Франкенштајновото јагне

05.03.2010 11:06
frankestajnovoto-jagne.jpg

Група југословенски иселеници во Холандија пред дваесетина години решила за Први мај да испече јагне. Нашле згодна ливада (за малку рекреација, додека се врти јагнето), крај река, неопходна за ладење на пивото. Нашле дури и добро дрво за раженот. Нашле сè - освен јагнето. Од некои (холандски) причини, јагне не можело да се купи. Но, нашиве Холанѓани пронашле друго решение. Откако во десеттата месарница по стоти пат им рекле дека не продаваат цело јагне, иселенициве прашале: добро, но имате ли јагне во делови? И тогаш ги купиле сите фрагменти на јагне што можеле да се најдат во таа месарница. Главата и опашот ги купиле во друга. Најпосле можеле да заминат на својата Првомајска фешта, на својата ливада крај река, каде што со жица ги споиле сите делови во едно наказно тело и таквото конструирано јагне го набиле на ражен. Така си дошле на своето. Со помош на скрпеното јагне кутрите носталгични иселеници како да си ги отелотвориле копнежите по родниот крај.

Оваа впечатлива случка има многу слоеви, културни, естетски и психолошки. Овде ја раскажувам за да укажам на сличноста меѓу Франкенштајновото јагне и панаѓурскиот проект „Скопје 2014“. Ги разбирам емоцијата и сентиментот, ја разбирам и намерата - но тоа едноставно веќе не се прави така. Јагниња не се вртат по приградски паркови. Свињи не се колат по балкони и кади. Кокошки не се чуваат по градски дворови.

Идентитет на една нација не се прави по експрес постапка, во два мандати на една партија. Новиот Македонец не се прави со парчиња собрани по ѓубришта, болнички контејнери и месарници (а кајшто ќе зафали живо месо може да послужи и протетика; на тоа ли мислел Горан Стефановски со своето „Диво месо“?! Месо што нит на живо се смее, нит на мртво плаче? Се сеќавам и како Бред Пит и Едвард Нортон во „Фајт клаб“ правеа луксузен сапун од лојот на дебелите пациенти добиен по липосукција и фрлан во специјални контејнери, од каде што го крадеа славниве суберзивци - еден беше, додуша, ама „идентитарно удвоен“).

Можеби на некој Каспар Хаузер од дивината (така барем мислел доктор Франкенштајн, иако и во тоа се зафркнал!) можеш да му имплантираш „идентитет“ како крпеница од диво месо, кожи и конци (пачворк од Александар, црква, фонтана, JVS реклама, Самоил, Даме Груев, гипсени лавови и пластични лебеди, т.е. „лабудови, лавови, гипсани радови, силикони, џипови, спотови, клипови, арматура, цименат, квадратура, објекат, прави је моменат, да се угради проценат, урбано, урбано, само урбано“). Можеби таа несреќна крпеница можеш дури да ја научиш да го почитува „создателот“ и да изговара „тато“ (јал „создателот“ се викал Пигмалион, Франкенштајн или Груевски). Можеш, велам, опасно да се трудиш, ама ако си на погрешно место и во погрешно време (со идеја за Првомајски пикник во амстердамска месарница) - гротескноста не можеш да ја избегнеш.

Иако сепак треба да се нагласи: наказноста не е вистинскиот проблем на турбофолк проектот „Скопје 2014“, ниту на целокупната антиквизација која власта со инки изобилно ни ја долева во уши и очи. Проблемот е во фушерајот, во евтиноста на измамите, во мрзливоста и во некадарноста (башка она што го вели Рамбо: „прави је моменат да се угради проценат“). Тие дупки што сега со копачи и булдожери му ги задаваат на Скопје - ќе си останат дупки и лузни (и за тоа предупредуваше Горан Стефановски: „Ќе изгинете по некои дупки“).

