Ставрески со предавање во контра-кампот: „Како да трошиш за чоколадо, а дома да немаш леб“

25.05.2015 10:15
Ставрески со предавање во контра-кампот: „Како да трошиш за чоколадо, а дома да немаш леб“

Скопје, 25 мај 2015

Продолжува серијата обраќања во контра-кампот пред Собранието каде пред Чуварите на фотелјата на Груевски се редат низа познати личности од јавниот живот во Македонија, кои исто така се исклучително загрижени за задржување на статус кво ситуацијата.

Вечерва во 19 часот во контра-кампот ќе се обрати министерот за финансии Зоран Ставревски, кој ќе одржи специјално предавање наменето за лудаци на тема „Како да трошиш за чоколадо, а дома да немаш леб“.

Според очекувањата, Ставрески на контра-камперите ќе им објасни како изгледа со години сите да ги правиш будали, а истовремено и самиот да се нервираш, но сепак да имаш самоконтрола и да не дозволиш да те поведе внатрешниот порив да му го скршиш телефонот од глава на кумашинот.

Чуварите на фотелјата на Груевски ќе научат како да ја уништиш економијата во една држава и да ги задолжиш идните генерации, а истовремено да ги потплатиш повеќето медиуми за да те фалат дека си ја преродил државата.

Извор: kozanostra.net