Авторска средба со Јулијан Кинети

06.05.2015 01:19
Авторска средба со Јулијан Кинети, од Албанија, гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки и Градот Скопје, во Скопје во текот на мај престојува есеистот, писател и преведувач Јулијан Кинети од Албанија, соработник во култното поетско списание Поетека и ко-организатор на истоимениот меѓународен фестивал во Тирана. Главна цел на престојот е да се продлабочат контактите со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Македонија, како и подготвувањето на неговата најнова книга.

Во чест на гостинот, во рамките на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, на 6 мај, во 15 часот ќе одржиме авторска средба. Освен за неговото творештво, со авторот ќе поразговараме и за состојбите на книжевната сцена во Албанија, за која малку знаеме и покрај тоа што двете земји се соседни. Авторот ќе се осврне и на другите свои книжевни активности, учеството во организацијата, односно уредништвото, на фестивалот и списанието Поетека, како и во организацијата на книжевната резиденција во Тирана.

ОкоБоли главаВицФото