Бомба# 36: „Луѓе немаат леб да јадат, оваа купила стан, сеа купила уште два стана“

01.06.2015 00:47

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ЗС: Горде.
ГЈ: Е.
ЗС: Она што... ако се сеќаваш, кога бевте во Виетнам ти побарав една веб адреса.
ГЈ: Да.
ЗС: Е. Па... што... така ми текна мене у некој, некој момент на инспирација, си викам ја, ај добро, совет што ѝ давам на Горде, него и ја што не си направам исто така. Ха, ха.
ГЈ: Па да ти кажам паметно ти текнало. Некад имаш добри идеи. Ха, ха.
ЗС: И почна онака, црвот да ме јаде. И викам – чекај бе - што јас не си направам нешто лично, и онака стојат вака безвезе, без ништо.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: И ај викам, не мора одлука да донесеме, ќе разговарам дома, да видам што-како. Спомнав дома, немаше нешто реакција негативна или позитивна посебно.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Вика – ај да видиме, демек што-како. И отидовме у... му се јавив на овој мојов...
ГЈ: Аха.
ЗС: Отидовме до кај него на работа, се сретнавме со таткото и со ќерката...
ГЈ: Аха.
ЗС: Ко за беља, баш тогаш влезе директорот, на... главниот што е, на банката...
ГЈ: Ахааа.
ЗС: Нè виде, ама тоа е сега.
ГЈ: Е па добро сега.
ЗС: Како и да е, они ни го дадоа тоа да го погледнеме каталогот и требаше баш беше дента пред да тргнеме на одмор.
ГЈ: Аха.
ЗС: И немавме време ние наредниот ден, пошто беше последен ден пред одмор да одиме, да видиме. Пошто они одма, нема проблем, одберете, што-како...
ГЈ: Не, ама ептен се...
ЗС: Одма да прекинеме со праење, во друга насока ако сакате...
ГЈ: Да, да, ептен се.
ЗС: Е сега, ние не можевме тогаш, па сега треба... поради ова... да не беше со Кети и до сега ќе го покреневме тоа. Па...
ГЈ: Супер идеја.
ЗС: Сакав чисто вака да знаеш...
ГЈ: Да бе, да, супер идеја. Добро ти текнало.
ЗС: Ааа... ај, нејќам друго по телефон. Сакав тоа да те барам... пошто она... девојчето ни кажа тогаш, неколку што се вака available и рече: видете, што, кои, па сакав само да те прашам вашиот кај беше и на која страна од тие што се таму, ама...
ГЈ: Знаеш како е... према Водно и према Шар Планина. Практично накај вас, мислам дека натаму му доаѓа, у тој правец.
ЗС: Добро. Мхм.
ГЈ: Али јас сум да ти кажам...
ЗС: 89 беше или колку?
ГЈ: А бе ние 2 нели, ти си заборавил!
ЗС: Ама едниот. Не, не, не сум заборавил.

ГЈ: Едниот... ха, ха, ха. Ти ме убеди и заборави. Delete стисна.
ЗС: Не, не. Ама како сега, едниот беше 89, другиот 50 или?
ГЈ: Не, не. Вака беше, Зоки. Едниот, едниот беше 89, ама нас ни требаше уште едно мало просторче за точаците. Пошто знаеш, ние имаме проблем. Па земавме од другиот и го направивме 92, а другиот беше околу 70 остана, така некако мислам.
ЗС: Аха.
ГЈ: Или 60 и неколку дојде,

ЗС: Ооо, па вие сте се претерале бе. Ха, ха, ха.
ГЈ: Е па ти, ти што ми кажа сега... Ааа, не заебавај. Ха, ха, ха.
ЗС: Добар, добар совет. Тоа е најдобар у живот што си го добила.

ГЈ: Така да супер испадна. И тоа после тоа бевме ние, пошто ние, нели, апла на време ја фативме работава. И стварно како го имаат направено, значи, едно е кога ја гледаш скицава, кога ќе отидеш таму, преубаво изгледа.

ЗС: Е ај ја ако договориме нешто... како да се отиде до таму, а да не биде забележано? Тоа ми е, да не биде...
ГЈ: Има како.

ЗС: Има?
ГЈ: Знаеш како. Со кола се влегува скроз во објектот, доле. Ќе се договориме...
ЗС: Добро. И нема таму вработени други?
ГЈ: Може некој мајстор да има...
ЗС: Навечер?
ГЈ: Не бе, преку ден. Ама ќе ѝ речеме на Драгана подискретно да се тргнат мајсторите, нагоре да нема никој.
ЗС: Не бе, или приквечер, навечер. Не мора... зашто да се...
ГЈ: А бе нема светло навечер...
ЗС: А, нема ич.
ГЈ: Пошто тоа е објект во градба и...
ЗС: Е па приквечер, добро, кога нема ...
ГЈ: Приквечер дур има уште малку дневна светлина, иначе супер е. Влатко ѝ вртеше на Драгана, мислам вчера-завчера, за да довршиме, нели треба договор да потпишеме, сите тие работи. Ама не му се јави, па не го препрашав дали ја добил во меѓувреме. Иначе многу е фина.
ЗС: Знам, знам.
ГЈ: Мислам, мене ептен добар впечаток ми остави...
ЗС: Добро.

ГЈ: И многу се одговорни. На пример, ќе им кажеш тоа и тоа, и еднаш ќе им спомнеш, не треба два пати.
ЗС: Да.
ГЈ: Само ќе ти јави, завршено е, што мене ми се допаѓа, пошто јас така функционирам.
ЗС: Да де, да. Добро.
ГЈ: А има за дискретност...
ЗС: Ама имам уште еден проблем ја, во размислувањето сега. Кога више фатив да го размислувам тоа. Ха, ха. После ми текна за ова другово и викам, чекај сега да го видам, како да го, како да го... во реализацијата...
ГЈ: Аха...
ЗС: Значи не е спорно од аспект на идејата дали, поише од аспект на реализација. Како да идам со тоа, дали да идеме на друго некое вака, суштество или...
ГЈ: Да де, да, те разбирам. А бе јас мислев...
ЗС: Пошто, не е за ова што зборат, што би рекол овој...
ГЈ: Ха, ха. Да, да, да.
ЗС: ...нашиов што зборат... него поише од друг аспект. Од аспект на, на... антикорупциска, тие што се, треба да се пријавува...
ГЈ: А бе знам. Јас го мислев, ама...
ЗС: Да се прави целата таа работа.
ГЈ: Ние уште не...

ЗС: Од тој апсект, не ова другово. Другово, па и другово ќе си се појави по некое време. Ааа, ќе рече види, види...
ГЈ: Комшии. Први комшии.
ЗС: Ааа, тоа е тоа.
ГЈ: Таман до нас, не знам дали има. Ха, ха, ха. И супер.
ЗС: И тоа више оди докажи после дека не е смислено...
ГЈ: А бе нека пукнат, нека зборат, што сакаат нека прават, нека кршат глава.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Со тоа што јас сум кредитобарател на целиот кредит а он е ко-кредитобарател, тоа му доаѓа како двајцата да сме зеле заедно кредит...
ИК: Така де, така... А ќе ставате по еден фрижидер во едно, друг у друг? Хахаха.
ГЈ: Па више купивме за двата стана фрижидери, телевизори уште неаме два, ама два ќе се купат, све по два, нема кај нас тоа...
ИК: Чиста работа.
ГЈ: Ние сме си многу практични луѓе.
ИК: Така бе, така...


Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Кредитот е еден кредит со двајца кредитобаратели, значи ко-кредитобаратели двајца...
ИК: Да де, да...
ГЈ: Од истата банка под истите услови.
ИК: Добро...
ГЈ: И се однесува тој кредит на отплаќање на целата сума пошто тоа е и еден договор.
ИК: Така де, така.
ГЈ: Само што се вака два простори. Ете, ќе речат овие изгледа ќе се разведуваат чим поделиле све.
ИК: Ако де, ќе глеаме сеир... ќе видиме што ќе пишуваат, ја мислам дека нешо многу-многу нема да им мењаат одговориве.
ГЈ: Не, ама и не им врши работа ваков одговор. Да речеш не е пријавено, нешо така, нема ништо.
ИК: Ама добро, они нема да идат на таа варијанта, они ќе идат на патетика. Луѓе немаат леб да јадат, оваа купила стан, сеа купила уште два стана... тоа е тоа, они би сакале да се сите на питачки стап и на улица леб да немаат.
ГЈ: Мислам тоа е нивниот главен аргумент, пријавил-не пријавил, од кај ти се парите и паѓа у вода... мислам, ја тоа свесно сум го направила така.


Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Абе кај, кој ќе им го пренесе бе Иво, кај, на Плусинфо?
ИК: Не бе, шо... Плусинфо, Бриф и она како им се вика, А1он.
ГЈ: Да, шо сакаат да праат... Не, знаеш шо, мислам они ќе го кажат еднаш, двапати, петпати, колку шо ќе го кажат и ќе издише тоа.
ИК: Толку бе толку...
ГЈ: Башка не е тоа нешо шо е сеа, од 2011 е.

ИК: Да, да...
ГЈ: Значи две години поминале, не е као ја нешо кријам, праам шема. Тоа е, ќе ги видиме шо ќе пишат.
ИК: А бе јас не сум прашал. Мислам дека знам која зграда е. Мене карши...
ГЈ: Оваа бе до нас, овде што е.
ИК: Која бе до нас што е?
ГЈ: Од прозор што ти се гледа.
ИК: Во оваа тука?
ГЈ: Да.
ИК: Ха. Леле, значи што муабети вадат по град. Ја па друга мислев дека е.
ГЈ: Која бре? Дај да чујам.
ИК: Еден пријател, Ико, оној што го држеше Броз кафе...
ГЈ: Аха.
ИК: Жена ми е старосватица на жена му, не е битно, се знаат од времето. Сега има кафич, не знам како му се викаше, Кино Култура ли, не знам како точно. Не ми текнува, нов е кафичот, забутан е, одма таму зад Буњаковец...
ГЈ: Аха.
ИК: Е таму у тие згради, нови што се градат, уште не се мислам дека ни вселени, таа карши него што се гледа, он ми тврдеше, вика – а бе министерката твоја земала стан.
ГЈ: Не. За жал не. Не бе, овдека, оваа зграда до нас што е. Низ прозор што се гледа.
ИК: Многу далеку.
ГЈ: Мислам, јас не кријам, тоа сама си кажувам.
ИК: А кај ќе биде сместен полицаецот сега?
ГЈ: На пријавница овдека.
ИК: Ха, ха. Со обезбедување ќе доаѓа на работа.


Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски (се вклучува сопругата на Ставревски)

