Латас, нема да ви помине идејата дека спасот на режимот е спас на Македонија!

07.05.2015 12:20
Латас, нема да ви помине идејата дека спасот на режимот е спас на Македонија!

„Lazesh Latase, al vam i sad nece proci!“ - вака Џелал Хоџиќ ја почнува својата колумна во која дава низа одговори на главниот и одговорен уредник на телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас по повод неговата колумна објавена во дневниот весник Вечер под наслов Тито Поручуе

 

Латас, не седи Тито со твојот Слобо, ниту пак Киро седи со Слобо, тој го чека својот суден ден, ја чека својата казна за стотици илјади невини жртви во Словенија, Хрватска, Босна и Косово.

Југославија се распадна, црни Латас, бидејќи четниците како Милошевиќ во име на Југославија создаваа голема Србија. Бидејки твојот Слоба не прифати план за спас на Југа, план кој го понудија мојот Киро и мојот Алија, а Словенија и Хрватска тој план го прифатија.

Југославија се распадна поради лажните Југословени, такви како ТИ и твојот Слобо, бидејќи таква Југославија каква што ти и твојот Слобо сакате, веќе никој не сака. Таква Југославија, каква што ти и твојот Слобо сакавте, се смрачи во очите на Словенците, Хрватите, Босанците, Албанците, Црногорците и Македонците. И затоа, Латас, твојот Слобо таму горе не е во друштво со мојот Тито и мојот Киро.

Лажеш Латас и тогаш кога велиш дека твојот Никола се грижи за мојата Македонија, Токму тој, веќе девет години систематски ја уништува Македонија. И лажеш Латас, дека тој твој Никола седи со Бранко. Бидејќи, разликата помеѓу Бранко и твојот Никола е истата разлика помеѓу Тито и твојот Слобо. Погоре ти објаснив, а тука ти повторувам: Тито е на едната страна од историјата, а Слобо е на другата страна од историјата. Така е тоа Латас, Бранко е на едната страна од историјата, а Никола на другата. Деновите, неделите и месеците кои се пред нас ќе ја покажат вистината, а ќе види цела македонска јавност дека Бранко и Заев, со сите граѓани на Македонија, во борба против твојот Никола, ќе ја спасат оваа земја. Бидејќи таква Македонија, каква што ТИ и твојот Никола сакате, веќе никој не сака. Таква Македонија, полна со омраза веќе прикажавте во очите на Македонците, Албанците, Бошњаците, Србите и сите други народи кои живеат во Македонија.

Латас, оваа земја Бранко и Киро ја спасија од војната на Милошевиќ. Бранко во 2002 година ја извади Македонија од тотална војна, и од држава која не контролираше една третина своја земја, создаде држава која е кандидат во ЕУ, а твојот Никола, оваа земја од 2006 година ја уништува со путинските методи и ја бутка кон Русија. Ова е голема разлика, Латас.

Не ви помина, Латас, не ви помина идејата дека борбата за голема Србија ќе ја прикриете во борба за Југославија. Нема ни да ви помине идејата за спасување на режимската фамилија да ја претставите како борба за Македонија.

И сосема на крај, ќе ги искористам зборовите на Алија Изетбеговиќ, кога тргна да ја спасува Босна од Милошевиќ, а пред нас се денови, недели и месеци кога Македонија треба да се спасува од нејзиниот Милошевиќ: ВО ЕДЕН БОГ СЕ КОЛНЕМЕ, ДЕКА РОБОВИ НЕМА ДА БИДЕМЕ!

Извор: reporter.mk
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото