Полицајци, откажете ѝ послушност на врхушката на МВР и Гордана Јанкуловска

06.05.2015 17:24
Полицајци, откажете ѝ послушност на врхушката на МВР и Гордана Јанкуловска

Ги повикувам сите полициски службеници, во Бирото за јавна безбедност, во УБК и во другите Сектори, кои се професионалци во МВР и кои размислуваат со своја глава, веднаш да ѝ откажат послушност на врхушката на МВР и Гордана Јанкуловска.

Нека ви биде јасно дека секоја нивна наредба е кривично дело, за кое се одговара, согласно позитивните законски прописи и Уставот на Р. Македонија.

Одговара наредбодателот, ама и извршителите, вие барем тоа го знаете. Девет години ве лажат дека ви ги подобриле условите за работа, ви ги покачиле платите. Ама сами знаете дека не е така, дека сте на работ на егзистенцијата и дека едвај врзувате крај со крај, додека тие веќе го натоварија бродот, и испокрадоа сè што може да се покраде. Нивните сметки во странство се преполни.

Затоа, немојте да дозволите да ве искористат и да станете соучесници во нивниот криминал. Сите слушнавте со свои уши што мисли за вас Гордана Јанкулоска и со какви погрдни зборови ве нарекува.

Немој да се плашите, одважете се. Време е. Тие не ве плаќаат со нивни пари, туку со пари од народот. Ништо не ви можат, ако покажете отпор и масовност. За вашиот народ се работи, за вашите деца, внуци, сестри, браќа, братучеди. Впрочем, секое раководство на МВР доаѓа и си оди, вие останувате.

Тие не ја бранат Македонија, тие само си ја бранат сопствената кожа и украдените пари од сите нас, народни, државни пари, зашто знаат дека ги чека робија.

Немојте да тепате и пукате во својот народ, спуштете го оружјето, извадете ги шапките. Солидаризирајте се со народот, со младите.

Преминете на вистинската страна и ќе влезете во македонската историја како херои на денешницава.

Тие, без вас, се никој и ништо!

(Авторот е долгогодишен началник во МВР и поранешен помошник министер)

Извор: Фејсбук профилот на авторот