Гркот (чија копија се обидуваме да бидеме, а кој самиот е јадна копија на западноевропските фетиши за потеклото) за осум години создаде нов музеј под Акропол и потроши за тој импресивен архитектонски потфат 130 милиони евра. Нашиот гротескен водач (водач на новопазарска фабрика за „оргинал левис и супер рифле“), од друга страна, ни вели дека за само 80 милиони евра во текот на осум години сосема ќе го промени центарот на престолнината. И велите, ќе бидеме горди (новопазарски) Македонци со своите 15 нови згради (строго антика и велелепност!), со своите 50 споменици и скулптури, со своите мостови, триумфални порти, куполи и париски коцки, со својот тотално нов и пицнат (новопазарски) идентитет - за брат брату 80 миљончиња! Јако, богами! Стратегија Пепи Национале! Дрога & брендови! Башка религија, башка опиум! Фасада до кулиса! Клипче до спотче. Нација сфатена како тезга на рекламна агенција со знаковито име „Република“.

Велам, не сме дури ни копија! Туку копија на копија! Вистина, ретките преостанати умни и упатени Македонци одамна тврдат дека овдешната ВМРО е фалсификат и дека веројатно отсекогаш и била тоа: бескрајна низа Матрјошки набутани едни во други и вадени по потреба, низ историјата, за оваа или онаа главно бугарска или полициска кауза. Дотолку е „пофранкенштајновски“ што токму ВМРО ја спроведува антиквизацијата! Тоа е бизарност рамна на онаа партизани да спроведуваат фашизам! Но, и покрај лажноста на ВМРО (лажност која се обидуваат како аура да и’ ја закачат на целокупната македонска нација), навистина ги преминува сите политички и естетски граници (дури и оние на понекогаш прифатливото „постмодернистичко“ плагијаторство) олку фушерајски изведената антиквизација на цела една држава!

„Традицијата не може да се наследи“, велеше Елиот, „а ако ви е потребна, господа, морате да ја стекнете со голем труд.“

Не, не, одиме со друг крај, оној од песната на Рамбо Амадеус: „Идемо, радимо, апартмане градимо и муда (лабудова, моја заб.) ладимо“.

слики: Christopher Davison

„Глобус“, 26.02.10.

Солиден текст, и многу добар

Солиден текст, и многу добар пример (со јагнето) за тоа што сакаме да направиме со плоштадот (па и со се друго)... полн погодок!

Франкенштајновото Јагне во Мајмун Град

Навистинa крај нема на шпекулациите,  незадоволствата и желбата на ситно настрвените интелектуалци во конгломератов. И, сега си седам јас пред компјутерот мацкајки ги сопствените уши во сос направен од јогурт и сиот заблажен со работничка зној и пот. Започнувам да копам по виртуелниве окна... Демек, јас сум заштитник на овој - мамалучкиов пролетеријат?! Арно ама, мојата боса и идиотска глава компензира многу рефракции и радијации од најразличните делови на планетава. И?! И... Работите не се така плитки како закланите франкештајновски јагненца. Главата и опашот сега се едно те исто! Те критиката кон овој недоветниов ( Грујо) демек многу јака е... Но во суштина фарсаичноста е веќе болна и за „шашливите магаренца“. А тоа е еден голем безизлез -  или улица во една насока! Ова со матрјошки-те треба да биде стејтмент но би требало да ги научиш и нешто ново?! А овие пак јадури - студентите на see Ajvan University немаат никаков избор туку да бидат франкенштајн јагненца! Каква дрскост да ги навредуваш и Франкенштајн и Јагненцата! И повторно си пилиш ти со приказните од Екс Ју-просторите но-забораваш дека дел од тој заговор си и ти! Но, судијата е од истата магарешка клупа каде што е послан килимот твој.  И преку глава од овие твои клонови идиотски што како обезглавени мудроста твоја ја носат. Неурестенични примадони! Луѓе исплашени од сенки. Овој на кого главата му ја колвеш ( Груевски ) покажа милион пати повеќе доблест од тебе. Што би направил за оваа беда ти? Се прашувам јас... Нешто повеќе?! Се сомневам... Јас ова го исплукав без да бидам платен а ти?! Можеш ли да си го дозволиш тоа? Ти... Револуционеру... Ти.

Манчевски, ме заинтересира

Манчевски, ме заинтересира вашето бладање. Зад тие конфузни магли човек изверзиран во потрагите по љубовта (која е само соговорништво, не?, и очај) може да насети троа хумор и шарм. А тоа не е малку во оваа шугава долина на плачот.

