Мактел за Офф Нет е факинг Њујорк Тајмс!

26.05.2015 12:03
Мактел за Офф Нет е факинг Њујорк Тајмс!

Бетмене, Мактел за Офф Нет знаеш ли што е? Факинг Њујорк Тајмс! Кога ќе ми текне дека моето мило порталче во моментов е на судска дебата во пет судски процеси во основен суд и спроти мене седат Ивона и Латас кои се тресат извадени од кожа зашто сме ги погодиле право у чмарот па довлечкале адвокати и наместо да се тркалаат во тоа пештерата они губат пола ден во расправа со мене дали биле или не режимски курви, и кога ќе ми текне дека некој во ДПМНЕ им наредил на двајца црепови една недела да дремат во грмушка цели ноќи маскирани и со шипки чекајќи ме сам во ноќта за да ме претепаат, па уште за мене реагира ОБСЕ, ЗНМ и ме има со скршена глава во сред вести на Телма, 24 вести па Алсат М дури пола дневник ми го посветија мене, тоа уште повеќе ми го полни срцето. Затоа моето Мактелче за вашиот Офф Нет е јебени Вашингтон Пост бре човеци! Кога вие ќе се судите со Латас, кога вас ќе ве тепа режимот?! Па вие сркате супа со Илче Гебелс и Иво бе битанги! Вие свесни ли сте дека се македонските кустурици (баш налик на Емир кој пиеше кафе со Слобо истиот ден кога се убиваа муслиманите во Сребреница) - исти гомнари сте, исти!

***

...Има непишано правило за ненапаѓање меѓу медиумските куртони. Освен малите закачки на Миленко со Латас, не сме виделе војна во куртонските редови. Додека ние опозициските новинари очи си извадивме. Ама ние се бориме за кауза, а вие сте сите на платен список, Илче ве строи како мали деца па не смеете да се јадете меѓу себе, како дресирани хиени сте у циркус...

***

Види, ја разбирам зошто ти се исмеваш со жртвите на овој режим. Имав еден комшија што, од времето коа бевме деца, цело време тепаше мачки со стап и потоа ги риташе по улица со денови како топка. Тоа е дарба. Така и ти. Ти завидувам на твоето срце кое е толку добро поплочено со олово па си играш мајтап со нас кои сме избркани од работа, по цел ден во судница, оставени без пари, оцрнети во мас медиумите како предавници па дури и истепани со метални шипки и со запалени коли во дворовите. Додека вие со Трендо мезите во Дебар Маало, локате пивце со Илче и Иво, се кезите и си играте курташак со нас.


***

Ти реков зошто се сликам со тебе. Заради дуелот. И не се поканив сам на прославата во Офф Нет на твојот роденден, ти ми се јави и тоа откако почна војната меѓу мене и тебе; значи, тоа е само продолжување на респектот ради фер плеј на тепачката, ваљда не мислиш дека стварно ќе се тепам со тебе ако се видиме? Но јас не те лажам, сум ти кажал што мислам за тебе: дека си копиле режимско. Но ти на Илче такво нешто не си му кажал, напротив, ти него си го сметал за десничарски интелект, така ми пренесе Гацов, си бил опиен од Илче и неговата идеологија.

***

Демек ја сум луд? Погоре и ме нарекуваш чуден човек. За тебе ја сум чудак и лудак. Се мачи твојата психа да ме свари и имаш гасови и запек. Не може да ти помине она што јас го правам. Не знам, Бетмен, ти кои книги си ги читал и кои филмови си ги гледал и кои ти биле идоли. Ја го следам само она што ми е внесено како софтвер. Ја сум како навиен робот кој извршува кодови у рам меморија. Значи, растен сум со стриповите на Загор. Тоа е едно типче со чук кој скока од дрво на дрво и спашава сè што треба да се спаси; кавалер, праведен, никад не зима поткуп, секад се жртвува за сите, сите ги теши, не мисли за себе, се фрла и се тепа за да спаси жени, деца, старци, не се плаши од ништо, секад е насмеан и позитивен, нон-стоп анализира што се случува и што треба да направи наредно за да го спаси светот. Нешто како Тарзан, ама без мајмуни и слонови. Да му ебам матер у пичка на тој што го смислил ликов, ама ја него го глумам цел живот и си патам. Не знам ти у кој филм си. Мене ми личиш на Чико, другиот лик од стрипот, само не си толку дебел, ама и ти како него - сè ти е на мајтап и цело време е со копан у раката и со пијачка и он сè нешто избегава и се губи и блефира...

И не е само он мамето да му го ебам кој ме направил ваков чуден па не можеш да ме сфатиш. Тука се и Валканиот Хари, сите ликови на Џон Вејн, ликот на Брус Вилис од сите делови на Умри Машки, Жан Валжан од Клетници (да не речеш дека немам прочитано ниту една книга, една е барем), потоа сите карактери и од нашата историја, на пример Гоце Делчев и Јане Сандански се отсликани од нашите историчари како големи мадафакери, храбри курајбери кои не ебавале жива сила...

