Ич не ми е гајле! Ама за нешто сепак ми е гајле...

02.06.2015 17:40
Ич не ми е гајле! Ама за нешто сепак ми е гајле...

Ич не ми е гајле за името, додека ДПМНЕ прави геноцид на интелигенцијата, свеста, здравиот разум и критичката мисла во земјата.

Ич не ми е гајле ниту за „сиротите Македонци“ врз кои светот врши геноцид.

Ич не ми е гајле за тие што веруваат во светските заговори против „најстарата цивилизација“ од која потекнува светот, а тие се нејзини директни спермоносци.

Не се секирам ни за умерените и фино воспитани интелектуалци кои немаат сила, време и потреба да се спротивстават на сопственото истребување.

Но! Сочувствувам со борците против режимските окови, чие време и енергија се беспоштедно вложени во битката што ја бијат, исклучиво и само затоа што длабоко и искрено веруваат во подобро утре! Не само за себе, туку и за тие погоре наведените и нивните деца!Тие се единствените кои заслужуваат да живеат во земјава што се вика Македонија, зашто нивните стомаци се празни - не за леб, месо или сладолед, туку за слобода. Од празнотијата и гладта за будење и препознавање на повисоки вредности во животот, цревата завиваат и се грчат во континуитет, барајќи ја слободата како зрак од сонце на студ, и капка вода на жед.

Ваквите луѓе никогаш нема да се помират со „храната“ фрлена од раката на ДПМНЕ зашто ним не им треба милостина, туку - мегдан. Само такви луѓе носат промени на подобро во едно општество. Тие се посакуваната промена на подобро. Ним не им требаат наредби, заплашувања, уцени, за да опстанат, зашто нивните ум, совест и одговорност спрема општеството - се нивен опстанок. Не знам дали спаѓам во нив... но секогаш ќе тежнеам да бидам до нив. Инаку - зошто постоењето!?

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Џастин Малангони

ОкоБоли главаВицФото