Но, освен примесите на хумор&шарм (кои се откриваат само со КТ, среќа што иам, ко уредник, инсталирано аналогни - на КТ - механизми, зад уво), вашето бладање, Манчевски, за жал, си останува бладање (ко Хамер заглавен во авганистански песок?! не, не, вашето блатиште е паланкава, зашлајфани сте овде ко уљез во Загоровото мочуриште... не, не, уствари, по најново, мочуриштето е преземено, не?, вие сте еден од чуварите, така?, на новиот поглавица?).

Да не губиме време, прштат конспиративни повраќаници од вашата кутричка салата од зборови што ја истресовте на ќошов, акајќи низ „виртуелните окна“. Затоа, размислете, Манчевски, за ова што ќе ви го речам, баш „конспиративно“: кој има корист од тиранското и налудничаво владеење на црниот Грујо со Македонија?! Одговорот е прост: Грците. И, секундарно, Бугарите, Србите, а терцијарно и перспективно и Албанците (во новите кројки што ќе се кројат за сезона 024, 034 итн.) Ваквиот тутучки, хипер-сељачки, шапшалско-ајвански национализам што моментално ја тресе Македонија (т.е. ајванчињата-шапшалчиња налик на вас, Манчевски) - просто како да е измислен во грчките лаборатории, комплет со антиквизацијата (која е срце на грчкиот проект за Македонија, како што беше и пред сто и кусур години).

Груевски речиси е единствената регионална победа на Грција последниве години. Но, Матрјошките се набутани, се разбира: Груевски, па, како што Грците го користат него, тој ги користи овдешниве вечни, не премногу бистри, сјајни за спотери од секаков тип, конспиролози, чајџилничките гревчиња кои во лудилото на сегашната власт мислат дека ги дочекаа своите пет минути.

Та така, Манчевски, и вие се охрабривте, заедно со многуте стаорчиња од дувлата (чии канџиџки ги слушаме врз подрумската срча, памтите?!), да се произнесете (со бладање, како инаку) за светските геополитички токови, низ вашата Матрјошка-верзија. Добра ноќ, Манчевски!

А, да, за парите (ко о чему,

А, да, за парите (ко о чему, кутар Манчевски, овде секоаш работата е во прежувувањето и лебот, не?, во оваа бескрајно јадна земја, без џентлмени, речиси без автономни луѓе, речиси како да си останала истата ориентална касаба од пред вековите).

Спомнав пред некој ден во еден од коментарите: вкупниот буџет за Окно во текот на цела 2009 изнесуваше 10.000 евра. И тие пари се поделени меѓу, отприлика, десетина луѓе. Меѓу кои не сум јас. За цела година работа на Окно, кутар Манчевски, не сум земал ни денар. (се разбира, ова признание е бедно, тотално неџентлменско, на секој нормален би му личело на спин - а Манчевски на платена новинарска будала што поставува наместени прашања - ама вистина е, за жал; вистина е, исто така, за жал, и дека е Манчевски е ноторна будала, ама на таквите се навикнавме и веќе никој не ни замерува, со оглед на тоа кој не’ води... во таква ситуација ваквите ајванчиња-шапшалчиња доаѓаат просто ко некој трогателен „додатак на скупоќу“)

За помладиве читатели, треба

За помладиве читатели, треба да го објаснам тој најсуштински политички маневар: како да го подгреваш екстремизмот кај другиот (механизмот со кој Груевски овде работи за грчкиот екстремен национализам).

Милошевиќ, балканскиот касап, така владееше 13 години (1987-2000). Цело време измислуваше и негуваше некакви уште поекстремни политички фигури (кои реално беа екстремни - Шешељ, Аркан - но под контрола на Милошевиќ; штом нивната екстремност макар малку го загрозуваше шефот веднаш беа мавани по прсти. ил им кинеа глави).

Така и Грција во Груевски конечно најде оправдување за својот национализам што многу често се прелева кон шовинизам и расизам. И најдоброто (за нив) е што тоа ништо не ги кошта! Политичарот сонува за таков рај: ем да нагазуеш максимално по националистичките (популистичките) жици - ем да е џабе!