Татко ми исто никад не ги ценел лижогасците, ги презирал врскаџиите, алчните, неправедните, арогантните; по дома секоаш ми влевал чувство на емпатија кон сиромашните, онеправданите, и омраза кон локалните и државните мафијаши и моќници. Никад не сум го чул татко ми да договара заговор, прљава игра, да земал поткуп, да лижел нечиј задник, да се умилкувал, да се преправал пред некого, да бил перфиден, да крадел, да изјавил за некого „ако бе така му треба, кој го ебе, што ти е гајле, глеј си ти твојот интерес, кој ги ебе другите, лажи, мами, биди суров, биди свиреп, немај образ, немај срам, немај достоинство, прај се глуп и луд“ итн... Тоа цело време ми го велеше мајка ми ама ја никад не ја слушав... Кој знае, крајот ќе каже дали се заебав...

Тебе, црни Бетмене, тоа ли те учеа по дома? „Сине, ич кур да не ти чуе, глеј ти да се врзеш со тие кои се на власт, не ги жали тие што се онеправдани, сила бога не моли, глеј си ти чарето, глеј си ти магарето, накриви си ја капата и свиркај си“, тоа ли беа лекциите за пред спиење, Бетменчо, затоа ли не можеш да ме разбереш и за тебе ја сум чудак и лудак?!

***

Стварно планирам да ги контактирам Дежуловиќ и Теофил и да им објаснам со какви пувежи си губат време по Скопје. Да знаат они со каква багра се дружат има една недела да повраќаат. Вие сте една таква негација на сè што тие се, што е тоа неверојатно! Вашите средби мене ми наликуваат на дружење на радикални вегетаријанци со сопственици на фарми за индустриско производство на свињи. (Ова второво подобро го разбирам, во моментов барам кредит за фарма за свињи, тоа е толку заебан бизнис што не се опишува.)

***

Пак подло јадеш гомна. Ти си свесен дека владините милиони по некоја чудна формула не смеат да завршат и на нашите портали, иако се тоа народни пари. Ти исто знаеш дека мака мачеа за опстанок дури и едни К-15 само затоа што спонзорите се плашеле да се рекламираат кај нив. Ти добро знаеш дека тужењата за клевета и навреда се дополнителен притисок на режимските новинари кон критичарите за со партиското судство да ги уништат или заплашат. Пропаднаа редици медиуми поради ова фатално сценарио на режимот. Не за џабе сме паднати на сите мерења на слобода на изразување. Сите ли овие лажат?! Сите ја мразат Македонија? И ЕУ, и Стејт Департментот, и ОБСЕ, и ООН и сите можни агенции и организации поврзани со медиуми?!

***

Јас сум ги пердашел и Заев и Милчин и Љубчо и сè што мрда во сите кампови и од никого не зависам и никому не му го пушам! Камионџијата, Бетмене, самиот си го смислил за да си се утешиш дека пушиш али за велике паре. Јок брате, не пушам ја никому и сум го докажал тоа многу пати. Баш затоа се тие 35 денари за кои ти цело време мрчиш и сереш, за да не мора да му го пушам никому, туку само на моите читатели.

***

Абе ало човек!? Не е ова толку банално како што сакаш да го преставиш. Не е само Ивона, не е само еден милион. Стотици и милијарди се во прашање, договорени со разни Ивони, Сеати, Горановци, Делчевци, дебели од Битола... Не се работи за лична освета и празнење, ова се наши пари украдени со процент за режимските медиски и бизнис крлежи. Што се правиш мутав, бре човеку?! Ова се мои и твои пари кои некој ги украл, па ова и второодделенец ќе го разбере! Кој ти е курац бре?!

***

Повторно го браниш режимот. Сите што сме натепани и со запалени коли сме си заслужиле поради нашите недела. Па еве Душко Млекарот со што заслужи да го малтретираат две години по затвори? Фијат Цановски со што заслужи да го прегазат тотално со се што му направија? Сашо Ордановски? Двајцата Битолчани со запалени коли? Венецот на Борјан? Скршената барака на општина Центар? Шамарите за Андреј зошто беа нарачани? Кршењето на ЛГБТ центарот? Како вика Мијалков на снимките: ВИ ГО СРЕДИВ ВЕЛИЈА НА МОЈ НАЧИН, ГО НАМЕСТИВ ЉУБЕ, КОЛНЕЛ „САШО МЕ НАМЕСТИ“!? Тоа нели се докази? Како викаат Виктор и Гоца, треба да ги сотреме! Или и тоа не е точно? Кафаната да му ја запалиме треба! така зборат! И ти уште се правиш наудрен!

