Шепотења од авенијата Медисон - Шутка

18.04.2009 18:42
Avenija Medison - Sutka (Cabaret).jpg

Во стожерот на најмоќната макетонска партија држи состанок славниот петчлен пропаганден тим: Лакташ, Чавката Миркославка, Недко Солаков-Бербатов, Њамко Јаде Симит и Сомиќ-Содиќ. Состанокот (астрално) го следеше и запишуваше: Пандалф Вулкански.

Лакташ: Да се тропа гадно пропагандно! Ха ха ха! Искажувајќи го на почетокот нашиот слоган, опаки колеги, го поздравувам нашиот собир, чија цел е да одбележиме уште еден изборен триумф во низа...
Чавката Миркославка: А и да видиме како понатаму со комуњариве... Ги скембавме што ги скембавме на сите нивоа, ама власта треба и да се одржи, не?
Недко Солаков-Бербатов: Абе, ние сме труст мозгова... Со нас нема трте-мрте... Авенија Медисон сме, у Скопје, за пропа-гадна војна... Не случајно врз нас падна прстот на семилостивиот Рујо...
Њамко Јаде Симит: Ја сум спремен секоаш... Ако треба со пресветиот Пастир - супер. Но, океј е и ако треба со некое јадно блогерче од нашава античко-православна групација; ги иам на лагер у секое време славниот писател Буката Дабова, хипхоперот Празниот Шаржер и политичкиот баналитичар Тигарот.
Сомиќ-Содиќ: Само мал предлог, не предолг: да стануваме Пастирот коа го спомнуваме...

Лакташ: Одма сакам да кажам, многу сум напизден на сурушко-комуњарската банда; весникот ми го викаат Тоалетоид, а мене ме нарекујат „катаклизма колумнизма“! Сред православен плоштад ми вадат транспаренти на кои пишува „Не сум со Сител“... Нема крај подјебавањето, мислам дека сум најнапатен меѓу вас, мада сите сте за жалење, во тоа нема сомневање...
Чавката: Сите сме на тапет, Лакташ, не цмиздри. Глејте само што за нас има напишано прононсираниот сурушоид, Гандолфо Волкановски: „Нивниот дух е изложен на настани и идеи, но тоа не ги предизвикува нивните рефлекси и рефлексии, како што ни кино-платната не мудруваат за значењето на дневните проекции“.

Њамко: Не копчам. Мада на стих личи, рефлексии-проекции... А да го даеме на анализа кај младите наци баналитичари?
Недко: Више-мање ти кажуе дека си празна тиква, табула раса, што би се рекло... Празно платно врз кое - ова више е моја слободна интерпретација - рујовистите прожектираат, да речеме...
Њамко: Абе збори ми у православни термини...

Лакташ: Иаме работа со педери и курви! Јасно ли ти е сеа, Њамко?! Ај комуњари, доволно е ниско, ама и педерана?! Ја вака ко расен ждребац што јавал толку кобилчиња колку што вие тројцата, опаки колеги, не сте виделе у живот, на куп...
Недко: У Аскот, на купот, иам глеано доста џокејџиња, па и кобилчиња, меѓу другото и сас шеширчиња, ха...
Лакташ: Не ме прекинувај, Солаков-Бербатов, поентата ми беше јасна: ја, значи, ко расен фраер, не поднесуем педери и курви! Појасно ли е сеа?!
Њамко: Јасно, шефе. Сè е тоа дегенерирано, од бога остаено. Мада, во принцип, бог не би требало да остаа, а? Да нè остава да им ги зафрљачуеме камењата у курвинско-педерските тимби?! Абе ќе остаа! Господ со нас ќе се радува ко ќе го истребиме џганот!
Сомиќ-Содиќ: И дрогаши се, плус... Да се само педери и курви, ај некако... Ама дрогаши господ органски не поднесуе...

Недко: Чекај, бе, Сомиќ, господ не е организам, да те ебам, за „органски да не поднесуе“... Штавише, он е, ко што ограничено знам (мада знам многу) креатор на светот, заклучно со педери, хермафродити, трансексуалци итн. Коа он ги дозволил, што па ние би ги затепуеле?!
Лакташ: Ради народ слободно да дише, т.е., меѓу нас речено, ради пресветлиот Рујо, т.е., приближете се уште малку да ви шепнам, ради власта, бе, млитавци! Ради пропа-гадната сама! Милост ми покажуел спрема педеришта! Ај, Недко, тргни ми се пред бистар заводнички поглед на пет минути, да се смирам...
Њамко: Не се нервирај, шефе. Одма после Рујо, тебе највише те сакаме. Трепкаме пред твоето шармерско око. Зашто си најголем фраер и заводник. Те сакаме заедно со сите непрегледни кобилчиња што пасат по непрегледните зелени ливади на Макетонија, т.е. на Рујо, со твојта слика во срцето...
Лакташ: Ме заебааш, Њамко, или стварно толку ме сакате? Ја толку вдахновена поетска фигура, ливади, коњи, поила, би употребил само за пресветлиот Рујо, ама ако ми покажуеш поштовање со метафора - примам.