За жал, ние (ко и сите мали и слаби) го неаме тој комфор. Нашиот национализам чини ужасно многу. Меѓу другото чини и затоа што Груевски и неговите не умеат да најдат (ко Милошевиќ што наоѓаше, мада и тоа е сосема залуден потфат, оти крајот е јасен) некој кој е поекстремен од нив, ниту внатре ниту надвор. Неверојатното (а и тоа збори за степенот на идиотизам на актуелната власт) на нашава политичка сцена е што Груевски е сосема екстремна десница! Нема ништо поекстремно од него, а нападите врз Уставниот суд, невладиниот сектор, медиумите итн. само го зацврстуваат тој радикален политички профил. Дури и реално мошне екстремните десничарски политичари од типот на Љубе Бошковски и Љубчо изгледаат питомо и умерено во однос на вмровското лудило на Ѓорчев, Николовски, Бичиклиски, Груевски итн.

Надвор истата приказна: дури и екстремниот национализам на Дора Бакојани, на пример, почна да изгледа разумно и прифатливо соочен со глупавите и раздразнувачки политики на Груевски. Грчката борба за нивното разбирање на „македонизмот“ од ден на ден изглеа се’ поразумна (а изглеаше сосема луда, ирационална, до пред само 3-4 години).

 

Коментарите на окно се слика

Коментарите на окно се слика и прилика.  Македонија се сведе на адолесцентни дечишта кои мислат дека што поконфузна реченица тоа тие поумни и поначитани.На тоа додади и што посппекулативен (со примеси на јас те знам лично) пристап и и ја добиваш сликата на нашата Врњачка бања. И додај ги ликовите како Гелевски кои на ваквите им обрнуваат внимание и слободно фрли се од прозор. п.с.Коља 10 000 евра помеѓу десетина души за година дена? Па и не сте вие така лош работодавец - каде да пуштам пријава?
 
 
 

Анонимен, никој веќе на

Анонимен, никој веќе на никого не обрнува внимание во земјава. И тоа е проблемот! А не вишокот „обрнување внимание“... Дури и да е клошар, лудак, несреќник, некоја душа изгубена во дигиталнава отуѓеност, некој што блада хејта или лови или се крие - пак е некакво створењце што трепери, емитува некакви сигнали, бара да биде слушнато... Најлесно е да се зачепи (тапата) и да се замолкне! Но, битно е, бар мене така ми изглеа, да создадеме заедница. Ако сакате и под друго име, може: да создадеме „нација“. Граѓанска нација. Одговорност и солидарност. Да се слушаме едни со други. Леви со десни. Сиромашни со богати. Луди несреќници со прагматични калкуланти...

Но, можеби имате право, Анонимен... Може сум го утнал времето... Може лошо го проценувам контекстот... Може не е време за такви потфати...

Драги читатели и посетители

Драги читатели и посетители на Окно, ве молам да се обидете, колку-толку, при коментирањето да се концентрирате на текстовите пред вас. Да баталите кој колку пари земал братучеди станови мајки шајки итн. Многу е ниско тоа. Фрапантно е тоа да ви го објаснувам, но изглеа треба: приватноста е светиња. Тотално заштитена територија, во демократијата (не во полициските сатрапии кајшто приватниот живот на луѓето е база за политички и други притисоци).

Во ептен стариот социјализам по установите имаше натписи по ѕидовите: „Не плукај по подот!“ Имаше, памтам, по амбулантите, едни железни плукалници, за оние што не можат да додржат.

Велам, стварно се трудиме да праиме добар портал, со добри содржини, со мошне пробрани текстови (и преведени и овдешни). И жално е штомногумина од вас ги игнорирате текстовите и содржините и упорно и упорно и упорно - плукате по подот.

Супер текст, токму она што е

Супер текст, токму она што е познато - народот има потреба да верува во величината на некоја своја историја иако таа не постоела, макар и да ја создаде преку зданија и скулптури на воинствени големци, за да има на што да се потпре, да се осети сигурен и колку толку - моќен.

