Кога убиецот бара пари за некрологот на убиениот!

16.05.2015 17:30
Кога убиецот бара пари за некрологот на убиениот!

Фамилијата на Васил Мицковски платила 2.500 денари за да ја објави смртта на својот човек во весникот што Васил го основал. Толку побарале во МПМ! Како кога хиената би побарала од антилопата паста за заби за да биде со добра хигиена на устата додека ја јаде својата жртва!

Експертите проценуваат дека со тие пари господинот Срча Џам Шише, алијас Срѓан Керим, може да ја смени сијалицата во претсобјето на големиот пентхаус на Менхетен! Со еколошка светилка која нема да ја возбудува на секс неговата партнерка додека тој размислува колку пари може да ќари ако продолжи да се глупира околу спасот на планетата од глобалното затоплување и на Никола Груевски од глобалното оладување на светот за системот на неговиот кретенизам и на него како кретен!

Срчата си го купи пентхаусот од парите што му ги украде на Васко; тоа се акциите на Васко, неговиот основачки капитал, неговата кариера, неговиот живот. Сè во пентхаусот на Шишето е од Васко. Добро, сигурно има по некој фикус или балкон од мене или од Ерол, од Манчо или од Попе.

Ѕверот се појави со идеја да нè уништи нас, да нè декапацитира, да нè разбрка, за да може да ја постави платформата на груевистичаката медиумска гиљотина за нормалноста.

Шишето е најголем мирновременски злосторник! Стока која ги бута опљачканите пари на Васко и на неговите другари и ги праќа во своите светски сефови во шишиња!

А на опљачканата фамилија на која ѝ го убил човекот, ја создал атмосферата во која ќе падне болен и ќе умре еден од најпрекрасните умови во Македонија, на семејството кое не може да се собере за најосновни финансиски издатоци, му бара 2.500 денари за некролог во весник!

Како јас да барам од неговите да ја платат струјата што изгорела во неговиот газ од голата жица што му ја бутам во газот!

Стока! Ако се случи во овој луд свет да го изберат за генерален секретар, јас ќе го напишам и платам некрологот за Обединетите нации!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња