1009 hPa
63 %

17 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 02:59
Албанците, Албанците, Албанците, Албан ците, А л б а н ц и т е... трт трт трт...
Албанците страдале од екстерното тестирање, другите не страдале.
Албанците страдале од јавниот обвинител, другите не страдале.
Албанците страдале од Груевски, Ахмети и Тачи, другите не страдале.
Итн.
Од оваа власт и од овој говор (на дотичниот) страдаат сите: и Албанците, и Македонците, и Србите, и Бошњаците, и Ромите, и Власите и сите останати маргинални и немаргинални заедници и групи во оваа вукојебина.
Албанците, пријатели од „Беса“, страдаат меѓу другото и од вас и од вашата преголема грижа за јазикот, знамето и од вашиот симболички фетишизам.
На Албанците и Македонците не им требате вие и такви како вас. Борбата против Груевски (и неговата тајфа коалиционери) е борба против национализмот, ама не со афирмација на (друг) национализам! Борбата против Груевски не може да биде само борба за промена на власта и промена на бојата на елитите (кон коишто клоните и вие). Доколку борбата против Груевски не стане воедно и борба против капитализмот и сите можни ропски односи во општеството, вие и вашиот сакросанктен митоман ќе бидете за мене неписмени националистички шарлатани!
Се разбравме?
Извор: Фејсбук профилот на авторот