 

 што ние како генерација,

 што ние како генерација, генерации ќе запомниме, што ќе биде нашиот колективен печат, која ќе биде приказната која ќе ја раскажуваме и која ќе биде приказната испишана на маргините. дали воопшто помниме или токму тоа ќе биде нашата приказна: губењето на меморијата [, дали бришеме со shift+delete или правиме low level formatting]. или пак токму обратното, сме се посветиле на реставрација на меморијата и тоа не само на меморијата за себе туку и на меморијата за другите, перспективата од која сме го гледале светот: дали светот ќе го гледаме на стробоскопска светлина или ќе го мислиме со чаша вино е избор кој што сами треба да го направиме, секој засебе!

 што ние како генерација,

 што ние како генерација, генерации ќе запомниме, што ќе биде нашиот колективен печат, која ќе биде приказната која ќе ја раскажуваме и која ќе биде приказната испишана на маргините. дали воопшто помниме или токму тоа ќе биде нашата приказна: губењето на меморијата [, дали бришеме со shift+delete или правиме low level formatting]. или пак токму обратното, сме се посветиле на реставрација на меморијата и тоа не само на меморијата за себе туку и на меморијата за другите, перспективата од која сме го гледале светот: дали светот ќе о гледаме на стробоскопска светлина или ќе го мислиме со чаша вино е избор кој што сами треба да го направиме, секој засебе!
и да, прајте си заедница под друго име ако сакате, не си го утнал времето не се секирај. ние не сакаме, ако сакате прајте си и зимница нас не не интересира. брендирајте се, наречете се само не ни го оспорувајте правото и ние со "паланечки" менталитет да припаѓаме кон заедницата која ја сметаме за своја.

 

 

Коља, не си го утнал времето,

Коља, не си го утнал времето, контекстот да. Види другарче - гледај со кого разговараш. Со дечишта кои се како навиена лента. На секој твој текст (и сечиј друг кој ќе се осврне на паланката во нивниот мозок и ќе ги дирне сиромашките) ти повратно не добиваш ниту трунка повратна критика базирана на некоја логична мисла туку добијаш: станот од Милчин. И на крај, кога ќе се обидеш да им објасниш (неминовно спуштајќи се на нивно ниво - оти друго не разбираат) ти си на крајот хистеричен. И знаеш што е исходот Коља? 50 коментари овде? 50 коментари од долни, ниски, бедни парамециуми на коишто им треба споменик од Александар додека се дават во сопствените говна чекорејќи по партизанска (и по болници, администрации, училишта итн).
Некои умови не се менуваат Коља. Немаат капацитет. Она што треба да се промени во овој проклет свет на дигитална ера во која секој бедник има компјутер е кој има пристап на просторот. Со тоа што им обрнуваш внимание само ги „палиш“ додатно - и спамираат. Со 10 страни текст за тебе јеботе. Гуши тоа...го гуши она малкуто вредно што останало и што можеби сака ете овде да дојде и да искоментира на текстовите - и да се спротистави ама како човек со трунка интелект. Ама не може. Не може од Душко, Киро Велковски и останати партиски теледиригирани роботи. На нормалниот свет му се гади од таквите, па како бега од ТВ, така бега од весници, така ќе почне и од Окно - и да, никој повеќе нема да обрнува внимание - ама нема по се` изгледа на оние на коишто треба оти целокупниот простор па и ете, ваков малку пофин ко Окно го запоседнаа неписмените. Ако сакаш солидарност - спаси не. Зашто не знам за тебе, ама демократија не значи промовирање на шлаем. Ако некој систем филтрира тоа е всушност демократијата. Доста читавме партиски полтрончиња и нивното мислење во стариот систем, затрупани сме од таа „литература“ пак ли тоа? 
И на тоа ти реагирав Коља. Можеби не сум јас во право. Терај како милуваш. Ама јас овде за прв (и за последен пат) коментирам (а читам). Не ми се коментира оти не ми е нивото. А од ден на ден се повеќе се спушта. не за џабе демократските земји филтираат коментари на интернет посебно оние во кои културата на народот сеуште не е на нивото кое системот го побарува. А нашиот систем е демократија само на хартија. ВО реалност е едно село полно сељачишта ко си градат заедници на гордиот им паланечки менталитет. ма што убаво им е. Нека им е.

