За ГТЦ

16.05.2015 10:51
За ГТЦ

23.04.2015, 23:00 часот, Плоштад Македонија

 

Што е тоа што сега, после толку гушкања, топлења, зградочитања како и толку стручни и научни кажувања, може дополнително да го кажеме за објектот на ГТЦ. Ништо друго освен уште еднаш да напоменеме дека да се зборува за квалитетите на истиот во кратки црти е невозможно и неблагодарно. Архитектонските и културните вредности на овој архитектонско-урбанистички ансамбл покажани и докажани низ текот на неговото четиридецениско битисување во просторот и во менталитетот на граѓаните на Скопје недвојбено го ставаат во редот на објекти од универзално значење на нашето културно и градителско значење. Зашто тој е најголемиот доказ за постоењето на нашето градителско наследство, независно дали е анонимно или авторско дело. Тој е најголемата вредност на целото наше неимарство, без разлика кој е неговиот творец, зашто сега сите треба да констатираме дека е производ на нас самите. ГТЦ е градба која секоја генерација наново ја открива и на нов начин ја доживува. Објектот на ГТЦ поседува значења разновидни по својата суштина, но кои меѓусебно се поврзуваат и стопуваат во една снажна слика на хармонична целина. Таквата целина се истакнува со бројни нивоа на значења и сложени вредности. Затоа, на оние кои во него ја гледаат сликата на соцреализмот и на интернационалната архитектонска униформност можеме да им кажеме дека тој е не модерен, туку постмодерен објект кој не раскрстува со историската контиуирана матрица, туку напротив, се надоврзува на традиционалната урбано-морфолошка матрица на двеилјадигодишната традиција на Скопје како урбан ентитет.

И сега, после две години од првото „гушкање“, среќен сум што повторно стојам на овие мермерни „соцреалистички“ скалишта и не сум поставен и „стиропоризиран“ на некој релјеф од фризовите на оваа „јади бурек архитектура“ под која стои натпис – „Старосоцијалистички архитект во старосоцијалистичка носија – машка“. Затоа, дечиња фасадерчиња со своите дечиња менторчиња, тргнете ги вашите недоветни рачиња од нашата архитектура, нашиот идентитет. Да остане ГТЦ, да остане да сведочи за нашиот културен континуитет, зашто само така ќе можеме да го заслужиме епитетот: Македонија, колевка на културата!

Фотографија: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Став
Активизам / Јавни простори / Став
Јавни простори
Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото