Ние не сме ВМРО и преку такво ни е од ВМРО, ама сме луѓе, само да знаете!

19.05.2015 09:30
Ние не сме ВМРО и преку такво ни е од ВМРО, ама сме луѓе, само да знаете!

Проаѓам сеа од пред влада накај дома низ ГТЦ и глеам 2-3 тетки, пар чикици и некои напудрени девојчиња од охридско-кичевско, преморени, изгубени, скоро колабирани. Прашуваат кај е улица Железничка, таму им бил автобусот што ги донел на митингот на ВМО. Двајца клинци им покажуваат накај железничка станица и им викаат: само право низ трговскиот и по кеј.

Тргнаа луѓево, а јас не можев да издржам и им викам на децава: абе зашто ги мафтате луѓево коа гарант знаете дека Железничка е позади Рамстор. Едниот ми вика: знам бе, нормално дека знам, не сум од Марс, ама кој ги врти тоа вмровците, нек доаѓаат па на митинг друг пут.

Им викам: абе не е убаво, има и стари луѓе, плус нели се бориме ова Гомнолендов да стане боље место за сите и секој треба да покаже пример дека ние сме бољи и дека мислиме со свои глави.

Едниот клинец срипа на точак, ги стасуе, им објаснуе кај е правата улица Железничка. Луѓево не сфаќаат и клинциве на крај им викаат: ај ќе ве однесеме, ние не сме ВМРО и преку такво ни е од ВМРО, ама сме луѓе, само да знаете.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Томислав Георгиев