Најголеми јунаци сме после битката - такви сме ние граѓаните на Македонија

02.06.2015 00:45
Најголеми јунаци сме после битката - такви сме ние граѓаните на Македонија

Скопје немаше да изгледа како Дизниленд ако во 2009, 2010 и 2011, годините кога почнуваше да се планираат и градат, меѓу останатото, петте административни згради на една од страните на Вардар, сериозно реагираа пред сè урбанистите, архитектите, опозиционерите, политичарите во власта, граѓаните на Центар, граѓаните на Скопје, граѓаните на Македонија.

Работев во Алфа ТВ, ќе кажам само еден пример: дека немаше никаква реакција на промените на ДУП со кој се вцртаа овие пет згради покрај Вардар, кои ќе бидат обележје на Скопје во следните сто години. Во тоа време едвај наоѓав соговорници за оваа тема, почитуваниот професор Георги Константиновски и професор Мирослав Грчев од Архитектонскиот факултет - толку! Останатиот дел од еснафот градителски молчеше и беше нем посматрач на создавањето на груевистичко Скопје - тоа растеше и расте уште пред нашите очи.

Гласни беа активистите од Плоштад Слобода и неколку советници од опозицијата во општина Центар. И затоа, откако сè се изгради, а и покрај промената на локалната власт во Центар уште се гради, и две третини од парите кои фигурираат дека се потрошени се искрадени, а Скопје не личи на себе, мислам дека реакцијата на граѓаните е презадоцнета и нема поента.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Ковачевски

ОкоБоли главаВицФото