Европските архитекти говорат за „Скопје 2014“

02.03.2010 11:19
Bild-1.jpg

Иако има мешавина на стилови и неоригиналност, сепак анимацијата за „Скопје 2014“ има и позитивна страна - може да биде подлога за темелна дискусија и изнаоѓање решенија за нешто подобро, сметаат европските архитекти.

Собрание на Република Македонија со купола слична како онаа на германскиот Рајхстаг; Споменик на паднатите херои кој потсетува на берлинската Зигесзојле, односно Столбот на победата; Порта Македонија како прочуената Триумфална капија од Париз - сето ова и многу повеќе треба да го има Скопје во 2014 година.

„Се прави напор на градот да му се даде една контура, едно лице, една форма, просторна целина. Поставувањето споменици на националните херои говори за реализмот со историски паралели. И тука заедички станува збор за говорот на формата, а не функционалноста. Значи формата е класична, но не знам што навистина тука среде улица бара една Триумфална капија?", коментира за македонската програма на радиот Дојче веле Нина Неделков, една од водечките архитекти на Берлин, која во минатото како член на германската Комора на архитекти го посетила Скопје. Според неа, паѓаат в очи историските елементи. Сака да се пренесе една размисла за историзираниот град во која сите добро се чувствуваат. Но, доколку се анализираат деталите впечаток е дека не е така. Констатира дека е лоша копија, и е зачудена зошто ја нема модерната архитектура и зошто немало меѓународен конкурс за да се изнајде подобо решение.

Не е слика на денешнината

„Прашање е дали мешаницата од стилови е вистинска слика на денешното време. Филхармонијата е едно делче модерна архитектура, која во филмот делува изгубено. Дали е добра или лоша не сакам да коментирам. Но мојот впечаток е дека во градбите ја има аналогијата на големите урбанистички планови на Романија, односно има враќање наназад.“ Сепак според Неделков колку и да е лошо направена сепак замислената идеја за Скопје во 2014 има и добра страна. Понудениот, како го именува генерален план, е одлична подлога за темелна дискусија. Особено за архитектите и урбанистите од Скопје, кои посебно ги цени и кои имаат добра традиција во модерната архитектура. Ова треба да биде своевиден предизвик тие да дискутираат и добро да ги испланираат предвидените објекти од колажот.

Одговорноста на архитектите

Кој сноси одговорност ако некој проект е грд и далеку од она што е белег на денешнината? Оние кои финансираат или архитектите?

„Како архитект всушност немате моќ. Ако сте мој клиент не можам да ви кажам што треба да направите. Ако сте локален политичар уште помалку. Но, може да се обидам да ве убедам, да се заложам, да бранам нешто што сметам дека ќе биде корисно и ќе ги задоволи не само приватните туку и јавните барања", подвлекува водечкиот светски архитект Сер Норман Фостер кој е автор на стотина модерни зданија во Британија, Америка, Блискиот и Далечниот Исток, но и обновениот германски Рајхстаг.

„Копирани” објекти

Во некои од планираните, архитектите препознаа веќе реализирани објекти. За Уставниот суд Педро Мореира, бразилски архитект кој живее и работи во Берлин вели дека објектот наликува на стоковна куќа за новите богаташи од Сан Паоло, Бразил каде има над 200 продавници на дизајнери.

„Шокиран сум што некоја сака да му направи толку страшна работа на еден европски град. Во име на националниот идентитет сака да се создаде нешто што наликува на хотелот во римски стил - Палатата на Цезар во Лас Вегас. Секако дека една нација мора нешто да изгради да се потврди. Но, тоа не може да се прави со фалсификување на минатото, туку со позитивен поглед во иднината," доплнува Дејан Суџиќ, прв човек на Венецијанското биенале за архитектура во 2002 и актуелен директор на Музејот за дизајн од Лондон.

