„Ние сме Хармсоиди“ – книжевна вечер посветена на Данил Хармс

26.05.2015 11:44
„Ние сме Хармсоиди“ – книжевна вечер посветена на Данил Хармс

27 мај, 21:00ч. Младински културен центар

„Ние сме Хармсоиди“ – книжевна вечер посветена на Данил Хармс

„Си бил еден настан во МКЦ посветен на Данил Хармс. Но тој настан немал ниту организатори, ниту светло-мајстори, ниту тонци. Немал ниту читачи, ниту перформери, ниту изложби, ниту аукции, ниту Пекинезери што летаат. Немал ниту концепт, ниту контекст, ниту коктел, така што е нејасно за каков настан станува збор. Тогаш, најдобро е воопшто да не зборуваме за тој настан.“

Данил Хармс бенд:

Бојан Петков - Шамба (гитара)
Иво Солдатовиќ - Роко (кларинет)
Јордан Костов (хармоника)
Зоран Велковски (бас)
Владимир Лукаш (слајд уисл)

Читачи:

Иван Шопов (читач и модератор)
Ѓоко Здравески
Елена Митреска
Жарко Иванов
Биљана Стојановска

* * *

Во текот на читачките акробации ќе има аукција на принтови од цртежите на Хармс (како и на цртежи инспирирани од неговите песни/раскази) на која ќе можете да се расправате и наддавате со лицитаторот Иван Хармсович Шопов.
Затоа, не заборавајте да си понесете „кеш“ во форма на капаче од пиво испиено пред МВР, привезок за клучеви од стан во Охрид, прамен од коса (ќе биде исечен од лицитаториусот лично), нокт од палецот на вашата симпатија, како и безброј други глупости кои ќе ви паднат на ум.