Маж бара развод зашто му се смачило дома да го дочекува трезна жена

01.06.2015 02:39
Маж бара развод зашто му се смачило дома да го дочекува трезна жена

Скопје, 1 јуни 2015

Димитар Тасев, 40-годишник од Скопје, поднел барање за спогодбен развод на бракот, затоа што му дошло преку глава по враќањето од кафеана да го чека трезна жена.

Тој тврди дека направил сè за да го зачува бракот, но неговата сопруга Марина не покажала желба да направи компромис.

„Марина и јас сме во брак веќе седум години и не можам да кажам дека имавме некакви поголеми проблеми и недоразбирања, освен таа нејзина трезност. Не е лесно да се живее со таква жена. Без оглед на тоа дали јас ќе се напијам во кафеана, на деловен ручек или на излет со другарите, таа е секогаш трезна. Се обидував да разговарам со неа, да ѝ укажам на проблемот. Дури едно време ѝ го ускратив и сексот. Секогаш ветуваше дека ќе се промени, дека тоа е последен пат, но набрзо продолжуваше по старо. После сè што поминав ос неа, се сомневам дека некогаш воопшто ме сакала“, вели Димитар.

Ваквото однесување не е реткост и е една од главните причини за брачните недоразбирања и кавги, тврдат социолозите.

„Македонија е традиционално општество во кое постои цврста поделба на половите и нивната улога во семејството. Со ваквото однесување, Марина покажува дека е во состојба да излезе од традиционалната улога на жената и да се прилагоди на новото време. Трезноста кај жените е една од најчестите причини за лоши брачни односи и многу бракови завршуваат со развод токму поради тоа“, тврди социологот Лозан Ракијџиев.

Димитар се иселил од заедничкиот стан и се преселил кај неговата мајка. Во искрениот разговор кој го водевме во една од градските кафеани, тој призна дека сè уште ја сака својата сопруга и дека би ѝ простил сè, само кога би се согласила, барем понекогаш, да не биде трезна кога тој ќе се врати дома.

Извор: www.njuz.net