Герилска акција среде претстава на Жугиќ

05.06.2015 10:37
Герила акција среде претстава на Жугиќ

Граѓански активисти направија герилска акција во „Театар Комедија“ на вечерашна претстава „Лисистрата“, во која главна улога игра директорката и отворениот поддржувач на владините политики, Јелена Жугиќ.

Во еден момент среде претставата, каде Жугиќ им вели на актерките да си направат селфи, активистите ги извадија мобилните телефони, ставија маски со „#протестирам“ на лицата и се сликаа свртени со грб кон сцената. По селфито станаа и го напуштија театарот.

Целта е, како што велат, да се искаже револт од партизираноста на уметноста и театарот.

Јасмина Голубовска од иницијативата #протестирам, вели дека со оваа акција се испраќа порака и до Жугиќ како уметник и директор на театар со партиска книшка.

-Со ова сакаме да искажеме револт кон партизираноста на уметноста и културата во Македонија за сè она што се случуваше изминатиов период. Како што знаете, голем број уметници не можат да најдат работа во театрите поради нивната политичка и партиска неподобност или каква било друга афилијација, доколку не се согласно политиките на извршената власт. Во тој поглед со овој протест сакаме да укажеме да се ослободи уметноста од канџите на партиските притисоци и сериозно да се сфати културата и уметноста како водечка сила во едно општество, за негова целосна ревитализација – рече Голубовска.

Таа додаде дека симболичниот протест не е кон останатите актерки во претставата, туку конкретно револт кон партизацијата на уметноста во целина.

Активистите беа облечени во барокни костуми.

Извор: А1он

ОкоБоли главаВицФото