Груевски: Ќе го направам Духовден најголем државен празник, Македонија ќе е земја на духови

29.05.2015 13:20
Груевски: Ќе го направам Духовден најголем државен празник, Македонија ќе е земја на духови

Скопје, 29 мај 2015

Премиерот Никола Груевски денеска на сите граѓани на Македонија им го честиташе големиот државен празник Духовден. По повод празникот, премиерот најави дека ќе направи сè овој ден да стане најголем државен и национален празник на Македонците, а Македонија да биде земја на духови.

„Досега иселивме околу половина милион луѓе. Но, Македонија не запира тука. Продолжуваме да ја остваруваме нашата програма за иселување во еден чекор, дополнета и надградена. Правиме сè што е во наша можност да ја направиме нашата татковина земја на духови, но секогаш има такви кои контрираат и не сакаат да се отселат и останаа да кампуваат. Но, и за нив имаме лек. Наскоро ќе оствариме работи кои ќе го избркаат и последниот граѓанин од земјата, по што конечно ќе можеме да снимиме спот за Си-ен-ен: Визит Македонија, земјата на духови“, се вели во премиерската честитка по повод Духовден, во која уште истакнува дека така Македонија ќе му ги земе туристите на Детроит – градот на духови, како и дека целосно ќе ја елиминира невработеноста во земјата.

Извор: kozanostra.net
Слики: Александар Ковачевски