Северњаци и јужњаци - култура на пиење

08.03.2010 11:52
empty_bottle.jpg

Прво што мора да споменеме е тоа дека поимот култура нема вредносна конотација. Со култура на пиењето ќе ги означиме начините на пиење во северните и јужните земји.

Востановен факт е тоа дека северњаците пијат за се опијанат, а јужњаците за да се опијат. Да се „опијаниш“ значи толку да испиеш што ќе ја изгубиш контролата над својата моторика, свест и памтење, а да се „опиеш“ значи да испиеш онолку колку да можеш да ја задржиш контролата и самосвеста.

Податоците велат дека северњаците во просек пијат помалку од јужњаците по глава на жител бидејќи јужњаците пијат за време на целиот ден во помали количини, додека северњаците пијат одеднаш и неумерено. Како резултат на тоа, јужњаците во текот на денот испиваат повеќе од северњаците, ама северњаците сепак се попијани.

Според статистиките, западна земја со најмалку корисници на алкохол по жител е Португалија, додека земја со најмногу е Исланд – иако во Португалија се троши два и пол пати повеќе алкохол по жител од Исланд. Значи, кај јужњаците повеќето жители пијат континуирано, додека кај северњаците или пијат екстремно или воопшто не пијат.

Како се објаснува разликата? Постојат неколку објаснувања, но ако се свртиме кон климатското влијание, можеме да забележиме:
- дека климата влијае на растителниот свет од кој се произведува алкохолот, па во зависност од климата на северот или на југот, постојат разни видови алкохоли (северњаците главно пијат жесток алкохол, а јужњаците разни видови, од пиво и вино па натаму);
- дека луѓето во северните и студени краишта имаат помалку можност за дружење бидејќи температурите ги принудуваат на затворени и помали простори, додека на југот повеќе време се поминува на улица, во јавност. Бидејќи опивањето го овозможува јавното присуство во средините каде јавното мислење е присутно, разбирливо е дека опијанувањето не се толерира. Опивањето во одредена мера го подобрува јавното мислење бидејќи ги ослободува луѓето од вообичаените општествени стеги.

Во античка Грција исто така била присутна културата на опивање. Старите Грци велеле дека само варварите пијат чисто вино, мислејќи тогаш на северните народи кај кои поголем општествен углед имал оној кој можел да испие повеќе, а не оној кој знаел правилно да се опие. Меѓутоа, некои филозофи го исмевале тоа, тврдејќи дека овие се натпреваруваат со волови.

Извор: multikultura.org

ОкоБоли главаВицФото