1022 hPa
93 %
0 °C
Скопје - Пет, 12.12.2025 02:59

LATA 65 е уникатна урбана уметничка работилница, чија цел е да се бори против стеротипите врзани со староста, преку уметноста на создавање графити. Во различни населби во португалскиот град Лисабон, во оваа работилница се вклучени повеќе од 100 повозрасни граѓани. Помогнати и поддржани од познати улични уметници, постарите граѓани учат да создаваат свои графити, стенсили и тагови.
Во квартовите што изгледаат запуштено, учесниците во работилницата создаваат светли мурали и додаваат експлозија од бои за да го разбијат сивилото на околината.
LATA 65 е основана од Cowork Lisboa, во соработка со Wool – Covilhã Urban Art Festival, со цел да го премости јазот помеѓу генерациите, докажувајќи дека возраста е само бројка. Поттикнувајќи ја уметничката страна кај повозрасните граѓани, оваа работилница не само што им помага на учесниците во неа, туку делува охрабрувачки и за оние кои се сведоци на нивните вибрантни креации.











Извор: Junkculture