Форт Гру ќе падне, вмроликите се усрани!

06.05.2015 00:16
Форт Гру ќе падне, вмроликите се усрани!

Денеска ја освоивме котата 366, на десет метри од влезот во ординацијата на Идиотот. Нашите борци покажаа невидена храброст, страст, енергија и хемија во праведната битка за Форт Гру, додека вмроликите беа усрани скроз на скроз. Некои од нив поминаа на наша страна, други плачеа над судбината која ги втурнала да бранат криминални умоболници, трети чекаа малку поголем притисок за да се предадат. Тврдината им ја демолиравме, можам да кажам, пристојно. Сè на сè, беше супер. Од едно балканско мочуриште во миг се вивнавме во некои европски координати. Се чувствував убаво. Најлудиот лудак е готов. Тоа можам со сета одговорност да го кажам како клучна импресија. Можевме уште вечерва да влеземе, но ни фалеше Бранко со синот. За отсуството на Лазаревиk имам разбирање, затоа што човекот сигурно го пишувал рефератот за иднината, па не можел за неа и да се бори во исто време, а кога на Заев му јавиле дека Форт Гру може да падне вечерва, тој рекол: како, па деденска не е 17-ти. Како во вицот за прилепчаните во Еспланаде: има топла вода ама не е сабота. Ние продолжуваме!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња