Коце, градот ти врие од змии!

26.05.2015 13:53
Коце, градот ти врие од змии!

Коце, градот ти врие од зимии, до душa главно смокови се, ама лани имаше и по некоја шарка во Ново лисиче. Зошто? Затоа што:

1. Ти ги испосече сите дрвја, а во нивните крошни живееjа „ветрушки“ - вид јастребчиња кои се хранат со млади змиички.

2. Ти уништи (со помош на Грујо) огромен број паркови и жбунести површини и Скопје е станат град без ежови, а ежовите се флит за змии - кај има еж, нема змија. Само во паркчето кај Бристол имаше десетина ежови. Сега таму има грда зграда.

3. Ти го смени ГУП-от и го прекопа пола Водно. Нормално, змиите избегаа надолу и се населија по тревниците во Капиштец и Кисела Вода.

4. Ти сотре и куче и маче во Вардариште и сега нема кој да ги фаќа змиите пред луѓето да ги видат.

5. Ти со години не си спровел акција за елиминација на глувци и стаорци во скопската канализација, па смокчињата си имаат храна колку сакаат.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото