Постери од Македонија дел од настанот #EGallery во Белград

08.06.2015 10:18
Постери од Македонија дел од настанот #EGallery во Белград

Постери од Скопје постер фестивалот се дел од поставката #EGallery која по трет пат се одржува во Белград. Организатор на манифестацијата, чие отворање се случи на 4 јуни 2015 во просториите на Executive Group Agency во главниот град на соседна Србија е фестивалот Ш.У.Н.Д..

Овој традиционален настан има за цел да поттикне размена на искуства и соработка во доменот на дизајнот, фотографијата, сликарството, вајарството, мултимедиите. Главниот фокус на ова издание е графичкиот дизајн. Селекција од 50 постери на Плакарт од првите 5 конкурси на Скопјепостер земаа учество во ова несекојдневно случување. Истите заедно со дела од 20 автори беа изложени како предмет на симболична аукција. Дополнително програмата е збогатена со иновативни интерактивни инсталации, слики и графики.

Белградската поставка на Плакарт-Здружението на графички дизајнери во рамки на #EGallery ќе биде отворена за посети во наредните шест месеци.

Повеќе за изложбата можете да прочитате овде.

ОкоБоли главаВицФото