Самите ќе си ги извадиме очите

26.05.2015 10:58
Самите ќе си ги извадиме очите

Почитувани пријатели! Што е ова што се случува? Што е ова што нам ни се случува, како сме закрвени, нас’скани еден на друг... не треба друг, ние сами ќе си ги извадиме очите. Пред Велигден бев на пазар, колку пари марулчево, прашувам. 40 денари, ми вика. Е кај се сега тие од владата, да му ебам сестрата, да ми да’т субвенција за да можам да купам едно марулче за Велигден... Од другата страна еден продавач ми дофрли: ајдеее, глумец, и ти стана комуњар! Не сум комуњар бе, говнар, јас во времето на бившио ненароден режим бев комињар, во визбата 350 кила вино имав турено комињарник, две полоинки свински клаени во замрзнувачо, обавезно картон масло резерва и врејча брашно, а сега не можам едно марулче да купам.

Отидов в кафана, чудна некоја атмосфера, седнати на маса по два-тројца, не разговараа, цело време нешто шушкаа, една ладна атмосфера, морници по снага да ти лазат. И добардено на комшијата не е појче добарден, си дојдов дома разочаран, изнервиран. Во меѓувреме доаѓа сестра ми Летка. Виде бате што му напрајвме! Уште три бомби имаме. Абе сестро, глеј си со здравјето, ми кажаја дека си била на болница. Сакав да идам на болница, бев на болница, ми кладоја систем, полежав некој са’т и се вратив дома... Е па сестро, остај ја политиката, гледај со здравјето, шо можам јас или ти на 67-69 години, да фрламе бомби, да туркаме влади? Сестра ми почна нешто друго да зборува, јас ѝ се извинив, се завртив на другата страна и го угаснав телевизорот.

Извор: Фејсбук профилот на авторот