ми врти...
ГЈ: Ајде, ајде чао...

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Никола Груевски

ГЈ: Мора да ги стегнеме, мислам, принципиелно некои работи.
НГ: Не знам што више да стегнам, што не сум им кажал, што не сум му напраил на овој Урко, едино да го сменам од функција...
ГЈ: Ги стегам и јас мислам ја вака понекогаш...
НГ: Као Циган лаже, лаже као Циган...

ГЈ: Мене значи највише тоа ме извади од такт, да не ја замајуваат целава работа, ќе ја расчистевме многу брзо. Значи замислете, они вечерта со записникот, пошо мене никој не може да ме убеди дека така случајно е напраен записникот... падна, стана, ова, она, беше како непознато лице пронајдено, а овој Спасов е прв на лице место таму, значи ние правилен записник да имавме ќе ја фатевме здраво работава, немаше ни да дојде до овде. Коа се дигна галама, коа притиснавме, ааа па не беше баш така, па го удрил, па паднал, на кабелот се сопнал... мислам, ко мали деца да сме... башка што ја викам, добро, овие комуњариве крештат, ама некои принципиелни прашања не ги поставуваат... како бе може со усна наредна специјалец да иде на работа
НГ: Не може...

ГЈ: Па не може... Не може специјалец, некој малку шо знае процедура ќе му се крене коса на глава... а усната наредба е...
НГ: Не знам, еве види ти како... доаѓаше по митинзи, како оној Гром доаѓаше, како Оливер доаѓаше...

ГЈ: Усната наредба е таа претседателе, на мобилен дојди таму и таму.
НГ: Е па на усна ти треба да ги пратиш у Арачиново да седат...
ГЈ: Ама ја најсериозно...
НГ: ...па друг пат нека слушаат усна наредба.
ГЈ: Ја најсериозно, за ова ај сеа да го затвориме случајов шо ни тежи, малку да се растеретиме... кој смее бе на усна наредба да оди на работа?! Еве вакво нешто ќе се деси, кој е крив, и зел прееска ми вика, ај вика кажи му на Хитлер, тој им е началник он да каже дека му дал усна наредба... лом го напраив, викам како бе да му кажам, вие сте ја оплескале и уште 10 души да заглавиме сега, на што личи тоа... ако треба нешто да правиме дај до тука сме ја оплескале, да ја опраиме работава, мораме да ја затвориме... и све така ко мали деца некоја лага ситна.


НГ: Ај ја не глеав, али боље шо не сум глеал...
ГЈ: Не немојте, не пуштајте, ја глеав мислам дека лексилиум треба...
НГ: Доволно сум нервозен и без тоа...

ГЈ: И без тоа... А1, Алфа ја и по Фејсбук гледам за да знам утре сакам да дадам изјава да не биде дека бегаме.
НГ: Да, да, да...
ГЈ: Ама морам да видам шо зборат за да се спремам, и ви кажувам почнале по Фејсбук, од обезбедувањето...

НГ: Не, ти категорично кажи им тој не е член на обезбедувањето на премиерот...
ГЈ: Не, јас секако, нема...

НГ: Тој работи во тигрите и тоа нема врска со обезбедувањето на премиерот, второ изведен е пред суд, веројатно до тогаш ќе има и притвор...
ГЈ: Да, да, да, па јас планирам у 12 да дадам изјава, па до 11 да го изнесеме пред...
НГ: Тој не бил таму службено, не сме го одредиле службено таму да биде, најверојатно бил приватно и приватно дејствувал...
ГЈ: Мислам, невидено нешто...

Извор: СДСМ/НоваТВ