Чавката: До кај стигнавте со списокот на предавниците? Курви, педери и дрогаши... Не е ваљда дека се само толку, непријателите на макетонскиот народ?!
Њамко: И љубовниците на Бакојани. Најгадна сорта. И педер ми е помил од љубовниците на Бакојани размножени по скопските колумњарски гнезда. За Фрчле знам сигурно дека е љубовник, се збори и за Рушко... Предлагам и грчко-српските шпиунчишта да ги развалуеме ко дете ѕвечка, ко Хогар Страшниот бедем... Грчко-српско-руските инсталации...
Лакташ: Кх, кх, кх... (поткашлува) Да не се радикализираме до толку, Њамко! Да се задржиме на најодвратните амерички шпиунчишта! Таа сорта е најхорор! И таа сорта не е од бога! Кажи, Недко!
Недко: Не, таа сорта е од вонземјани. Знам сигурно. И со Донски-Македонски многу сме расправале за тоа. Оставени се овде ко пирамида сред поле. Со опашите под гаќи. А некои и со опашите скриени во огромните педерски чмарови, наменети за окот на алиени кои сакаат нас мирно-православните да нè набутаат у оков! Они се, еврејско-американскиот шљам, уствари наследници на страшно важниот ариевски народ на гмазовите. Мада Америка е дегенерирана во тоа мелтинг потот, гмазовите сè уште го владеат светот. Уствари, не прекинале да го владеат, откоа беа искрцани од свемирците, на една охридска ливада, Лихнидос, кајшто подоцна е подигнат Соломоновиот храм Света Софија итн.

Чавката: Соросоидите, американоидите, европоидите, мамичето да им го светнам! Голи да ги соблечеме и по газот да ги исплескаме, дур не се појават опашите! После - на клада!
Сомиќ-Содиќ: Педери, курви, дрогаши, соросоиди, американоиди, европоиди и љубовниците на Бакојани (читај: Фрчле) - досеа се влезени на списокот. Уште некој?!
Лакташ: Колумњарите ги запиша?
Њамко: И атеистите, нив би ги затепуел ко фоки со безбол палка. Без бол, ха ха ха! А излезат на плоштад да мрчат, нејќу ова нејќу она Солун е ваш - вади дисциплинската палка! А, Лакташ?! Они тебе „Не сум со Сител“! Со сите сум, бе! Со народ! Со Рујо!
Сомиќ-Содиќ: Знаеш, значи, Њамко, да запалиш народ, векот да си го ебеш! Еве трнци ми поминаа по кожа, ко во Кабаре коа ја глеав таа прекрасната песна на младите во пивницата... И коа народ почна да стануе, трогнат, политички обединет...

Њамко: Него како! А ми промрчи слобода толеранција Рујо бил ваков-онаков - бам со палката у глаа! У сред празната тимба! Не се дише више у градов од атеисти, педери, курви и дрогаши... Цркви ќе ми рушеле! Безбожништво ќе ширеле! Лакташ на џамијата му да ве надене, ха ха ха!
Лакташ: Па и шиптариве не се цвеќе за мирисање, не?! Башка Косово--мосово, не?! Капирате?! Американоиди, а, ха, ха?!
Чавката: На крај со нив. Прво со предавнициве и изродиве. Знае што праи малиот-црниот-милостивиот Рујо, остај ти... Шипците у гета, сеа за сеа...
Недко: А добро бе, ако нè обвинат за распируење расна, верска, етничка итн. омраза?! Што де факто праиме, ама едно е да праиш, друго е да се чешаш, не?! Капирате?!
Лакташ: Кој да нè обвини?! Тој што обвинува шири омраза кон нашата чиста и непогрешива раса! Секоаш ја иаме заеб-петљата! „Кажи-кажи, како рече Лакташ? Шипците у гета? Аха! Значи, викаш ’шипците у гета!’ Мамичето твое! Па и ако рекол - не се повторуе!“ Капирате ли, бе, млитавци?! Капирате ли дека никој не може на стоката да и’ застане на пат, зашто силата е космичка законитост!
Недко: Капирам. Заеб-петљата праи бескрајна низа... Ние ќе владееме со Макетонија ко гмазовите што владеат со Америка...
Њамко: Го копчам и ја интелигентниот Лакташ: нам на пат може да ни застане само сељак поголем од нас, само стока покрупна од нас - а такво нешто нема во Макетонија, потврдуем.
Лакташ: Значи, непобедиви сме!
Недко: И ненадебиви.

Слични содржини

Пандалф Вулкански
Крст [к:3]
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Општество / Став / Историја

ОкоБоли главаВицФото