Извор: deutschewelle.com

mene kako laik vo

mene kako laik vo arhitekturata mi se dopagja. ednostavno podrzuvam se sto se gradi pa makar i bez dozvola. Da ne me svatat pogresno deka podrzuvam anarhija tuku sakam da kazam deka toa sto e ubavo go odobruvam. konkretno kapijata ne mi se dopagja i crkvata ne oti nema dovolno prostor za edo takvo zdanie za a ne so e crkva.

ova politicarite so se bunat

ova politicarite so se bunat od opozicijata totalno gi svakjam. neka se molat deka*MAITE* so svojot kalendar bile vo pravo pa nema da ja docekame  2014 i taka kje im bide pomal rezilot. ha ha ha. neka se gradi be neka radef ljudi za korku leba.

a mislam deka e vreme ovie

a mislam deka e vreme ovie temi da se zatvorat zatoa so nekni prosetav niz plostad i tamu e edno golemo gradiliste i vekje toa ne se zapira ako nekoj misli deka moze da se zapre ja mislam deka proektot 2014 so realizacija vekje dojden do 2012 taka da glupo e sega da sopira . so fajde od toa???? ovaka da ostajme neka go dovrsat daj boze i da vidime togas na so sevkupno kje lici. oti nie neroden petko kapa mu skroivme pa i na sud vekje kje stigneme so ovakvi razmisluvanja. te barok marok te ne odgovaralo so ova ona te nemalo za pesacite prostor te trte te mrte aj dosta trtomudennje i toa najvise od tie so dosega eden klinec ne ostavile zabien. na kraj na kraiste SO IMASE DOSEGA NA PLOSTADOT i so treba da branam????????????????

Pomegju mislenjata na

Pomegju mislenjata na svetskite arhitekti i mislenjeto na komentatorot Vlado, sepak se odlucuvam za arhitektite. Izvini Vlado.

Се прашувам дали сум луд, или

Се прашувам дали сум луд, или дали се гушиме во простотија... Па добро бе, што треба да се случи за да не се изгради овој циркуз низ Скопје? Господ да се симне, да рече дека му е преку нос од мајмунлаци? (И тогаш, сигурно ќе се појават Коце и Грујо, со копачот и со лопатата (respectively) и со тој Жан (со шестарот), ќе питаат Бога - „А Боже, дај кажи, што имате таму горе, дај некој урнек... да туриме и тука некоја Рајска Капија, па да види светов низ кој град Бог по улици шета.“

Ги гуглав наведените светски

Ги гуглав наведените светски архитекти за кои никогаш не сум чула и не најдов нивни дела на интернет, доколку не се само бирократи во некои здруженија, може ли некој да посочи сајтови со нивни портфолија.

да, и ја одма ги проверив на

да, и ја одма ги проверив на гугл ама ги нема...се што најдов е дека ја издале Zurück am Wannsee - Pedro Moreira, Nina Nedelykov за куката на Макс Либерман во Берлин...не дека нешто го бранам проектот...ама "водечки архитекти во Берлин"?????? мислам, не мора да си водечки било што за да видиш дека проектот е ужас!!!

ок, јас мислев на нина и

ок, јас мислев на нина и педро...не мислев на деан суѓик и фостер

Сер Норман Фостер направил

Сер Норман Фостер направил слична купола

 Научи да гуглаш

 Научи да гуглаш поубаво: 
http://en.wikipedia.org/wiki/Norman_Foster_(architect)
http://www.fosterandpartners.com/Practice/Default.aspx
Ај за другите потруди се, не бива се од други да чекаш.

Ја, па, на гугл се обидов со

Ја, па, на гугл се обидов со Дејан Судиќ... Ептен е референца!

http://en.wikipedia.org/wiki/Deyan_Sudjic

 Барај, и ќе најдеш - тоа е

 Барај, и ќе најдеш - тоа е библиска... Јас веднаш го препознав Дејан Суџиќ, бидејќи поседувам една монографија /Design in Britain/ чиј уредник е токму тој, таму заведен како Deyan Sudjic.

taka e.

Така е Владо. Да оставиме да се изгради, па после ќе видиме чини ил не. Или со други зборови: три пати сечи, еднаш мери или подобри лечи, отколку спречи. ;) 
 

Слични содржини

Јавни Простори / Историја
Општество / Јавни Простори
Јавни Простори / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото