Само они, ебате, не се криви за ништо!

06.05.2015 03:27
Само они, ебате, не се криви за ништо!

Беснеат страсти, луѓе се колат по коментари.

И сите забораваат пар работи.

Прво, некои луѓе го лажеа народот во очи пред пар години, а сега ги фатија со спуштени гаќи. Народот си слушна. Или, вие мислевте дека луѓето излегоа на улица зашто им беше топло по дома? Или зашто Заев им заповедал така? Ај не заборавајте што ги збесна сите денес. Во кого е кабаетот. Кој имаше убијци во обезбедување. Ама ете, народот е крив.

Второ, некои луѓе упорно и систематски ги доведоа граѓаните во ситуација да се чувствуваат игнорирано во секоја можна прилика. Некои луѓе, на пример, не укапираа дека пленуми и граѓански организации не се прават од што ти е убаво, туку од што си незадоволен. Ама, „мана-мана-ту-туу-ру-ту-ту“, истите луѓе решија дека тоа ќе го игнорираат до последен момент. И така го оставија да порасне. Ама ете, народот е крив.

Трето, некои луѓе немаат доблест да излезат пред граѓаните, а имаат навика „да се кријат по два-три дена и нигде да ги нема“, како што слушнавме денес. Некои луѓе немаат доблест, не – немаат никаква намера да си дадат оставка. Никогаш и за ништо. Па макар те убедиле дека зеленото не е зелено, туку има розе туфни. И уште будала ќе те направат. Ама ете, народот е крив.

Четврто, и многу битно, тие луѓе изгледа денес ја оставија полицијата да гори. Смислено и безобразно. Со заповедите, со инструкциите, со однесувањето, со тоа што ѝ рекоа „средете!“ и се вратија во својата глувчешка дупка. Денес целиот гнев е свртен врз полицијата, која ја претера секоја мерка. Ама вистина е и тоа дека некој направи ситуација, дозволи, инструираше таа да претера. Тие луѓе, а не народот, ја направија дешавката. Зашто немаа доблест, кога видоа дека работите малце се преебуваат, да пробаат да смират топка. Зашто, нели, требаше да излезе дека СДСМ и Сорос го напаѓаат поредокот, ко што одма и прочитавме кај Курирци. Зашто ги оставија граѓаните и полицијата да се ќофтаат и, без да им чуе лево уво, си отидоа дома. Ама ете, народот е крив. А и полицијата е некако крива.

Народот е крив. Службите се криви. Полицијата е крива. Сорос е крив. Заев е крив. Бранко е крив. Пленумите се криви. Студентите се криви. Пушачите се криви. Педерите се криви. Вегетаријанците се криви. Сите се криви.

Само они, ебате, не се криви за ништо.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото