1034 hPa
74 %
-4 °C
Скопје - Пон, 19.01.2026 08:59
Во одредени периоди, тоа би можеле да бидат
Дванаесетте коледарски ноќи, нашите мажи, од кои
со караници се раздвоивме, имаат одредена моќ над
нас. Тоа не смеат никогаш да го дознаат. Можните среќни
констелации нека им останат скриени, бидејќи
на слични такви никогаш веќе нема да се понадеваат, а и ние
во седумте достапни години им останавме чудно
туѓи. Овој текст ќе го направи она што
преостанува. Да ги зацврсти во деновите, кога од нас
ништо не можат да добијат. Секогаш во погрешно време
ќе посегнат по телефонот, а тоа ќе делува така што
со години ќе останеме верни на нашата последна љубов.
Препев: П.В.
Сара Кирш (Sarah Kirsch, 1935-2013) е една најголемите германски поетеси. Објавила повеќе од 40 книги поезија и поетска проза. Со својот живот и со своето дело таа зборува за германската стварност многу повеќе од актуелните историски и филозофски расправи. „Причините зошто пишувам се поклопуваат со причините зошто живеам“, беше поетското и животното кредо на Сара Кирш.