Полицајци плачеа кога ги прашувавме што и кого бранат

06.05.2015 03:05
Полицајци плачеа кога ги прашувавме што и кого бранат

Стоејќи пет часа пред гневната топла која ги повикуваше на солидарност, им нудеше вода и ги прашуваше како ќе им објаснат на своите деца што бранеле денес, во дворот на Владата, многумина од нив плачеа. Тројца од кордонот, пред мои очи. Една девојка му ги бришеше солзите на полицаецот пред неа. Беа посрамени, колку и да се трудеа да го скријат. И тоа кога им велевме дека се дел од нас, не кога ги пцуевме. Одзади се слушна: „Отстапете! И ние сме без работа, не е толку страшно!“. Без ронка комичност. Не успеаја. А сепак, на нив се створија човечки лица.

Но, кој никогаш не робувал на системот, нека го фрли првиот камен!

Тргна сплотената машина наспроти купче лути луѓе без стратегија.

Лесно нè потиснуваа долж улиците, ко шинтери со бесни кучиња.

Газеа што ќе најдат на патот. Се разбира дека сите, порано или подоцна, бегаа. И оние кои со раце кренати во воздух се обидоа да стојат што подолго и помирно в лицето на стампедото од црни чизми, а уште повеќе оние кои гаѓаа со камења за веднаш потоа да фатат магла.

Имајќи го на ум возвишениот идеал на правдата и солидарноста, валидна е дискусијата дали е попаметно да гаѓаш ѕид од желки со камења откорнати од тротоар и да бегаш, или да застанеш мирно и непоколебливо пред нив, формирајќи ѕид од луѓе кои нема да се повлечат.

Дали беше брутално? Дали беше јебено гнасно до степен да те јадат морници и во наредниот живот? Дали на крајот на денот, полициското насилство одекна моќно на грбот на граѓаните, веќе доволно поништени и згазени?

Оваа слика нема уште долго да ми се симне од пред очи.

ПРОТИВ КОГО СТЕ ТРГНАЛЕ?

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото