1021 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 23:59
Пак се пријавив во Вашата војска, Велможо!
Спремна сум да ги слушам Вашите заповеди и костенот
Ќе го извлекувам со обете раце во секое време од огнот.
Водете ме на ова или она место, во најлош случај
На бесилка. Кога со мене ќе биде свршено, Вам
Ќе Ви го стават моето срце во крпче од свила, така
Тоа јас го сакам.
Препев: П.В.
Сара Кирш (Sarah Kirsch, 1935-2013) е една најголемите германски поетеси. Објавила повеќе од 40 книги поезија и поетска проза. Со својот живот и со своето дело таа зборува за германската стварност многу повеќе од актуелните историски и филозофски расправи. „Причините зошто пишувам се поклопуваат со причините зошто живеам“, беше поетското и животното кредо на Сара Кирш.