- Фарса - зашто некои фарсични ликови ги узурпираа сите сегменти на животот;
- гротеска - зашто нивното делување, нивното самофалење и нивните амбиции се претерани, а сето тоа е во несклад со нивните морални и ментални капацитети;
- пародија - зашто до пародија се доведени сите системи во земјава: парламентарниот, судскиот, образовниот итн.;
- театар на апсурдот - зашто не постои народ на светот, освен нас, кој би прифатил да живее во ваков вид инверзна логика;
- комедија - зашто владејачката елита со своето медиумско слугинство се забавува во оваа неронијада во која живееме;
- трагедија - зашто сите овие измешани жанрови одземаат животи на невини луѓе, а луѓето им го даваат својот глас на убијци.