1015 hPa
46 %
20 °C
Скопје - Пон, 17.08.2026 00:01

Убавото време секогаш ги мами велосипедистите да излезат на улица. Здравиот живот и намалувањето на загадувањето на животната средина се само некои од предностите на користењето на велосипедот како превозно средство. Оваа предност ја увидел и Ерик Јафе од Данска, кој го претстави првиот соларен велосипед.
Идејата е да им се помогне во совладувањето на одредени препреки на возачите кои одбрале да користат ваков вид превоз до работното место и назад или на оние на кои велосипедот им е потребен за да завршат некаква работа. Имено, велосипедот во себе содржи и мал електромотор и батерии. Батериите имаат цилиндричен облик и се полнат со помош на соларните ќелии сместени на тркатлата, кога велосипедот е паркиран. Кога велосипедот се движи, енергијата од батериите го напојува електромоторот и му помага на возачот.
.jpg)
Творецот на овој велосипед тврди дека дострелот со едно полнење на батериите е околу 70 километри, дека може да постигне максимална брзина од 50 километри на час и дека стандардната брзина му е околу 25 километри на час.
.jpg)
Соларниот велосипед е конструиран така што може да ги полни батериите и во ладовина, а единствен е и системот на пренос на електрична енергина од тркалото на рамот.
Извор: Treehugger