Анонимен, а од Анонимен не

Анонимен, а од Анонимен не можеш ни да прднеш.

и да текстот ти е супер. Мара

и да текстот ти е супер. Мара и Душко и банда не можат да го разберат. Па не може ни првоодделенец да го разбере Достоевски а ти упорно им го туткаш. Не иде тоа така. Треба да и се тутне на заспаната раја со капацитет да разбере, која е сокриена  на маргините оти ја истуркаа ваквите ко, па да, хистеричното компјутерче наместено на луп, луда Мара.

Анонимен, а да се запрашавте

Анонимен, а да се запрашавте зошто баш тие Киро, Душко, Lazyvlad, и де уште некој, што стално испаѓа дека ви контраат (читај: размислуваат различно од вас), ви се најчестите читатели/коментатори на Окново, а?
 
Да не случајно е проблемот што немате доволно публика? Што пак повлекува прашања од друг вид (дел од нив, ги поставиле и Кировците, Душковците, Lazyvladовците, и другите „овци“)? Или некои прашања не заслужуваат одговор?
 
Ама тоа ти е, кога некој не е кадарен (а показатели за тоа има многу), секогаш топката ја префрла на друг, манифестирајќи неспособност дури ни за да се соочи со себе и со својата некадарност. (Оставам простор и да не е така).
 
Кој што си посеал - тоа ќе си жнее. А ако си жнее несогласувања, константни (конструктивни) критики, и аморфна клонска армија што не знае што прави со себе - можда тој што го сее Окно треба малку да си ја чукне главата и да размисли, нели? Не ваљда крунскиот проблем на темиве овде и на ставовиве, па со самото тоа и на целиов подвиг зависи и е миниран само од тие, шака „овци“? Ако е така - срамота. Ако не - тогаш ајде да го лоцираме проблемот? Оти ја лично, како Анонимен, не ги посведочив нешто „овцине“ да се активни на Окново во последно време. А малку е малограѓански да се оговара друг и да му се крои капа (јали јамка, во случајов), во отсуство. Простиот народ што според вас треба да крка цензура овде, оти не е доволно рафиниран, си има свој речник да ги опише таквите бабини активности (што обично се прават на сред село, пред чешмиче), но ајде, да не давам изговори и за моја цензура (врз основа на недоволна префинетост).
 
Не би да мрчам, ама еве чисто здраворазумска, логична констатација: едно нешто, колку и да е исправно и убаво (ставовите на Окно за Скопје 2014, да ги земеме за пример дека се исправни и убави) - кога ќе фатиш да го штанцаш и копираш во 2000 примерока, и кога за 2 недели ќе извадиш 20 колумни за едната те иста тема - станува досадно, неинтересно, напорно, што е многу природна работа да се случи. Умот едноставно блокира преповторени, преџвакани, спамофилни содржини, и се држи настрана од нив оти му го загушуваат мисловниот процес. Темата (и ставот, доколку премногу се брани, а ставот на Окно достига монструозни, мозокоперачки, сувопарно-пропагандни размери во подвигот да се одржи себе во живот) со ваквата (пре/зло)употреба ја губи душата, а со тоа и умира. Па може и ради тоа се потребни 5 нови колумни неделно, чисто да не заборави некој дека тоа постои. Заклучоците се веќе донесени на темава, и секој сам си ги извел за себе, па така не ги обвинувајте другите ако веќе не им се потребни вашите мислења за да си оформат сопствено мислење/став. Ги има и про и контра. Смачено ни е веќе од темиве. Ја прештанцавте онака. Дури и не знам, метеор да паднал, ако известите 10 пати за тоа во денот, ќе го смениме каналот. Дајте оладете малце, пошто ја утепавте темава.
 
И после, нормално, некој друг е крив што сте (си) ја утепале темата. А не тој што ги стиска копчињата на порталов и одбира што ќе се пишува, кога, како, со која цел. Приметив и дека освен стандардните „овци“, искрснуваат и нови, и изгледа не баш случајно, целат кон уредувачката политика овде. А кај што има чад - најверојатно има и оган. А нешто на се’ повеќе „овци“ им се гледа чад. (Инаку, по автоматизам, секој што дивергира од патеката на Окно апропо темиве за Скопје и другите политичко-(наводно)-естетски теми, по автоматизам станува „овца“, на што печат удира или уредникот, или друга Аноним-овца. Интересно).
 