ГЈ: Ало.
ЗС: Горде, шо праиш?
ГЈ: Ништо, еве, по дома. Ти шо праиш?
ЗС: Еве, со Антоанета нешо збориме за ова, за зградата, па нешо мене ме прашува она, па место мене да ме гњави, ај тебе нека те гњави малце.
ГЈ: Ајде.
АС: Каков ми е уводот од конекторот.
ГЈ: Мислам, вака мислиш којзнае со ка.ва тортура ќе се соочам
АС: Сеа ќе вииш колку е едноставно, брзо. Прво прашање, каква боја на внатрешни врати одбравте?
ГЈ: Бели.
АС: Белии?
ГЈ: Да.
АС: Значи ти ко шо се во другите...
ГЈ: Па да, мислам практично таа е основната боја они шо ја нудат, ама нас ни одговара.
АС: Аха. А имате идеја што намештај ќе ставате во станот?
ГЈ: Да, да, ние више и нарачавме дел...
АС: Која?
ГЈ: У дневната ни е бела кожна гарнитура...
АС: Бела кожна гарнитура, мхм...
ГЈ: Масата е нешто бордо, стакло е горе и како алуминиум, така нешо, метални ногарки... столчињата се ми се чини пластични, ама таа некоја пластика сеа као модерни биле, не знам и ја каква...
АС: Добро.
ГЈ: А кујната ни е бордо, пошо нели, отворено ни е таму, тука тој дел и ќе се гледа, значи бордо и бела е комбинацијата, тоа за сега што имаме определено со метални елементи.
АС: Значи ти си ја протна твојата бордо боја.
ГЈ: Е па нема, ја коа ќе запнам нешто...
АС: Коа ќе запнеш... се сеќавам коа беше со точките дека таа боја нешто ти се допаѓаше...
ГЈ: Да, да, да... е па имаме така дел и од плочките, некои такви детали со бордо се, знаеш, ние ги земавме тие мозаик малите и има во дел од мозаикот на бордо...
АС: На таа боја. Океј, а денеска колку што ѕирнав коа поминав, значи не влегов, немате вие паркет ставено...
ГЈ: Не знам, ние не сме отишле, би требало да стават...
АС: Значи вие сепак одите со паркет во станот, не одите со плочки, затоа што ја тоа што го видов немаше наредено.
ГЈ: Не, ние у дневната, значи... дневната тој дел е паркет, а ходниците, оставите, тие работи, не се сеќавам за спалната дали нарачавме... еве Влатко ми довикува...
АС: Со плочки ќе одите?
ГЈ: Не. паркет и таму сме нарачале/
АС: Добро, затоа што ако е плочка, може затоа не сум видела, не видов паркет, значи треба одма да видам паркет како почнува од вратата... значи за паркет...
ГЈ: Ако сте за паркет, мене ми пратија две парчиња од паркетот.
АС: Добро...
ГЈ: Мислам, чисто знаеш, за да видам како изгледа налакирано, оти има и посветла и малку по така.
АС: Да, јас ги видов денеска тие две парчиња со мат и сјајно.
ГЈ: Е да...
АС: И не гледам некоја голема разлика помеѓу тие две парчиња, мене скоро слично ми изгледаа.
ГЈ: Па и мене, едино едното малку ко посветло ми се виде.
АС: И за што се решивте, за таа големина?
ГЈ: Па за посветлото... да да, таа што беше, претпоставувам ти ги покажале истите парчиња мене што ми ги покажаа, тоа што беше помат и посветлото парче, пошо нели, на бела боја посветло одговара, другото беше по на дрво, по така...
АС: Да, да... и големината таа они што ја нудат...
ГЈ: Па да....
АС:...се распрашав, во куќава имаме ставено и поширок и подолг паркет, таков повеќе ми се допаѓа и ми покажаа и такви парчиња дека има, само се од втора класа, ама не се гледа воопшто никаква разлика со ова што е од прва класа...
ГЈ: Е па ние не ни знаевме дека има таква опција и нарачавме од другиве.
АС: Добро, е па тоа ми беа прашањата, долга бев? Изгњавив?
ГЈ: Не бе, ти, остај... остав воведот, батали го. Абе ние можно е во недела или да видиме Драгана коа ќе биде слободна викендов и зависи со ова у Собрание каква обврска ќе имам, може да одиме, оти она рече дека ќе... до крај на работнава недела ќе ги завршат целосно купатилата.
АС: Тоа може, тоа да...
ГЈ: И сосе елементи сосе све, може да се види оти ние прошлиот пат коа бевме, мислам океј, доста е направено, ама нема нешто овака, немаше нешо многу да видиш...
АС: Е па немаше многу оти кај нас посопоро оди, на нашиот кат работава...
ГЈ: И последни ги прават....
АС: И последни ги прават... а доле побрзо оди работата и јас веќе... а вративе коа влегов, финиширани се од први и втори неколку реда од станови...
ГЈ: И не знам дали кај вас го завршиле тоа со скалите што се внатре за на тераса, кај нас мене многу ми се допадна како ги направија...
АС: Нее, кај нас нема да може како кај вас да биде, затоа што одма е коа ќе влезеш ќе треба да удриш на скалите, така кај нас ќе биде, како монтажно решение.
ГЈ: Аха, они што се извлекуваат.
АС: Што се извлекуваат, да... иначе не би можело да стои, ќе одам ќе поминам следниот пат да видам како го направиле кај вас...
ГЈ: Кај нас имаше доволно простор, и така не е многу стрмно нагоре, како полукружно некако сеа, ама фино е испаднато и терасата горе, терасата мене...
АС: Терасата е убава... терасата е убава и таа е завршена скоро. Не ми се допаѓа што не нè консултирале барем нас, она што е како прикриено како собичка, многу ми е метално тоа што се рамките за стаклата на прозорите, ама сега тоа е тоа...
ГЈ: Абе ние првично мислевме дека таму нема да има такви прозори, знаеш...
АС: И јас не знаев дека ќе има...
ГЈ: Таков впечаток имав. И коа отидовме, гледаме фактички тоа е 12 квадрати, не е баш малечко.
АС: Да, не е мало и јас не знаев дека ќе има соба...
ГЈ: И глеам уше едно собче плус и викам супер...

АС: Све е супер, само требале да стават од тие белите исти, она пластика што е за стакло прозори, за да биде усогласено така, али океј.
ГЈ: Да де, да, више го напраиле, али терасите се фантазија, мислам ептен ми се допаднаа...

Извор: СДСМ/НоваТВ

ОкоБоли главаВицФото