1022 hPa
66 %
10 °C
Скопје - Сре, 10.12.2025 14:59
Мошне сум нежна наречи
Ме камилица
Прстите ми се кревки прави
Цркви по твојата рака моите нокти
Перца од ангелски крилја милуваат јас сум
Лето есен дури зима во пролет
Да бидам со тебе сакам
Ќе ми ја покажеш земјата ќе чекориме
Од езеро до езеро за тоа е потребен
Долг среќен живот
Риби се две
Птици градат гнезда ние
Стоиме на ист лист.
Препев: П.В.
Сара Кирш (Sarah Kirsch, 1935-2013) е една најголемите германски поетеси. Објавила повеќе од 40 книги поезија и поетска проза. Со својот живот и со своето дело таа зборува за германската стварност многу повеќе од актуелните историски и филозофски расправи. „Причините зошто пишувам се поклопуваат со причините зошто живеам“, беше поетското и животното кредо на Сара Кирш.