Дајте малце, барем научете да поднесувате конструктивна критика. А и да не е конструктивна, никој не е должен да ви ја пласира како таква, ниту пак вам тоа треба да ви пречи. Критиката е нормална работа, и ја трпи секој - од млекарите, преку чистачите на чевли, па до уредниците на Окно, на Сител, па преку Груевски и Црвенковски па до самиот Барак Обама, па и Владимир Путин (и треба да ја трпи, оти каква е таа комуникација без различни ставови?). Значи, ќе ве замолам главен проблем овде да не ви бидат „различните“, оти баш такви „различни“ ве читаат, оти секој е различен, и работите не се баш црно-бели.
 
Поздрав,
Една Анонимна овца.

Благодарам за коментарите, и

Благодарам за коментарите, и позитивни и негативни. Но, нагласувам дека ќе бришеме ад хоминем коментари, оние што шират омраза, навредливи и ептен „нископодни“...

Анонимен, веројатно имате право (мада многу резигнирачки делуваат вашите рекапитулации). Ама, тоа ни е земјата. Мене ми е доцна за селидба. Башка, верувам во она на Хана Арент:  единствената точка од која може да се тргне е онаа на којашто стоиме сега. Не можам да чекам подобар свет, за да тргнам.

Верувам и во она на Џојс: џентлмен е човек кој секоаш се бори за однапред изгубени нешта. Тоа е животот, Анонимен - борба. Со рамноправни и достоинствени луѓе или со глутници кучиња, сеедно. (Фрчкоски исто си има своја теорија за овдешнава борба; вели дека на глутницава не треба да и’ вртиш грб, не треба да се плашиш и треба повремено да се поднаведнуваш по каменот. Осеќаат они, така бар мисли Фрчкоски.)

И ваљда е, исто, многу битно, човек да не биде сам. Не е битно кај е мнозинството, битно е да се одржува макар малиот пламен на заедништвото и на можноста од некаков подобар свет. Ради тоа го правиме Окно (и разни други работи) и ради тоа меѓусебно се бараме со свеќи.

Хендрикс: Откако сте поминале

Хендрикс: Откако сте поминале низ целиот пекол на умирањето, нужно ги наоѓате фактите - и се соочувате со нив - за да започнете некаква општонационална преродба. Но, гледајте, јас не сум политичар. Можам да го кажам само она што го видов: ништо посебно.
Новинарот: Но, масите велат нешто друго!
Хендрикс: Знаете ли кој навистина живее во светот на фантазијата? Проклетите маси. Масите. Прашањето е КОЈ има право, а КОЈ греши? Тоа е прашањето - а не колку луѓе... Се обидувам, всушност, да речам дека некој ќе мора да се помрдне. Другите само чекаат додека не се сотреш. И тогаш ќе те отпишат. (Jimy Hendrix vo edno intervju za Curcus, 3/1969)

G-dine Gelevski potrosivte 20

G-dine Gelevski potrosivte 20 tina kolumni za da objasnite deka proektot na vladata e promasen. Ne e loso da objasnevte vo edna od kolumnite dali smetate deka treba da ostane plostadot kako sto bese izminative godini (prazen i zapusten) ili pak da dadevte alternativa ili vase viduvanje za toa kako spored Vas (i vasite istomislenici) bi bilo poubavo uredeno Skopje. Navistina mi e dosta od lugje koi sto samo plukaat za se i seshto bez nikakvi argumenti za toa. Argument ne e samo da kazete deka plostadot ke bil tezok kic i deka ke bidat potroseni 80 mil. evra. Ne e loso vo edna od kolumnite da napisete  deka ete na pr. nemate nisto protiv spomenikot na Sv. Kiril i Metodij...vaka samo plukate i nikoja druga korist od vas..... Zaludno potroseni zborovi....

