Соларна велосипедска патека во Јужна Кореја

09.06.2015 09:58
Соларна велосипедска патека во Јужна Кореја

Јужна Кореја одамна е позната по бројните напредни тенички компании кои создаваат иновативни решенија во сите сите сфери од производството и животот. Од неодамна, меѓу нив се збројува и соларната велосипедска патека сместена среде автопат.

Дел од автопатот од градот Даејеон до градот Сејонг е збогатен со еден додаток. Имено, меѓу двете ленти од автопатот е поставена од велосипедска патека. Патеката е заштитена од сигурносни бариери, а одозгора по целата должина се наоѓаат соларни панели.

Должината на оваа делница од автопатот е околу 32 километри. По изградбата на патеката, некои сè уште го проблематизираат прашањето на безбедноста, како и прашањето како најрационално да се искористи добиената енергија.

Повеќе за соларната велосипедска патека можете да дознаете од видеото подолу.

Извор: Inhabitat

ОкоБоли главаВицФото