Instafun: хуманитарна изложба на фотографии во Концепт 37

03.06.2015 16:09
Instafun: хуманитарна изложба на фотографии во Концепт 37

На 4 јуни (четврток) во Концепт 37 во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата Instafun, организирана од колективот Инстаграмџии. На изложбата ќе бидат претставени 25 автори од повеќе македонски градови.

Изложените фотографии ќе се продаваат по симболични цени, а собраните средства ќе се донираат за лекување на малиот Михаил Јолески, кој мора итно да биде опериран поради хронична аномалија на бубрезите.

Свои фотографии ќе изложат: Александар Буневски, Александар Наумчевски, Ана Јакимска, Бојана Димитрова, Борјана Србиновска, Вера Христовска, Весна Тирицовска, Даниел Ангеловски, Димитар Чунговски, Елена Фиданска, Ерина Богоева, Еџе Али, Злата Голабоска, Ивица Тодоровски, Ирена Мила, Ирина Аврамовска, Јане Наумоски, Кристина Крстевска, Марија Петровска, Марија Најдовска, Наташа Бошевска, Сашо Попоски, Симона Калица и Христина Гогу.

Подолу можете да погледнете дел од фотографиите кои ќе бидат претставени во Концепт 37.

 

ОкоБоли главаВицФото