Пред МКЦ

29.05.2015 01:36
Пред МКЦ

Полноќта поминала, а уште е ужасна жештина. Возам по коцката покрај Вардар кон зградата на МРТВ. Пред да влезам на паркингот, забележувам млада девојка. Ми изгледа познато. Запирам. Таа притрчува и се наведнува кон мене:

– Пушење 500, ебење 1000, а кај тебе дома 100 евра два саата.

Ја гледам во очи.

– Чичко Миле!
– Што правиш тука?

Се заврте и се стрча кон МКЦ. Излегов од колата и викнав два-три пати по неа. Исчезна во темницата.
Седнав во колата. Ми пријде еден смрдосан копук и мавтајќи со рацете како рапер ми се издра:

– Што сакаш бе пичка ти матер? Што го плашиш девојчето?
– Еби се... – тивко му реков и си заминав со чувство на олово во стомакот.

Слика: Алексеј Туголуков

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото