ФФМ: Членовите на ФИФА испраќаат лоша слика за фудбалот затоа што дозволиле да бидат уапсени

09.06.2015 16:39
ФФМ: Членовите на ФИФА испраќаат лоша слика за фудбалот затоа што дозволиле да бидат уапсени

Скопје, 9 јуни 2015

Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски ги осуди шестемина функционери на ФИФА затоа што, како што вели, тоа што дозволиле да бидат уапсени испраќа исклучително лоша слика за фудбалот.

Првиот човек на ФФМ смета дека секој барем малку сериозен фудбалски функционер не би смеел да се искомпромитира така и дека сето тоа можело да се избегне, ако размислувале на време.

„Навистина е срамно членовите на една таква институција да имаат аметерски пристап и да си го дозволат луксузот да бидат уапсени поради некакво си рекетирање и примање мито. Искрено сум разочаран и многу загрижен за угледот на фудбалот кога гледам какви сè луѓе се наоѓаат на исклучително важни функции“, вели Ѓорѓиоски.

„Прочитав дека меѓу нив дури има луѓе кои се на местото на претседатели на фудбалските сојузи на своите земји. Што еден просечен навивач во Македонија, кога ќе ја прочита таа вест, може да мисли за некој што ја извршува таа функција? Сигурно ништо добро“, истакна првиот човек на ФФМ.

Илчо Ѓорѓиоски вели дека исклучиво функционерите се виновни за апсењето.

„Некои луѓе едноставно не умеат да ги наместат работите онака како што треба“, заклучува првиот човек на македонскиот фудбал.

Извор: www.njuz.net