1032 hPa
61 %
7 °C
Скопје - Пет, 13.12.2024 12:59
За вљубените двојки Мостот на уметноста (Pont des Arts) во Париз со години беше незаобиколно место. Илјадници парови од целиот свет при посетата на овој европски град на оградата од мостот го заклучуваа својот „катанец на љубовта“, а потоа, според обичајот, го фрлаа клучот во реката Сена. Поради тежината од катанците, лани мостот попушти под товарот и падна дел од оградата, но за среќа никој не беше повреден.
Париската градска управа отстрани речиси еден милион катанци тешки околу 45 тони. Но, она што е фасцинантно е што оградата со катанци е замената со улична уметност.
Проектот за ваквата според многумина радикална интервенција врз мостот е на Мехди Бен Чеик од Galerie Itinerrance, во соработка со повеќе улични уметници, како Пантонио, Џејс или Ел Сид, кои создадоа големите мурали на дрвени плочи кои сега го сочинуваат новиот лик на мостот.
Извор: Ufunk