1019 hPa
62 %
11 °C
Скопје - Сре, 22.01.2025 15:59
Рекламите за пиво многу често играат на картата на стереотипите, предрасудите, па и сексизмот. Сепак, во морето реклами од тој тип, се наоѓаат и сосема спротивни примери.
Во една кино-сала , преполна со набилдани, тетовирани мажи со имиџ на „опасни момци“, има останато уште две слободни места. Неколку парови, кога ќе го видат опкружувањето во салата, се премислуваат и заминуваат пред да почне филмот. Но, има и поинакви, кои просто си седнуваат на своите места. Нивната „храброст“ да седат покрај „опасните момци“ е наградена со аплауз и - пиво!