Потчинувањето на голем дел од

Потчинувањето на голем дел од германското интелектуално мнение кон националсоцијалистичкиот светоглед... ги затапи чувствата на луѓето за ненарушивите права на поединците и за чувањето на човечкото достоинство... Во политичкиот живот ништо не е поопасно од напуштањето на разумот. Интелектот мора да остане контролна, регулативна сила во човечките работи. Антидемократските интелектуалци од вајмарскиот период го презираа разумот и повеќе вистина наоѓаа во митот или крвта... Да беа малку поумни и попросветени, овие интелектуалци подобро ќе согледаа каде ја води земјата нивната страст.

Курт Зонхајмер, германски историчар

Простете, Даис, но воопшто не

Простете, Даис, но воопшто не верувам во вашите добри намери и во „свиѓањето на споменикот на Кирил и Методиј“.

Предупредував уште пред две години: разбирањето на политиката како адвертајзинг и спин пред се’ ќе му се скрши од глава на оној што го применува таквиот наивно популистички проект. Знаете, за старата добра приказна за пожарот (или волкот): три пати од заебанција викаме „Пожар!“ и три пати се мкнат некакви пожарникари. Четвртиот пат, коа стварно ќе пламне пожар, пожарникарите ќе продолжат да вртат табланет во куќичето.

Ви велам, Даис, дури и ретките добри потези на Груевски за вјеки вјеков ќе го носат срамниот жиг на обична пропаганда за замајување, залажување и заплашување на народ.

Та така и вашите коментари: токму воената организираност на партијата на власта ја понижува автономноста на секој коментар во нејзина полза. Тоа не е дело на „контра-штабовите“, туку на самата тоталитарна природа на сегашнава власт. Се знае кој има право на мислење во ВМРО. Сето друго служи за трансмисија и слушање. Не се јави ни полумаж со полугласче, целиов овој период, внатре во ВМРО, да му каже на шефот: „океј си, бог си, фараон, беспоговорна моќ, стварно голем и добар играч - али проектов Скопје 2014 ти е тешка тапа! И за земјата и за партијата и за тебе лично!“

Таа шема, ви нагласувам, Даис, е понижувачка пред се’ за илјадниците луѓе кои се наоѓаат уценети под шепите на власта. Анулирано е правото на слободно мислење. На демократско одлучување. Затоа тираните најчесто завршуваат на истиот тирански начин на кој владееле.

Мене можеби не ми се допаѓа

Мене можеби не ми се допаѓа Гелевски (kolja), ама неговиот СТАВ за „Скопје 2014“ (или Скопје 2018, што би рекол Груевски) ми се допаѓа. Никако не можам да ја сфатам матрицата на „вмроидите“, кои во отсуство на аргументи, користат лични дисквалификации. 

Se soglasuvam 100% so toa

Se soglasuvam 100% so toa deka nieden od lugjeto okolu Gruevski ne spomna ili izjavi deka mozebi proektot 2014 i ne e dobar proekt. Toa e samo dokaz za nedemokratskoto opstestvo vo koe ziveeme. Za zal taka e. Mene mi smeta alternativata na takvata situacija. Stavovi vo koi ne se nudi porazlicno i porazumno resenie za nasiot grad. Samo kritiki i kritiki koi ne nosat mikakov rezultat. Sepak, za da se pobedi partijata na vlast e potrebno da se bide eden cekor pred niv. Na pr. neka se soberat 50 tina mladi lugje (studenti, razlicni entuzijasti) i neka ponudat proekt so koj Skopje bi izgledal kako moderen evropski grad a za istoto bi bile potroseni daleku pomalku pari. Dobra ideja neli?....

сакате критика + нудење на

сакате критика + нудење на решение - еве го: парите за проектот да се вложат во модернизација на железничката мрежа, наместо да се дава под концесија како што е најавено (и тоа само за товарниот транспорт, патничките возови ќе продолжат да скапуваат); да се среди целата патна инфраструктура во државата, вклучително и улиците во главниот град ... верувам дека никој немаше да се буни  доколку власта предложеше проект „Македонија 2014“ со модернизирана патна мрежа, со електронски патарини, убави и брзи патнички возови (а зошто да не, и трамвај во главниот град), па и за него да потрошеше 1 милијарда евро...

zzzzzzz....

zzzzzzz....

ОкоБоли главаВицФото