Почина актерот Благоја Спиркоски - Џумерко

11.06.2015 10:14
Почина актерот Благоја Спиркоски - Џумерко

Благоја Спиркоски - Џумерко, славниот македонски актер, почина на возраст од 69 години.

Најпознат по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“, тој беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.

Имаше огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година.

Запис на Џумерко две недели пред смртта

 

Извор: А1он