***

На Илче Гебелс му веруваш, на заменик уредникот на Курир, Нетпрес, РСМ и остали куртон портали и медиуми! Човекот кој му помага на Мартин Протуѓер во ебавањето мајка на јавноста преку 24 часа лаги манипулации плукања и говор на омраза на кои пиар шефовите во Северна Кореја нон стоп се удараат у чело со изговор „Како бе ова не ни текна пизда му материна!“ И пази, си го ценел зашто не те опцул. Јаооо људи! Тоа што он помогнал медиумски народот да се лаже девет години а во исто време е како овчар на стадото послушни пратеници во собрание каде поминаа сите небулози од закони и каде се случи и 24-ти декември, за тебе не е проблем, ти му веруваш на човекот. ПАПАПА, кој шарлатан си ти човече, дали си ти свесен?!?!

***

Груевски на сите им огради калап по кој треба да се движат и таа перфектна поставеност му озвоможуваше да владее толку долго. Оцрнети опозиционери со црна пропаганда, пуштени да мрчат на маргините. Но ако јас со герила тактики им направам шоу на мала телевизија - одма отказ; ако им направам бум со мал портал - одма тужби; ако им влезам во вести и на прес во клуб на пратеници со директни прашања - тогаш шипката по глава. Таа е пораката - ништо да не штрчи, што би рекол Мартин Протуѓер од снимките, ПОКАЗНА ВЕЖБА ГОЦО!

***

А што сега и са судиите ќе се правиш наудрен? Добро, ти ги слушаше ли бомбите или кога има бомби се затвораш у бањата ја полниш кадата и гњуриш два саата додека сè да помине? И после се акаш по градов и гласно збориш ако поминеш покрај некој што збори за бомбите? Ти си чул ли таму како се местат судиите? Како се викаат обвинителите на распит кај Гоца? Што се правиш бре удрен со мокра чорапа?

***

Зборот орденчиња во дебатата го спомена едно 100 пати. Како Латас што нон стоп е опседнат со фризурата на Радмила Шекеринска. Целта на Латас е да ја прикаже Радмила како забегана аздисана аристократка. Додека тој ја теши мечката у пештерата со „бедните“ 1500е месечно. Твојата цел е мене да ме преставиш како луд ловец по трофеи, и тоа мали незначајни трофејчиња. Не, Бетмен, ја не ја избрав оваа војна. Таа мене ме избра. Уживам во неа само на моменти, но сепак, тонам на секој план и очајно се чувствувам. Сите тонеме во оваа војна. Сите или стоиме во место или тонеме. Грујо сите нè упропасти. Не сакам да одам со расцепена глава. Не сакам да гледам во темницата и да биде тоа за мене забранета зона зашто ме чекаат можеби неколку батки со шипки. Не сакам да сум со нула салдо на сметката со 35 години во газот. Досега да беше ова нормална земја мојата емисија на тв ќе беше многу гледана и ќе имав заштедено многу пари. Исто е со речиси целата новинарска фела која одби да пуши. Сите сме осакатени од оваа војна за која ти кажуваш вицови и се кикотиш. И бизнисмените и професорите и лекарите и студентите и учениците и професионалците од сите прифили и борците и стечајците и сите оние кои избегаа од Македонија меѓу кои и брат ми. Сите сме поразени. Моите ордени ќе си дојдат, тие ме следуваат. Ама ќе ми се горчливи. Немам стан, немам здравствено осигурување, ниту мојата сопруга е здравствено осигурана, ниту моето бебе. Презадолжен сум, моите роднини се истоштени, голема е цената која ја плаќаме сите. Нападот со шипки наместо да ја прелее чашата имаше контра ефект, сите сега ми велат „абе ова вредело, па овие стварно биле тотално луди, па вреди да се бориме со сите сили да се ослободиме од овие лудаци!“

Тоа е мојата приказна. Но, со што ќе се пофалиш ти после оваа војна која ќе ја добиеме ние против режимот, немој да мислиш дека победата овој пат ќе ни избега... Кои ќе бидат твоите орденчиња? Како ќе се чувствуваш ти кога ќе се откријат сите стотици милиони на фамилијата, кога ќе испливаат сите злодела како гомна на површината, каде во која дупка ќе гледа твојот поглед, у која дупка ќе се криеш од коментарите и реакциите и дофрлувањата, ќе го гасиш ли тогаш фб профилот, ќе одиш ли можеби тогаш во манастир со отец Пимен за да се прочистиш од гревовите?

За жалење си, у суштина, младичу. Да бидеме живи и здрави, ќе биде забавно периодов што следува да гледа човек како процесите ќе ве дробат како воденичарски камења и ќе ве гмечат и ќе ве прават сè поситни и поситни од оваа фатаморгана која сега за себе сте ја створиле во јавноста. Јас сум тука ќе се борам да преживеам и да ве исмевам зашто вие со Трендо тоа и го заслужувате, тоа е вашата сметка од ручеците и вечерите со Иво и Илче.

Линк кон одговорот на Бетмен до Саше

Извадоци од поголем текст на Мактел, 26.05.15.
Слики: Свирачиња